Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансфер со замрзнати ембриони

Дискусија во 'Бременост' започната од kukla21, 1 април 2017.

  1. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    На 22 ден од циклус примив Декапептил, овојпат докторот одлучи да примам една. Малку ми беше страв бидејќи така не е сосема иста терапијата како минатиот трансфер, но си реков си знае докторот што прави.
    Циклусот ми беше обилен и долг, крвавев можеби 10 дена, ендометриумот се направи жилетче.
    По инекцијата не ми беше некој најсупер период, недостатокот на естроген баш ме мавна силно. Нервозна, напната, со апетит како волк, надуена, крш... Пресреќна бев кога ми кажа дека почнувам со Естрофем, конечно да ми олесни малку.

    Од 14-ти ден од циклус почнав три дена со Естрофем 2×1, Аспирин, Фраксипарин 0,6. Потоа поголема доза Естрофем - 2×2 четири дена.
    На осмиот ден откако почнав со Естрофем, ми проверија Е2 и прогестерон, но не ни прашав колку се кога ми се јавија да ми кажат да ја терам терапијата како што сме се договориле (добри биле резултатите). Ендометриумот ми беше 10 мм и почнав со Пролутекс 1 ампула и со Утрогестан (1 наутро, 2 навечер).
    Три дена пред трансфер Декортин ×1 и два дена пред трансфер Бускопан 2×1.

    На ден на трансфер:
    - пред: 2 Бускопан, Декортин, Бруфен, Аспирин, 2 Естрофем, Пролутекс, Диазепам 5 mg, Атосибан венски 45 мин пред трансфер
    - по: Утрогестан 1 и пред спиење 2, Фраксипарин

    Првите два дена одмарав, гледав серии, читав, мм презеде сè околу малиот и дома, се грижеше и за мене. Не дека не станував, ама повеќе одмарав, убаво ми беше, како некој одмор ми дојде што си го заслужив и што не сум го зела 3 години.
    Потоа веќе продолжив да готвам за детето, да си играм со него, но внимавав да не го кревам и да немам некој напор.
    Генерално човек сум во движење, по цел ден на нога и со обврски, па веќе нерва ме фаќаше да сум само дома, после позитивниот тест излегов на прошетка, утредента отидов на пазар, веќе функционирам речиси нормално, само со внимавање.

    Во однос на терапијата, бев некако опуштена бидејќи еднаш се покажа како успешна, кај мене е проблем ендометриумот, неговата дебелина, поточно предебел станува и не оди природно, не може трансфери на природен циклус и сл., мора вака.

    Вчера, на 7 ден од трансфер, бетата ми беше 29,6.
     
    Последна измена: 2 октомври 2022
    На Fiorela*, marte^^, Cloverrrr и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Cestitiki!
    Me interesira, po sema do koga ke primas dekortin i koi dozi? Diazepam isto, do koga ti e vo sema, mojov doktor diazepamot ne go preferira bas, osven na den na transfer muskulno sto go primam, posle nemam vo sema, a maticnava vika nema nikakva steta diazepamot, odi vo semi za ivf, pa ne znam sto da kazam veke
     
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Декортин 5 дена по трансфер ×1, Диазепам 3 дена ×1 еден час пред спиење.
    И јас претходниот трансфер немав по шема Диазепам после трансфер, но најверојатно почнале да го даваат.
     
    На princess5 и Blondie715 им се допаѓа ова.
  4. *Mika

    *Mika Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски

    izvinete zosto se prima diaspem pred transfer?
     
  5. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Za opustanje na muskulaturata. Normalno i sme vozbudeni i podobro e da ne relaksiraat :)
     
    На *Mika му/ѝ се допаѓа ова.
  6. *Mika

    *Mika Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Dali e dozvoleno da pieme bez da se dogovarme so doktorot ?
     
  7. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Jas bi ti preporacala koga si vo proces na stimulacija ili transfer, nisto da ne zemas bez konsultacija
    A konkretno za diazepamot znam deka go davaat vo bremenost po potreba normalno i so konsultacija
     
    На *Mika му/ѝ се допаѓа ова.
  8. *Mika

    *Mika Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Blagodaram za odgovorot. Posledno embironce mi e, me faka panika nevidena nikade ne sum do transfer fali uste, a mene od sega mi se tresat nozete i srceto od emocii blagodaram uste ednas
     
    На tina2018 и Blondie715 им се допаѓа ова.
  9. Natali.Vud

    Natali.Vud Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки се подготвувам за трансфер со замрзнати ембриони.Последни ми се два на една сламака.Целата сум во паника.Но се што е во моја моќ,направив.Имав хистерскопија,остранивме септум.Сега имав скречинг и почнав со естоферм 3*2 таблетки.Имав до сега неуспшни трансфери на природен циклус.Овој пат одиме со докторот со стимулиран циклус. Пијам аспирин и металирана фолна.За понатаму незнам како ќе се одвива постапката.Чекам прва контрола.На сите Ви посакувам среќа и две цртки.Поздрав девојки.
     
