Taka e podobro, se drugo e reklama na firmi, isti se i femibion, premama i dr slicni, osven sto femibionot se so metyl formi, ama vo mn mali dozi, sto za in vitro e mnogu mali dozi i podobro e poedinecno da se pijat
Епа првиот пат ми рекоа дека од кога се планира бременост треба да се почне со фемибион и да зе продолжи по триместри. Сега ништо само ми рекоа да не јадам многу јахлехидрати
Zavisno od potrebata. Preventivno 50 e dovolno. Jas pijam poveke zosto imam pokaceni anti tpo. Sekako najdobro so doktorot
Јас овие ги пијам по препорака на трансфузиологот како доволна доза на метилирана фолна и б12 за моите мутации (600 метилирана фолна и 4,5 мцг б12). https://zegin.com.mk/mk/4u-pregnatol-aktiv-folna-kiselina-vitamin-b12-30-kapsuli Само внимавај има и прегнатол актив мулти, тие се комплет како фемибион, се околу 750 денари и страшно смрдат. Јас ги купив по грешка, повратив од нив прв и единствен пат во бременоста и ене ги стојат дома.
Devojki vo sistina imam zamrznato 2 embrioni vo February treba da se javam dali ke prodolzam da gi cuvam e sega me interesira koja e cenata za edna godina?
Здраво Најпрво среќни празници и сите да си успееме да станеме мајки оваа година. Имам прашање за некоја што е со слична терапија пролутех 1, Циклопрогинова 3*1и клексан 1 плус витамини магнезиум, б6, метилиран б12 и метилирана фолна Правев трансфер со замрзнати ембриони, сега за сега е ок ме интересира до кога ја земате терапијата и кога започнавте на работа?
Здраво ...можеби прашањево не е за тука. Но ,ако некоја имала искуство вакво Ве молам да споделите...Какви се ризиците за бременост на 48 години.Прашувам за пријателка која остана бремена по природен пат,ама во поодминати години е и нема профил овде. Ова и втора бременост има едно детенце од 12 години ,ама второво се плаши да го износи и роди. Ја убедувам веќе 10 тина дена да го задржи плодот...Во суштина стравот кај неа е голем оти и извадија памет во приватниве клиники нејкам да ги пишувам кои ,оти бараше второ и трето мислење и и наолија мозок дека ова бременост ќе биде ризична за нејзиното здравје и живот...Женава нема никакви здравствени проблеми патем ,хормони ок, тироида ок, нема хронични болести,освен што понекад ќе се напие некој лек за смирување што според мене тоа не е ниту дијагноза во овој стрестен брз начин на живот...И споменале дека шеќерот можел да се поремети, породот ќе бил предвремен ,аномалии можело да има детето ,што според мене се ризик фактори и кај помлади жени...Јас лично родив помлада во 28 и 30 година ама кога се пораѓав имаше многу многу помлади жени со секакви потешкотии.Ама и ова не ја теши...дајте некој совет препорака кај кој лекар да ја пратам да ја охрабри. Ви благодарам однапред.
Koj se be tie pametnakovici sto I rekle taka ima zeni sto se zdravi pravi I na 40 god da rodat ova e ziva glupost sto I go rekle ako e se vo red so plodot I so nea zasto da abortira
40 i 48 ne e isto. Toa se veke poodminati godini. @Angel_G temava ne e za ova, malce e nevkusno vo tema kaj sto zeni se borat za dete da prasuvas vakvo nesto, ima druga tema za ova. Nejse, na prsti se brojat tie sto rodile na 50 god i toa najcesto se zeni sto lecele godini i godini sterilitet i gi prifakaat site rizici samo za da stanat majki. Vo ovoj slucaj ima edno dete, neka i e zivo i zdravo , neka ne odi so glava vo zid i neka gi slusa lekarite, tie znaat poveke od nie tuka laici.
Јас родив на 45 и планирам второ. Со среќа на другарката, има пренатален тест, ќе ја следат на ехо и се ќе биде во ред.
Ви благодарам на сите извинете што ви се вмешав во постот.Годинсвс нека ви биде бериќетна и да ви го донесе она што најмногу го сакате.
Ne ako e se vo red od medicinski aspect zasto da ne go rodi mislam na toa da ima uredna bremenost I ona e zdrava prava koja e poentata ako prenatalnite testovi pokazat oti se e vo red so plodot zasto da ne go rodi toa dete tuku da go abortira I ne ne e ni svesna kolku uteha dava na tie sto sakaat da ostanat bremeni oti se moze I na 48 god da se ostane prirodno bremena
А има индикации зошто така и' рекле докторите? Нешто виделе на ултразвук? Ако е се' во ред досега на прегледи, поради годините да си направи еден неинвазивен пренатален тест, и ако тој е во ред нека гали меше. Да и' е живо и здраво бепчето.
Здраво, дали има некоја што одела на акупунктура пред ембрио трансфер? Читам дека доста ги зголемува шансите за имплантација.
Здраво девојки, Имам еден замрзнат ембрион и планирам трансфер нареден месец. Испитав пап и брисеви пред 2 месеци. Сега планирам пак да испитам брисеви и плус хормони. Од витамини пијам само метилфолирана и метил B12, бидејќи имам мутација mthfr хетерозигот. Од искуство, што би препорачале да испитам друго? И што друго практикувате пред трансфер за зголемување на шансите? Ви благодарам многу.
Мислам ќе ти ги бараат во клиниката каде што ќе правите и инфективниот (хепатит, хив..) Јас последниов пат друго ништо посебно не практикував. Само позитивно и ти посакувам успех.