Девојки,како е процедурата за трансфер со замрзнати ембриони од кога ќе се добие ваучер ... кога бев на преглед ми рече докторот кога ќе добиеш ваучер ќе дојдеш на втор ден од менс ... инаку имам ќеркичка 2ипол години од успешно ивф... при првиот обид две ми беа вратени бластоцисти , две замрзнавме.. сега читам се испитуват хормони? Се пие терапија ??
Па зависи како ке одлучи твојот доктор, меѓутоа најчесто се дава естрофем да ти ја здебели матката, и прогестерон вагиналети или инекции. Можеби ке ти даде и стоп инекција за да овулираш и после тоа трансвер зависи кој ден ти се замрзнати. Нешто слично на целосен циклус, само нема пункција. Се зависи од како ке реши твојот доктор за тебе и твојот случај. Како и да е, полесно е од ивф секако.
Девојки дали постои опција некои 2 до 3 месеци по ред на природен циклус да собирам и замрзнувам ембриони па потоа само за трансфер да се одмрзнат. Ин Витро кога правев имав само 3 јк од кои само 1 се оплоди. Ако има некоја членка со вакво или слично искуство може да ја сподели постапката и цената кој би била.
Сигурно дека може, меѓутоа би било доста скапо, ке треба да ти пунктираат една или две јајни клетки од природна овулација, па да ги оплодуваат, ако се се оплодат и развијат , да ги замрзнеш и тоа се така секој месец ке треба да го плакаш. Не знам, можеш се тоа во еден циклус со стимулации.
Јас сум имала слично искуство. Една пункција на природен циклус и уште 2 со модифициран (со мала терапија). Сепак и овие што ги правев на природен/модифициран циклус не сум ги правела ептен месец за месец. Сум имала слободен месец/и помеѓу пункциите. Тие пункции беа без анастезија и после речиси и да немаш никакви тегоби/болки. На пункција се вадеше по една јајце клетка и на крај се оплодуваше до бласто и се замрзнуваше. Само пункција (без анастезија) беше околу 18000 денари, но ова беше пред година дена. Сега може се покачени цените. Бидејќи и кај мене со долгите протоколи немаше сјаен резултат одев вака со природни/полуприродни циклуси. Плус да го искористам времето измеѓу додека се чекаше нешто
Brojam denovi za beta posle embriotransfer so zamrznati embrioni.Mnogu macno e cekanjevo i celo vreme da mislis dali ke bide ok i dali ke bide uspesen procesot.Ima nekoja od vas koja isto taka broj kako mene
Совет мој е првите денови одмарај, после продолжи со нормален живот и нема да се опседнуваш со тоа толку. Колку повеќе мислиш, толку повеќе стрес си правиш. Треба да си комплетно релаксирана и смирена. Со лесно и успех ти посакувам.
Devojki na koj den od ciklus vi bil napraven transfer na svezi embrioni? Mene mi bese na 16 den od ciklus mislam da ne e malku rano. Nesakam da se deprimiram. Vase iskustvo
И мене исто на 16.ден ми беа вратени 2 свежи ембриони. И беше успешен 1 ембрион. Сега ќе прави 3 години. Не се паничи уживај храни се здраво, и биди позитивна. Гледај си филмови серии и успешно .
Јас обично наоѓав во Берна Фарм во Чаир, ако можеш провери таму или побарај ги на телефон и прашај дали имаат. Сликата што ја испраќам подолу е скриншот од Google, пробај на бројот да видиш дали ќе ги добиеш
Nema prvo tuka ja pobarav. Na nekolku mesta mi rekoa moze da se naraca pa posle mi se prejavija nemalo deficitarni bile
Тогаш најдобро да го прашаш докторот да ти даде замена за овие. Знам дека имаше други наместо Декапептил, но не сум сигурна баш како беше името, можно да беше Триптофем, ама не ме фаќај за збор, најдобро да прашаш.
Jas imam doma nekolku, ne znam tocno kolku, ke ti gi poklonam, ali ne znam za koga ti trebaat, jas vo MKD ke bidam posle 10ti maj Imas zameni za decapeptyl, prasaj go doktorot
Mi treba za kjerkata. Ima dijagnoza predvremen pubertet i istite injekcii gi prima sekoj mesec. Megjutoa od klinika ni rekoa 2 meseci nema da gi imaat taka da mi trebaat epten itno. Bi si gi platila dokolku nekoja gi ima bidejkji se dosta skapi okolu 6000 denari e edna ama ke platam i 10000 ako treba samo da ja ima nekoja
Да ги побараш во Косово, Бугарија, Србија? Има и замена со исто дејство ама мора да ти одобри доктор.