Па моментално примам 2х4 естрофем, аспирин преку еден ден, клексани секој ден, пролутекс, кринон. Од утре и дексаметразон бидејќи нема декортин и бускопан.... Се надевам не заборавив нешто. Надуеност веќе имам малку уште од првиот ден кога почнав со естрофем, некако стомаков доста ми реагира на нив.
Реакција на терапијата може секаква да имаш. Ако е нешто неподносливо, консултирај се со докторот. Со среќа и да биде успешен трансферот!
Здраво девојки, Испитав хормони на трет ден од циклус. И ова се резултатите: Пролактин: 28.6 (2.8-29.2) на горна граница TSH: 3.40 (0.35-5.50) Дали ова се добри резултати за да можам да правам трансфер со замрзнат ембрион (нареден циклус) или треба да ги регулирам прво хормоните со терапија? Матичната ми спомна дека TSH треба да биде помало од 2.5 за трансфер и ме упати да одам да испитам уште еднаш кај ендокринолог. Ве молам за ваши искуства или мислење. Ви благодарам многу!
Високи се и двете, најдобро е прво со ендокринолог да се видиш. Најверојатно ќе ти направат уште една проверка, па ќе ти дадат терапија да се симнат ако се повторно високи. Овие два може и на стрес да реагираат и да се во моментот вакви.
Ne rizikuvaj transfer so vakvi hormoni, uste ednas proveri po nedela dena, da ne e nesto momentalno, ako se potvrdat, ke ti dadat terapija
@Оли @Blondie715 @Kolumna @pepeb Ви благодарам многу за советите! Денес бев кај ендокринолог и ми рече дека TSH не сметало за трансфер, но може да влијае на развојот на ембионот. Оваа вредност 3.4 била висока, требало да биде помало од 1.6. Пролактинот бил во граница (иако горна) не било толку проблем, може да е моментално и се покачувал при стрес, бил променлив. Денес пак испитав хормони и ако пак TSH е високо ќе треба да примам терапија. Јас ова го испитав на своја рака. Докторот за ивф испитува прогестерон и естрадиол пред трансфер (на втор ден од циклус). Како вие знаевте дека треба да го испитате TSH? Дали ви беше тоа насочено од ивф докторот или имавте други пред услови заради кои испитувавте?
@Штркче Пред трансфери ги испитував сите хормони без никој да ми каже и така ивф докторот имаше увид и тој ми предложи да го намалам ТСХ со терапија пред да имам трансфер, а 2,5 ми беше. Кога така ми кажа, закажав кај ендокринолог и ден денес ме следи истиот, ми ја регулира терапијата пред трансфер за да се симне ТСХ под 2. Инаку, вообичаено го држиме околу 2,5. После спуштањето на ТСХ имав успешен трансфер, а и следниот ми беше успешен со вредност под 2. Пролактин секогаш ми беше под 10. За пролактинот консултирај се и со докторот за инвитро, без разлика на муабетот на ендокринологот.
Колку време примаше терапија за да се намали TSH пред да правиш трансфер? Дали и после успешниот трансфер продолжи со терапијата и проверка на TSH во текот на целата бременоста?
Во јуни-јули почнав со терапија и во септември имав трансфер. И после успешниот трансфер примав терапија, цела бременост и правев секој месец контрола на ТСХ со обична крвна слика, а на 2-3 месеци имав контрола и кај ендокринологот. Бевме договорени да ја побарам и порано ако забележам дека ТСХ се покачува. Но кај мене во бременост не се качува, напротив, се симнува. Со истата доза ми се движеше 0,5-0,9 до крај. Со терапија продолжив и после породување, но со доза којашто ми го држеше ТСХ 2,5. И пред вторава бременост го спуштивме под 2, редовно контроли правам секој месец да не рипне, но како и во првата, така и сега се спушти до околу 1 со истата доза од пред трансфер. Пак до крај ќе терам и продолжувам со терапија и после породување.
I jas na svoja raka. Sega posleden pat od koga bese neuspesen transferot, doktorot predlozi da se sledi tsh pred transferot i da se ispituva nekolku pati. I sega mi bese 3.0 i pak me stavi vo eutiroks. Znaci i on e svesen deka ovde moze da bide problemot sto nemav implantacija na blastocisti so dobar kvalitet. Estrofemot znae da go poremetuva tiroidnata porado pokacuvanje na e2. I zatoa pred pocnuvanje so terapija za transfer, se preporacuvapokacuvanje na dozata na tsh. Mojot primer e katastrofa da ti kazam iskreno. Jas vo tret den na ciklus, pred transfer ispitav (na svoja raka normalno) mi bese 3.5, pocnav so eutiroks, den pred transfer (2 deneli pienje 25ka eutiroks) mi bese 3.4 (voopsto ne mrdnase), i toa sve bese od estrofemot i poradi ne pokacuvanje na dozata na eutiroksot. I denot pred transfer mi go pokaci dozata na 50, ama mene transferot mi bese neuspesen. Od patalec ti e ova. Nemoj da pravis transfer pre dda go sredis tsh
@Оли @Kolumna Фала ви многу за советите Значи не баш така брзо се симнува TSH со терапија. Само одложувања ... и губење време @Kolumna а зошто тогаш правеше трансфер ако не се намалило TSH-то, како ивф докторот дозволил да отиде понатаму со трансфер? Мене тоа ме чуди зошто не даваат да го испитаме ако влијае на трансфер... А ова се смета за хипо или хипер? И што влијае на покачување на TSH-то?
Mislam deka bese propust od doktorot. Ne sum sigurna dali voopsto e propust. Endokrinologot mi rece nemalo potreba voopsto za terapija so takov tsh. Mnogu e konfuzno. No sledniot pat vekje nema da dozvolim eksperimenti
Знаете, сфатив дека докторите прво пробуваат со минимално менување на нештата, па ако успее океј. Ако е неуспешно, потоа одат постапно со додавање испитувања, терапии и сл. Знам дека на сите ни се брзало, сме сакале што побрзо да дојдеме до бременост, но ете така работат генерално. Терапија за ТСХ ми спомна дури за третиот трансфер, ете си велев зошто од првпат не ми даде и да сме посигурни дека сме решиле еден проблем, а не да ми отидат фира бластоцисти.
Jas se sto sum ispituvala generalno e na svoja raka. I mojot doktor sledi samo est i lh pred transfer, ali jas si proveruvam i tsh i prolaktin. I mnogu bitno lh i est ne se proveruva samo ednas (na vtor den) treba min 2 pati da se proverat. Estradiolot treba da e nad 100 i poveke, a LH pod 10 nekade na sredina na ciklus, za da imas dobra ovulacija. Ova se merni edinici spored labaratorija na Sistina. Ako odis so stop inekcija po pravilo treba progesteron da se proveri, e toa Sistina i bas dotkorite ne go proveruvaat, sto uzasno me nervira