Здраво, здраво Би сакала да се вклучам во дискусијата за новиот ваучер со замрзнати ембриони. Летово собирав док за регуларен ваучер, па сосем случајно разбрав дека има новина и решив да аплицирам за него. Нормално никаде не знаеја точно да ми кажат што точно док треба и дали има нешто плус или минус од регуларната документација. Со малку среќа добив бр од некоја др од ФЗО што работи на одобрување на ваучерите па многу фино се ми објасни. Јас веќе имав извадено за мене док исто како и за регуларен ваучер, сите брисови, хормони, пап и сл. За сопругот само еден сперограм (таа рече дека втор нема потреба, а можеби ни првиов не требаше бидејќи не де користи нов материјал, ама ни беше изваден), потврда за замрзнати ембриони од болницата, моја лична изјава дека имам замрзнато, доколку се работи за второ дете, извод на родени и отпусно писмо од пораѓај. Еднаш ми вратија за дополнување со крвна слика и следно ми го одобрија. Ќе го споделам бројот од др се вика Јасмина, па доколку имате некои нејаснотии консултирајте се пред да испратите документи - 076 339-097. На сите Ви посакувам многу успех и две цртки! Поздрав и секое добро
Dali dokolku nemameee rodeno prvo detr moze da aplicirame samo za transfer za zamrznati i koi dokumenti treba da imamd dali treba se od pocetok ili dovolno e samo potvrdava i novite brisevi
Zdravo dali znaete kolku bi cinelo prefrlanje na embrioni od Remedika vo New Born? I kolku cini transferot na zamrznati momentalno vo New Born?
Здраво, Јас префрлав од Систина во Ремедика, други установи но претпоставувам постапката е иста/слична. Појдовме со сопругот во Систина да потпишиме изјава за префрлање, си плативме за тековната година за чување. Во Ремедика исто потпишавме некои док, процесот на префрлање тие си го договараат меѓусебно и тоа не се наплаќа
Во NewBorn е 34 000 (25к за замрзнувањето и 9к за 1год. чување) и секоја следна година доплаќаш 9000 ден.
Здраво на сите! Имам замрзнати ембриони од кои последната уплата ја направив на 03.03.2022 година. Од тогаш, поради одредени околности, не сум била во можност да ја продолжам уплатата, ниту сум појдена во болницата. Сакам да прашам дали е возможно болницата да ги уништи ембрионите без претходно да не известат, или дали има обврска да не контактираат пред да донесат таква одлука. Благодарам однапред за било какво искуство или информација.
Во договорот мораш да имаш нагласено кога имаат право да ги уништат и без твоја согласност . Во мојот пишуваше дека доколку не се плати во наведениот рок , болницата има право да ги уништи и без наша согласност т.е потпис
Мене ми се јавија да ме прашат што планирам. Мислам дека барем би се јавиле да прашат. Јас во Систина бев,може зависи до болницата,не знам.
Здраво сакам да прашам што од документи е потребно за трансфер со замрзнати ембриони, каде се поднесуваат документите и за колку време се одобрува ваучерот, искуства да споделите?
Јас сега добив ваучер за со замрзнати мене ми е за второ дете поднесов извод од родените на детето ,отпусно писмо од прв порагај ,извештај од првиот трансвер ,потврда од систина дека имам замрзнати ембриони, од медицинска докуметација хормони, пап тест, микробиолошки , 4Д ехо , хепатит б и ц и хив и за мене и за мм , еден нов спермограм и еден стар од 2021 год мислам дека тоа беше се
Здраво! Сакам да поставам прашање за вторo ИВФ со замрзнати ембриони. Имаме едно дете од првиот ИВФ обид и планираме втор трансфер со ембриони кои се веќе замрзнати. Би сакала да знам кои документи се потребни за да аплицирам во Фондот. Дали некој има искуство со ова и може да сподели информации за документите и процедурите? Исто така, дали процесот е поедноставен со замрзнати ембриони или е сличен на тој со свежи?
Само да прашам зашто мора нов спермограм кога одиме со замрзнати ? И каква потврда треба од болницата да ни дадат или може да се приложи договорот што го имаме склучено за замрзнување? Ве молам доколку има линк со потребна документација да го споделите. Многу ви благодарам.
Да прашам дали некоја правела последно трансфер со замрзнати во Њу борн која е цената комплет со терапија?
Mora od klinikata da se izvadi drug dokument e ne e toj sto ni go davaat pri zamrznuvanje aza spermogramot neznam i mene me mi bese svarlivo so zameznati da treba ama moralo da ima za pari da ti kazam iskreno
Imaat popust ovoj mesec 38.400 denari e transfer so zamrznati. Terapijata si ja plakas plus sto ti kazat zavisno si zemas od apteka