Ја сум ОК, поспана до бескрај, ете тоа. мене 3 дневни ми вратија. Инаку моите циклуси се 24-26 дена ама не знам дали тоа има врска. Кај кој доктор и каде ќе правиш? Пак почнаа модриците од клексан да ми излегуваат бф,ама ја не е лето, па не се гледаат Ми даде боледување две недели, а и матичниот рече подобро дома до тест, а до тест вечност!
Ја сум кај Димитров,и само ми рече ехо на 12ти ден,друго ништо нит прашав нит ми кажа околу постапката. А ја по некој логика на нештата мислев дека така оди постапката
Јас утре сум на ехо на 8 ден од циклус, па ќе видиме кога ќе има трансфер, сега се боцкам со супрафакт, и естроферм 2x2
Само што се враќам од лекар, трансферот ќе биде наредна среда. Продолжувам со естрофем 3х2 и од петок утрогестан 3х200 мг и аспирин 100
Ајде и јас да пријавам трансфер за понеделник на 17 ден, бев на ехо на 8 ден ендометриумот беше 7,5 на 11 ден беше 11.5 сега докторот ми вика многу брзо пораснал, а ми закажа трансфер на 17 ден малку ме зачуди, ми даде утрогестан 3x2, аспирин пролутекс, фраксипирин, букоспан,аспирин 100
Bella.gk kaj koj doktor si? Gledam dosta terapija ti dal. Mene vcera mi bese 11 den i mi zakazaa na 20 den transfer.
Кај д-р Трајковки њуборн, истата терапија ми ја даде како и на првото инвитро, малку се зачудив ама не го прашав зошто иста постапка ја тераме и со замрзнати.
Како решил докторот така. Веројатно си има причина за тоа. Јас ни кога одев со стимулации ниту сега прашувам и се замарам со број на фоликули, дебелина на ендометиум и слично. Ако знам ќе читам по интернет и повеќе ќе се замарам, вака он нека му ја мисли за мене.
Само да си пишам ништо од трансферот. Не биле добри емнбриончињата по одмрзнување. Ќе пробаме по Нова Година пак со тоа што остана. Малку ми беше тешко сабајлево ама па овие беа бонус па не е ништо страшно. Најквалитетните ги вративме првиот пат и едно од нив сега се гушка со мене. На сите во постапка ептен многу среќа ја да го соберам малерот за вие да се радувате.
многу ми е жал ајде само храбро напред. Искрено јас од ова секогаш сум се плашела, дали ќе го преживеат одмрзнувањето... но штом имаш уште јајце клетки, ќе биде не се секирај. А кога ти кажуваат дека не преживеале? а тие кога ќе ги оплодуваат? не ми е позната оваа постапка, некако мислам дека сите само ембриони смрзнуваат, ама баш добро што си замрзнала и јајце клетки.