    На Meckicja, Izzy_0504, Only1 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Only1

    Only1 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Во која болница ти се замрзнати.Мене никогаш не се ми кажале како се замрзнати.Јас имав 5,едно вратив беше неуспешно,сега имм уште 4.
     
    На Natali.Vud му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    2.581
    Пол:
    Женски
    Честитки женска:inlove:

    Потполно иста терапија од почеток до крај само без атосибан и бруфен и еве го бебувче 49 дена ми направи веќе :l:
    Трајковски?
     
    На _Vera_ и 0ли им се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Фала ти :f:
    Трајковски, да. :inlove:
    Сама си побарав пак Атосибан, сакав да биде како минатиот пат. Бруфен првпат ми ставија во шема.

    Големо да расте малото, радости само! :inlove:
     
    На _Vera_, Natali.Vud, princess5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Natali.Vud

    Natali.Vud Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Во Newborn ми се замрзнати.
     
    На Only1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Natali.Vud

    Natali.Vud Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    А
    Сакам да прашам во кој случај се користи Атосибан?Јас сум кај Хаџи Лега во исто во Newborn,па сакам да знам дали да барам такво нешто.
     
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Па не знам, Трајковски пред 3 години ми ја стави во шема, трет трансфер ми беше по ред. Не доаѓаше до имплантација кај мене, за смирување на матката ми ја ставија колку што знам. Имав успешен трансфер и затоа сега за второ дете кога правев трансфер, го потсетив да ја стави пак во шема. И пак ми е успешен трансферот, што не значи дека било до Атосибанот.
    Можеби сите чекори претходно низ годините што ги преземавме за да го решиме проблемот придонесоа за успех, но еве и ова како дел од шемата се погоди да биде дел од успешната приказна.
     
    На DaisyDream и Natali.Vud им се допаѓа ова.
  16. Natali.Vud

    Natali.Vud Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki,
    Da pisam i tuka bidejki temava e za transfer so zamrznati embrioni.Trebase deneska da imam transfer,no se odlozi poradi nizok progesteron.E sega vo terapija imav do 14 den 3*2 estoferm,a posle pocnav so crinone gel,dekortin,buskopan,faksipirin,aspirin.E dali e greskata sto kako podgotovka za transfer nemav proluteks inekcija neznam. Mnogu cudno mi stana zosto doktrot kako progesteronska podrska mi dade samo crinone gel. No toa e bidna sto bidna. Na site vi posakuvam sreka.
     
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Колку дена пред трансфер почна со прогестерон?

    Мене истиот ден пред да почнам со Пролутекс и со Утрогестан, сабајлето ми проверија Е2 и прогестерон.
    Ми јавија дека се добри резултатите и да почнам со прогестеронска поддршка што ми ја кажал докторот кога се видовме сабајлето.
     
    На Natali.Vud му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    @Natali.Vud Јас сум во Њуборн кај Трајковски.
    Знам дека сега ќе ти се вртат милион прашања, ќе ја преиспитуваш постапката, ќе споредуваш можеби со други како примале итн. Нормална реакција е, секако дека си разочарана што немаше трансфер. Знам како е да очекуваш да дојде моментот и те сфаќам како се чувствуваш.

    Сега за жал не може да се смени ништо, отиде можноста за трансфер овој циклус, но не се секирај, следниот месец ќе се направи како што треба.

    Од една страна подобро што е одложен, не е направен ради реда, а од друга страна сметам дека не е грешка што не примаше Пролутекс, туку грешка е што не ти провериле прогестерон пред да почнеш со Кринон.

    Сега нема што да се прави, но следниот пат потсети го да не ја направи истава грешка.
    Ме нервираат вакви пропусти, морам да признам. ]:)
     
    На Natali.Vud му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Natali.Vud

    Natali.Vud Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Jas devojce pocnav so crinone vo nedelata vecer 1*1. Od progesteron samo toa imav kako terapija.
     
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    На природен циклус беше планиран трансферот?
     
    На Natali.Vud му/ѝ се допаѓа ова.