Крива си е транс жената. Исто како и останатите жени кои го користат вецето, ќе ги користи тоалетните шолји за мочање. Работата е сите жени да бидат третирани еднакво.
Има една дефиниција за жена и таа се базира на биолошки карактеристики, не како некој сЕ чУвСтВуВа. Останатото е само наметнување и туркање на измишљотини наречени родов идентитет. Како што знаеме што е мачка, што е куче, како изгледаат тие животни, така знаеме и што е маж а што е жена. Толку, тука е крајот на муабетот.
Бро, што мислиш дека се случува во женско ВЦ, не си ги покажуваме половите органи ние. Ко друго, сценариото ти е премногу специфично за да биде релевантно во дискусијата, мислам цел фиктивен лик во приказна смисли.
Соблекувални и спортови треба да останат по пол а не по чувство, зошто многу злоупотреби ќе има ако одиме на карта чувства. И престанете веќе со тие 100 родови, пресмешно е воопшто да се спомнат тие измишљотини не пак да се води цела дискусија за нив.
I mean... да, се. Затоа што никој не контролира кој влегува и излегува од одредено ВЦ. Затоа што нема да знаеш кој го користи ВЦто до тебе. Веќе користат женско ВЦ. И така...
За раса не знам. Ама имаш стотици секакви психолошки пореметувања. Некои се убедени дека се животни, други дека патуваат низ времето или виделе вонземјани, трети имаат имагинарни пријатели, четврти веруваат дека нивната нога треба да се ампутира. И анорексијата е психолошки проблем. Зошто они примаат терапија за да се намалат симптомите, а кај транс нема никаква помош освен хормони и операција то ест дополнително манифестирање на симптомите?
Океј од Judge Judy, на Dr. Phil сценарио прејдовме сега. Стварно не допринесувате никако со примери ко: Што ако некој се декларира ко телевизор?
Леле на глас се изнасмеав, како бе ви текнуваат работи што никогаш никаде не се случиле само за да измислите поента? Операцијата и хормоните спаѓаат во терапија и не ги манифестираат дополително симптомите кога квалитетот на живот се подобрува. Секако има и психолошка терапија.
Jas ce se smem ironicno ko ce kvicite vie istite poradi vakvi banalni raboti i izmiskuvate pak topla voda
А се пробува прво да се намали чувството на дисфорија или директ на хормони се иде после дијагноза? Оти со најголем дел од психолошките состојби и пореметувања се гледа да се намалат симптомите, не се делува "во согласност" со нив, ако сфаќаш што сакам да кажам.
Бидејќи не е исто родова дисфорија и било кое друго пореметување. Не знам како ставаш еден куп нарушувања во ист ќош кога секое си е посебна приказна. За ова конкретно е одлучено дека gender affirming care е соодветна терапија. Конверзиони терапии постоеле и уште постојат ама до сега се увидело дека баш и не делуваат. А цел процес на добивање дијагноза, хормони и операција е предолг и трае со години, имаш милион искуства по интернетов. Не дека одат на лекар и за пет минути сечат органи. Секако, тој пристап не е правилен.
Неусогласеноста на полот со родот, денес не е психолошко пореметување ниту состојба. Појма немам за какви симптоми и дијагнози зборите. Ова почнува на рамноземјашка теорија да личи. Земјата е рамна, ако мислиш дека е рамна. Толку.
Родова дисфорија и body integrity disorder пример Зашто на вториве им се намалуваат симптомите а на првите операција и хормони?