Now that's just rude. Ова е исто со „мора да знајш како прај ова да се осеќам инаку е навредливо“ и „едуцирај се“, ама кога некој праша да разјасниш за да разбери - едноставно не го прајш то. Ако сакаш некој да разбери шо пласираш, во дискусија, не му велиш „чек јоурселф и едуцирај се“ туку дискутираш поткрепено со факти. Во случајов, еве стави дефиницијата, шо кошта да ја објасниш ако некој ти вели дека не е доволно јасна? Ова не е само за тебе, туку и општо за сите. Треба малку да влезиме со разбирање како гледа другата страна за да можиме да пласираме и својата и то да се смета за конструктивна дискусија. Во случајов, лично, сметам дека судирот е зошто едните зборувате исклучиво за биолошки аспект и го игнорирате родовото определување и обратно, другата страна става преголем акцент на родово определување и целосно го занемарува биолошкиот аспект. Пример, транс жена во спорт пак помина машки пубертет и то прај промени на телото кои даваат не фер предност во дадениот спорт. Но исто така транс жена е „доволно“ жена за да користи женски тоалет особено после транзиција.
Јас успеав да ти дадам сложена дефиниција која замисли не е кружна. Зошто ти не можеш да дадеш линеарна дефиниција за род жена?
Не им потпаѓај на нивните очигледни лаги. Како што кажав, поимот кружна дефиниција е лесно разбирлив и знаат што значи. Проблемот е што не сакаат жена да е кружна дефиниција. А тоа е тотално различна дискусија од нивните бедни обиди да се прават мутави дека не било доволно јасно.
Малце не ја разбираш дискусијата. Јас не ја смислив таа дефиниција. Јас ти ја соопштив дефиницијата која е прифатена од развиеното општество денес. Ни јас ни ти немаме право да си смислиме дефиниции за зборовите. Тоа е заедничка работа на целото општествто. Не можам да дадам линеарна дефиниција бидејќи не постои (не дека не можам да смислам). Твојата дефиниција постои само за полот. Жена (како род) е секој човек кој има родов идентитет жена, односно се идентификува така. Кружна дефиниција е бидејќи го користи истиот збор за да го дефинира терминот. Ова е резултат на тоа што не постои заедничка каракетирстика за жените (и мажите) што важи за 100% од припадниците на овој род. Да имаше, тогаш дефиницијата би била обична и би ја користело таа карактеристика за да го дефинира родот.
Аа е ок тогаш Не се чудете што губите поддршка кога си терате по рандом измислени дефиниции Битно матка знаеме дека е орган за раѓање и дека им треба под хитно на транс жените џоа бубрег.
Тачно. Ама тој што ги измислувал дефинициите гледал таа дефиниција да е конструктивна, концизна и кратко и јасно да даде претстава што значи некој збор без притоа да го користи самиот збор.
Не, пак го игнорираш постоењето на кружни дефиниции. Не се кружните дефиниции грешни или нејасни, ко што ти мислиш, туку некои работи невозможно е да се дефинираат на различен начин.
И да. И не. Искуствата во патријархален свет на повеќето жени е доста сличен, па чак и ист. Стравовите кои ги имаме не идат од неоснована параноја туку се базирани на искуство кое го носиме од пред да влезиме во пубертет. И никој кој е биолошки маж и не поминал низ истото, вервај среќни сте, ама то и прај да сте неспособни да разберите кое е нашето искуство. Сите сме различни ама искуствата ни се многу, многу слични. Од друга страна, верувам дека искуствата на транс жените се исто така блиски меѓусебе, сигурно транзитирање не е лесно и искуствата кои идат со него - како и општествен притисок така и самата транзиција и промените на хормони. Така да не, жена не е „кружна дефиниција“. Дури и бордерлајн навредливо е.
Возможно е. Кружните дефиниции не објаснуваат ништо. Не можеш да кажеш жена е жена. Или маж е маж. Ова и не е дефиниција.
Сепак тоа не можеш да го гарантираш за 100% од жените. Има и одреден број на жени денес кои им се допаѓа патријархатот и го поддржуваат. Не го кажав тоа. Дефиницијата е „човек со родов идентитет маж/жена“.
Ај нека е така. Нема заради една кружна дефиниција што да се пикаат во соблекувални и спортови. И да рекламираат тампони ко у гз да ги пикаме ние тампоните
Ништо не можиш 100% да заокружиш. То би било лудост. Дури и жени кои им се допаѓа патријархатот не значи дека не се жртви на истиот оти на ист третман сите реагираме различно. Ама едно не е спорно - да прашаш жена за рано детство, адолесценција и очекувања од општеството за неа, та ќе ги има скоро истите работи и искуства да ги сподели. Погледот кон нив можи да е различен, ама сетот на искуства е тој. Исто како шо транс лица имаат свој сет искуства само ради моментот на родова неусогласеност и транзиција. То е уникатно искуство шо сите транс лица го делат и пример јас не можам да го разберам на подлабоко ниво оти не сум го осетила. Ова паралела чисто за подобро разбирање.
Го потценуваш бројот на жени во светот. Гарант да прашаш жена од Авганистан и жена од тука воопшто нема да го имаат истиот сет на искуства.
Јас ја замислувам целава ситуација како обичен смртник и имам едно прашање. Одиш во кафич, нормално во женското ВЦ нема шоља за од стоење да мочаш. Влегува транс жена (небитно што има патлак и нормално без никаков срам го топори таму пред жени, пошто нели и тој е жена), почнува агресивно да се однесува и крши внатре оти е дискриминиран(а) пошто нема шоља/школка за мочање. Кој е тука крив?
Сигурен си? Разлика би била интензитетот која та една жена од Авганистан ќе ги почувстува тие искуства и срцето ми е со тие жени. Пошто иако во многу ситуации сум во привилегирана ситуација и сум среќна ради то, пак доволно сум осетила „полесно“ како е и срце ми се кини за „полесно“, а не па за ситуации кои се „потешки“, како искуствата на жени на близок исток на пример. Еве поткрепено и со пример. Сексуализација на женско тело го има и кај нас, и Америка и Авганистан. Силовање има и кај нас и Америка и Авганистан. Фемициди има и кај нас и Америка и Авганистан. Ова е универзално. Интензитетот на кој една жена го искусува ова е индивидуално и колку можи да се бори против ова е индивидуално. Исто и со општествените притисоци. Околу нив јас тука можам да одберам многу работи за себе, ама ете жената од Авганистан не можи. И е во многу по незавидна позиција. Ама коренот зошто се случва нешто е тој. Ама морам да кажам дека ова е и офтопик. Ама скроз можи да се отвори тема за искуства на жени во патријархален свет. Зато тука и ќе преќинам со ова конкретно.
Ситуацијава ти е скроз нерелевантна, баш вчера читав дека сите требало седечки да мочаат, стоечки било погрешно. Оти за здравјето се работи. @CameliaMiller да каже нешто на темава, дали лажни вести сум читала . Гледам ќе го обереме бостанот и жени, и лгб од ова Т, ама ај, времето ќе покаже
Dobro se izvinuvam i ce prenesam po lokalive da demontiraat skolkite za prostum mocanje, ce go dadam kako ideja, ne sakam da insistiram i da me natepaat