Без гајле. Немав ни јас супресија, а секогаш сум имала по 10тина антрални фоликули. Мислам до праксата на докторот е.
Колку дена пред трансфер почнавте со пролутекс? Јас си гледав што сум запишала од претходните пати, некогаш на ден на трснсфер некогаш 1 ден порано.
Јас не боцкав пролутекс. Почнав со 1/2 депо пред трансфер, па после ми зголеми докторот на 1 на 4 дена бидејќи имав кафен исцедок некаде кон 7 ден по трансфер.
И ја овој месец ќе почнам со ескимциве. Терапија имам само метформин,аспирин и фолна. Чекам да добијам и околу 10ти ден ба ехо.
Со среќа и со лесно. Мене на успешниот трансфер со смрзнатите таква ми беше терапијата. Скроз природно. По овлуација само дабростон, по трансфер плус и утрогестан. Со среќа и со лесно.
Димитров Ремедика. После трансфер одмарав првите три дена, ама не лежев по цел ден. На никој немавме кажано а маж ми беше на пат баш тие неколку дена. По трансфер дојдов дома со такси ама морав прво да одам до Аптека по Утрогестан. Купив утрогестан па си дојдов дома и легнав во полулежечка положба. Станав сто пати де до тоалет де да си стоплам јадење и слично. Вечерта се истуширав како и секој ден и во кревет. Следните два дена исто. Се изнагледав денска телевизија и едноставно тоа го сфатив како одмор од работа. Потоа дојде маж ми и на 4 ден прошетавме малку. Од седми ден тргнав на работа. Внимавав да внесувам повеќе овошје и зеленчук, а помалку леб и благо. Сега не знам како ќе биде. Не сум нешто дисциплинирана, јадам се, плус ќе треба трчање по детево. Ама како биде биде, ако сака да се фати секако ќе се фати.
мила јас примав прогестерон депо ден пред трансфер и така на секои четири дена по половина ампула боцкање и стандардна терапија плус... со лесно и мн среќа
Јас сум на 4х3 естрофеми, ама за среќа, пу да не се урочам, не осеќам некои тегоби, освен гадење и тоа ретко. Со среќа во постапката: Ја од денес пролутекс, утре ми е трансферот, за понатаму ќе видиме За исхрана после трансфер,ај пак да повториме Кафе - не Благо - не Газирано - не Дополнете што јадевте конкетно.
После трансфер сум со естрофем, аспирин 100 и премама и на 8 ден поцнав да чувствувам болка и подуеност на целиот стомак. Дали некоја од вас поле трансфер ѓи имала истите проблеми ?
Бидна мојот трансфер денес, ми вратија 2 ембриони. Сега во тоалет на бришње забележав малку крв, црвена свежа. Ова ми се нема случено до сега, што може да биде?