Здраво девојчиња. Често зборуваме во темата вештачко оплодување за трасфер со замрзнати ембриони - постапка, терапија, успешност, цена, доктор. Мислам дека е убаво да се има посебна тема за ова. На сите ќе биде полесно да пребаруваме, да споделуваме и да читаме за претходни искуства. Моето искуство е следното. Имавме замрзнати ембриони од ИВФ кое го правевме во декември. Замрзнати беа на 3 ден. После ИВФ постапката, докторот ме советуваше да имаме еден месец пауза. Повторно правев скречинг на 24 ден од циклус и следниот почнавме. Терапијата ми почна од 2 ден на циклус со по 3*2 естрофема првите 4 дена, а после 4*2 до денот на трансфер. Во постапката имав едно ехо на 12 ден и докторот одма ми закажа трансфер за после 3 дена, значи на 15 ден имав трансфер. На денот кога закажавме трансфер ми даде декортин 2*1 на ден, кринон гел, клексани и ден пред трансфер прогестерон депо. Ендометриумот на 12 ден ми беше веќе 9мм и докторот сметаше дека е одлично и не треба да се чека повеќе. Терапија после трансфер - декортин 2*1, естрофем 4*3, кринон гел, прогестерон депо 1 на 4 дена и клексани. Во целиот процес пред постапката и за време на истата ја пијам следната витамиска терапија - метилирана фолна 2*1мг, б комплекс 2*1, Б6, Б12, вит Д, мака и ку10 (после заменети со овунорм). Пијам и витамин Ц 1000. Препишан ми беше и аспирин, ама престанав да го пијам кога имав крварење, а и ми го иритира желудникот. Сега сум во мисла дали да продолжам да го пијам. ПС. Мој доктор е Митко Ивановски. Кој има прашања, тука сум.
Клексан примаш уште? Ако примаш мислам аспиринот може да се испушти (во консултација со лекар секако)
Клексан боцкам да. По истата логика се водев и јас. Ќе почнам пак од утре до контрола, па ќе се консултирам на контрола.
Еве вака и јас да го споделам моето искуство. Втото ивф со замрзнати ембриони за второ дете - 13 ден бхцг 162. Терапија слична ко што пиша кукла без клексани и немав направено скречинг. Постапката е стварно гола вода,воопшто нема малтретирање со боцки секој ден , пункција и сл. Е сега морам да кажам дека мое мислење во врска со двете недели одмарање е следната. Значи керката е скоро две години , си идам од трансфер морам скали да качувам пеш 4 спрат,плус она си сака внимание да ја крениш и слично. Домашните обврски мора сама да си ги завршувам , воопшто не пазев а и не можев , си мислев ако треба да биде ке биде јас ако лежам нема нешто да сменам. Си размислував како оние кои се природно останати тие две недели се баш активни,имав пример братучеда вежба орбитрек,стомачни прави диети држи а уствари бремена,па фала богу си ја истера бременоста . Значи мое мислење е да правите како што се чувствувате,воопшто да не се оптеретувате со тоа лежење. Две недели исчекување се нај тешки,се изначитав и по наши и по странски форуми дека одмарањето нема врска,ембрионот нема шанси да "испадне" па макар се возиш и во авион- едноставно имајте нормален живот.Никако немојте грижа на совест леле како седнав,како станав,како требаше да лежам,значи како ви одговара така .Тоа е моето мислење и моето искуство . Поздрав !
@kukla21 koja melirana ja zimase ti? Mi se cini dosta pojaka dozava. Jas pijam kardiovitamin 1x1 i neofolik 1x1 ama i dvete se so po 400mg metilirana
Порачувам од тука https://www.lifeextensioneurope.com/optimized-folate-l-methylfolate-1000-mcg-100-vegetarian-tablets
имам и такви и такви. Веќе незнам која што беше откако решив да не се замарам. Елена Петковиќ. Она ми рече 5мг, а гинекологот ми смени на 2*1мг.
