Јас правев во Јули. Хормони + трансфер беа околу 50.000. Само трансферот 37.000 или 38.000, а плус хормони неколку пати и овитреле, дојде до 50тина илјади. Секако на тоа плус е терапија, а јас примав прогестерон, клексан, бускопан, и уште нешто, веќе имам заборавено. Со среќа
Здраво тие што имате добиено ваучер за второ дете со замрзнати ембриони како треба да гласе ваучерот јас добив но никаде не пишува дека ми е одобрено со замрзнати само дека ги исполнивам условите и дека е одобрено
@Лалина ? Читав некои мислења околу ова од тебе,дали можеш да и помогнеш околу образецот на ваучерот каков треба да биде
Да, јас сум најдобар пример како не треба да биде Мојот беше згрешен, ама така ми кажаа во newborn кога го видоа Ако си поднела за замрзнари ембриони не би требало да е за цела постапка одобрен, јас поднесов за цела постапка и таков ми одобрија тука ми беше маката Некој да каже што треба да пишува, а му одобриле за замрзнати
Zenski dali imate infooo dali ako se aplciira za transfer se smeta kako da izgubis pravo za cela postapka ili tie se razlicni
Вкупно ти следуваат 3 ваучери за прво дете, независно дали ги користиш за цела постапка или само за трансфер. Значи, си искористила досега еден за цела постапка, вториот ако го искористиш само за трансфер и ако е неуспешен, третиот ваучер повторно можеш да го користиш за цела постапка.
Дали може да ми кажи некој целокупна потребна документација која што треба да се поднесе во Фондот за ивф со замрзнати ембриони. Дали некој од вас има свежа информација точна а притоа да и одобриле ваучер
Вака од лично искуство најдобро да се јабиш во фонд во скопје и тие да ти кажат што треба јас поднесов се како што ми кажаа и на крај ми одобрија за цела постапка па сега се маткам по фондот да поднесам барање жалба да ми се промени ваучерот а се што ми кажаа поднесов
А каде треба да се нагласи дека ни е за трансфер исклучиво ваучерот за да не прават таква грешка Вака јас се јавив во Скопје ми рекоја може и стар спермограм од првото ивф, а од Плодност во потребна документација стои и спермограм. И незнам што е правилно..
Еден нов и еден стар поднесов стариот од 2021 год ми беше хормони за мене хепатит б,ц и хив за мене и за сопругот крвна слика за мене пап тест и тоа другото што е извод од родени дококу имаш едно дете извештај од претходна постапка ало имаш правено отпусно писмо од претходен порагај и потврда од систина дека имам замрзнати ембриони и све тоа ми кажаа поднесов и на крај ми одобрија пак за цела постапка и сега само што завршив во фондот поднесов молба да ми се смени само за трансвер затоа што не можам да го користам овој
Ако нешто не објаснив добро слободно ми пиши ке ти објаснам пак оние денови околу ваучерот бев нервозна и не ти вратив извини
Здраво, Јас пред да ги поднесам се јавив во фондот и ми рекоа за ваучер со замрзнати ми треба покрај докумнентите + потврда од болницата кај што имаме замрзнато и мој лична изјава дека барам да ми се одобри таков ваучер. Ги поднесов и добив ваучер само за трансфер. Ќе ви ја испратам и изјавата да ја видите формата како изгледаше. Ви посакувам успех на сите!
Јас сега доболнително поднесов бидејки претходно не ми кажаа дека треба ми рекоа само потврда дека имаш замрзнати… како и да е да си знаат и другите да си ја поднесам со целата документација да не се маткаат како мене сега ке чекам одговор за 4 недели
Јас одамна ги имам искористено и завршено со ваучерите, но изгледа има некои измени а јас не сум запозната, па ако може да прашам Доколку имаш искоритено 2 ваучери за две класични инвитра + добиеш ваучер САМО за трансфер (трет ваучер) и го искористиш само за трансфер. Дали го губеш правото за трет ваучер за класично трето инвитро ? Поздрав и со среќа на сите што во моментот поминуваат низ процесот и се во исчекување до бета
Околу бројот на ваучерите сеуште нема измени 3 се вкупно за прво 3 за второ и тн ако имаш искористено 2 за цела постапка 1 само за трансвет значи си ги искористила сите 3 права за ваучер без разлика како ке се користи следуваат вкупно 3 јас бев претходната недела во фондот прашав и затоа кажувам