Фала мила,ајде и ти да не израдуваш со висока бета. Ја сум кај Димитров,пијам метформин,фолна и аспирин,мислевме да одиме на природен ама ја добив циклус на 40 дена(може како последица од ивф терапијата)и се слушнав со сестрата да го инсколусутира што да правиме,дали да почнам естрофем да не го утнеме циклусот...
Фала на грижата. Не ми е ова толку страшно ова беа ембриони останати од претходното ивф. Од првиот трансфер веќе имам 21 месечен син. Мене ни се јави ембриологот сабајле пред трансферот дека не се добри стагнирале по одмрзнување. Овие беа со послаб квалитет и затоа не биле добри по одмрзнување. Најдобрите ги враќаат први и со нив успеавме. Не се секирај пред време. Јајце клетките ќе видиме кога ќе ги оплодуваат ќе се договараме по Нова Година. Нека поминат празници втор роденден да прославиме па ќе му ја мислиме. Инаку смрзнавме јајце клетки за да имаме ваква опција за нова спрема во нареден обид бидејќи и спермограмот не е најсјаен па да имаме и таква опција. Таков совет добивме од ембриологот при пункцијата. Со среќа.
По некоја логика е така - најдобрите да се вратат први. Ете кај мене со тие немаше успех, а со замрзнатите имаше.
Пишав во вештачко еве и овде. Ми останаа 3 пакетчиња естрофем, 1 пакетче декортин,утрогестан за 4дена(ако се става 3*200),аспирин 1 пакетче и 1 инекција прогестерон депо. Ги поклонувам,ако на некоја и требаат нека ми пише лична порака.
Јас одам на скроз природен циклус. На 5ти сум на преглед па ќе видиме како ќе се одвиваат работите,се надевам се ќе биде во ред и ќе уживам во новогодишната еуфорија со ескимчиња во меше....
Со среќа и со успех! После колку време може да правам пак трансфер со едното последно смрзулче што го имам?
се уште не сум го прашала докторот. онака од искуство мислев да ми кажете како иде. Ова ми беше 4 ти трансфер, до сега секогаш сум имала големи паузи, од по 5-6 месеци. Ама сега не би чекала толку. Што знам... Ко што викаш, за два циклуси би сакала...
Помина и мојот трансфер вчера. Ми вратија два ембриона. Терапијата ми останува иста плус фраксипирин. Сега ќе броиме денови до бета
Ајде сега уживај, гали меше, размази си се .. И за 2 недели убава висока бета(ова од дедо мраз за нова година)....
Чул те Господ. Уживам искрено, маж ми не ми дава да мрднам од кревет. Само нешто готви, прави, ќе експлодирам од јадење
Ма и го галам и муабет им правам . Прочитав по др теми дека си се породила, честито ќеркичка да е жива и здрава, голема да расте