Па за почеток, колкав е % на луѓе што сакаат да си исечат рака? Доволно голем за да претставува тема на дебата или премногу редок? Втора работа, иако се слични различно се манифестираат. Претпоставувам дека тој што сака да му исечат нога нема да застане таму и нема да дојде до точка кога ќе рече во ред сега сум задоволен. Од друга страна, транс луѓето кои го поминале цел процес на транзиција можат да живеат нормални животи без да се самоуништиваат и да се доведуваат до состојба на парализа. Имаат заеднички појдовни точки ама не се исти.
И бројот на реалните транс лица кои свесно и согласно одат на терапија и операција е многу многу мал. Голем дел се автогинофилични мажи, деца што од 3 години им залепиле дијагноза или луѓе што касно сфатиле дека се геј, а не транс. Дури и кај Џес, транс девојчето колку и да изгледа дека е убедена дека знае што прави и стварно си личи на девојка, кога слушнав некои изјави на мајката, онака ми дојде малце, бљак. Сфаќаш дека може самата на грозен начин да има умешано прсти у целава работа. Интересно е и како кога се работи за жртви на насилство (макар и само психичко) зборуваме за геслајтинг и како насилникот може да ја изманипулира жртвата до степен да не знае дека тоа што ѝ се случува е лошо. И ова пази, возрасни луѓе. Ама за дете од 3 години не можело да го манипулираш, само си одлучило. И да можда не е насилство ова како другото ама е манипулација. А ако не се согласуваш дека треба деца да транзитираат, епа баш благодарение на тоа што деца лесно се замајуваат, бројот на транс лица изгледа огромен и ти се чини огромен.
Да, бидејќи ние тука тврдиме дека дете од 3 години не може да е изманипулирано и дека нема случаи на погрешна дијагноза. Ама дека се сите такви, не се. Темава веќе се сведува на измислени примери и претпоставки.
Кој/а е Џес и што кажала мајката? Малку контекст ако може, пошто не сите знаеме са сите случаи и вака нафрлено фали поента.
Jazz Jennings. Транс девојка е и целата сторија за нејзината транзиција ја има на јутуб. Има едно постаро видео кај што наводно уште на 6 години тврди дека е девојче и дека сака да носи фустани па има видео како ѝ е собата украсена како за девојче. Мајкава вика дека Џес уште на 2 години кога почнала да носи фустани, дошла кај мајка ѝ и ѝ рекла мамо дали јас сум девојче, мајкава рекла да, и од тогаш почнала самата да ја расте така. Наводно Џес рекла исто на 2 години дека "сака да дојде самовилата и нејзиниот пенис да го претвори во вагина" Мајкава исто ѝ велела дека мора да го користи дилаторот за проширување на раната доле, то ест ја терала упорно. На 2 години јас не знаев дека постојам ама ок.
Значи тој психијатар кај што оди детето не му вика ајде еве одма ќе идеш на операција, туку по правило прв пристап е чисто прифаќање и поддршка. И не се трча одма на хормони, пак и за тоа се чека или не се ни даваат ако таа родова дисфорија не предизвикува значително нарушен квалитет на живот. Истото важи и за операција. Тоа што има изолирани случаи на насилство не значи дека сите родители се монструми што намерно си ги осакатуваат децата.
Да беше така немаше да биде толку голем бројот на "транс" луѓето. А има и голем број случаи кај што хормони на лепе очи се даваат за да не биде докторот етикетиран ко трансфоб, не знам зашто те изненадува.
Шо ја? Прв пат слушам Макар ако личноста која има пенис не знае да центрира добро, препорачливо е да седне од хигиенски причини За последната реченица - и мене така ми мириса.
И јас не гледам причина брадест мушки батко да не си влезе во машка соблекувална. Како ќе биде вознемирен и/или нападнат таму?
Искрено, валидна критика е да се каже дека ЛГБ(Т) заедницата самата не знае да дефинира што значи да си транс и мисли дека секој личен интерес може да биде род, и тоа се со цел да излезат као да прифаќаат транс лица и така самите себе се бунат што мислат дека пошто сакаат машка/женска облека се транс... Потоа имаме родители (нели од Америка се примериве) кои се као вау, јас ќе покажам колку сум либерален и ќе прифатам дека моето дете е транс пошто носи фустани без ни малку критички да размислам и потоа други родители на интернет ќе аплаудираат, секоја чест на родителот што е толку прифатлив, затоа што нели, многу е битно да сме либерални. Некој зачаран круг ми е ова кој само повеќе штета прави... Но, далеку од тоа дека бројот на деца на кои им е форсирана лепенка е помоглем од actual возрасни транс луѓе кои имаат дисфорија.
Референца кон последниот пасус -во 2022, 70% повеќе транс деца отколку во 2020. Податок од Америка. Бројот на екшуал возрасни не е познат, се се базира на естимации.
Стигна ли Америка до брејкинг поинт ради Т во ЛГБТ и небулозното туркање на ,,се што лета се се јаде,,? И имаат ли врска парите? https://abcnews.go.com/US/wireStory/pride-minefield-big-companies-continue-support-99832025
Не сфаќам ова за хормоните, сум чул нешто ама не знам. Се дава естроген на женски или на машки? И за тестостерон исто. Или има и други хормони? Мислам, какви хормони и на кој пол се даваат?
Нормално дека имаат врска парите. Ама Т-то да, помина брејкинг поинт, не знам колку сето ќе афектира европско тло, ама на овие ич не им верувам генерално, сами себе се 20+ години се дрогираат легално, лечат деца со молитви... зошто и не би бирале сами џендер за детето.
Со Европа, постои ризик од задоцнета реакција, ако им е прекипена чашата на американците, негде во Европа уште има време за полнење на истата. Да се разбереме, Македонија е надвор од сите текови, освен малверзации за пари, импактот врз популацијата не се креира локално, се креира од амерички биг-теч контент. Ние, во другиве јазични групи, кајшто не збориме на англиски од бебиња- тоа е сеуште непознаница. Можам само да се надевам дека за 5 години од сега ќе биде надминат тренд, ама не можам да бидам сигурна. А колку време траеше хајпот на mee too уствари?
Estrogeni se zenski hormoni a androgeni maski. Nastrana seta zloupotreba na menuvanje pol seriozno naivno razmisluvanje e da se vodi nekoj po emocii, duri nakaj retardirano, mu teknalo na nekoj zensko/masko da bide toa sto zdravjeto pod rizik go stava, nikomu nisto a vistinata e deka ima mnogu potencijalni posledici i fizicki i psihicki. I na ovie sto poddrzuvaat trans ne mozam pametot da im go meram, u princip lugjevo se mnogu needucirani, empatijata e komplementarna so adekvatna edukacija, edno bez drugo nema celosna vrednost.