И јас имам позитивно искуство од трансфер со смрзнати ембриони. Прво ИВФ и завршив со хиперстимулација заради полицистичните јајници. Наредниот месец одма одевме на траснфер на смрзнати ембриони. Бетата на 14 ден беше 675. Од тој трансфер сега имам едногодишен син. Постапката ја правев во Ремедика кај Димитров. Стимулацијата беше со 4 пурегони дневно. Извадија 18 јајце клетки. од нив 6 смрзнаа како јајце клетки, а 12 оде ана оплодување. Од нив 6 стигнаа до бластоцисти. Три одмрзнавме, а две вративме. Како што си пишав од тој траснфер се роди мојот син. При постапката примав аспирин 100 и фолан од 0,4. Ова заради хетерозигтона мутација на мтхфр. Во бременост од 13 недела натаму примав клексан покрај аспиринот. Исто така примав при стимулацијата и метформин 1000 милиграми заради полицистичните јајници (ова го пиев скоро година дена претходно) и внимавав да не внесувам шеќери во исхрана неколку месеци пред тоа. За трансфер не примав скоро ништо освен прогестеронска поддршка, аспирин, фолна и метформин. чекавме природно да пукне фоликулот (не примив дури ни прегнил). Од овулација до трансфер пиев Дабростон, а по трансфер плус и Утрогестан насабајле и навечер од 200. Сега си се мислам кога да одам по другите емриончиња за второ дете. Со среќа на сите и ако ијмате прашања слободно прашувајте.
За хетерозиготната мутација на мтхфр пиеше обична фолна или метилирана? Која прогестеронска подршка ја користеше? Голем поздрав
Epa transfuziologot rece 1x1 kardiovitamin (toj ima 400mikrogr), a lazarevski mi rece 2x1 neofolik pa jas si gi iskombinirav. A dimotrov pa mi rece dosta e i po edno apce od bilo koi na den
Eta за хетерозиготна мутација пиев обична фолна не метилирана. Од прогестеронска поддршка примав Дабростон и Утрогестан.
Платив 34000 денари за ембрионите и јајце клетките за чување до 5 години. За трансфер не знам колку се плаќа бидејќи мене трансферот ми беше покриен со ваучерот од фондот зашто ми беше прв трансфер.
Еве го мојот прв криотрансфер,кој за жал беше неуспешен.Почнав со циклопрогинова,и од 21 ден со супрефакт.Кога ми дојде започнав со естрофем 2х2 мислам до пети ден,па после 2х3.Неколку пати бев на контрола на ехо,ендометриумот си тераше во ред.Десетина дена пред трансфер почнав со клексан еднаш во денот,а пет дена пред трансфер додадовме и пролутекс,утрогестан 3х1,декортин 1х1,бускопан 2х1.Фемибионот,метилираната фолна,б12 и б6 си ги пијам неколку месеци,па ги продолжив само.Седумнаести ден одприлика мислам беше трансферот.Две ембриончиња замрзнати на трети ден.На ден на трансфер,сабајлето ги испив бускопанот двете апчиња едно кога станав,едно по пат,декортинот,и пролутексот пред тргање,а утрогестан не ставив,тогаш туку после трансферот дома.Со декортинот по едно си продолжив цело време,бускопанот само два дена,клексанот исто по една на ден,пролутексот ги заменив со прогестерон депо на 4дена.Првите два дена главоболки ме убија и повракав дури,после тоа супер се осекав,повремено слаби болки во стомак и многу гасови.На 14 ти ден бета помала од два .И чудно после тестот ни стомак ме боли ни ништо .Значи се е на психичка база,мислев опуштена бев ама ете не сум била.Тоа е тоа,ке ми даде Господ и мене еден дене бебулиња убави здрави.Дотогаш нека ми даде сила и памет како да се борам.Имаме уште 4 ембриони,две на трет ден,две на пети ден.