Здраво со лесно на сите Утре почнувам со естрофем 2×2 3дена после продолжувам до 5.03 со 3×2 и Лензето спреј 12h ×2 на 6.03 закажан преглед и Е2 Прашањето мие на 06.03 немам терапија што да направам или да и пишам на сестрата или они тој ден ќе ми кажат како што? И сега после све ова уште колку време иде до трансфер на кој ден се враќаат?
Пиши на сестрата ама мислам таму ке ти кажат за од тој ден па натаму јас бев со замрзнати ама на природен циклус и ништо од ова немав примено а околу трансверот зависи на кој ден ти се замрзнати ембрионите
Здраво може да ми кажете пошто прво ифв мие со замрзнати и чудно мие малку само 1дно ехо имав на 11ден од циклус тоа е на 06.03 и покриена сум со терапија клексани,пролутех,криноне,естрефем и лензето спреј и еден куп витамини пијам ама малку чудно мие ја имам нередовна менструација нели треба овулација или нешто пред трансфер ехо мерење на фоликули пошто читам од почеток и малку чудно мие постапката со мене Трансфер закажан на 13.03 со бластоцисти дотогаш нема ни ехо ништо совет ве молам.
На вештачки контролиран циклус си, нема да имаш овулација, затоа и не мерите фоликули. Само дебелината на ендометриумот се следи, веројатно на 11 ден од циклус било задоволителна. Денот кога почнуваш кринон/пролутекс е исто како да си имала овулација тогаш и после 5 дена ти е трансферот.
Да задоволен беше докторот на 11 ден кога ме гледаше на ехо мислам дека 9 беше денес почнувам со кринон од утре со пролутех. Ти благодарам многу
Женски мои убави Бидна и мојот трансфер на 2 убави Бластоцисти Другите 3 не беа со добар квалитет па не ги замрзнавме така да овие ни беа последни.сега следува мир,спокој,лубов,и за 2 недели господ ќе помогне да не израдува. мојот Доктор беше МИТКО ИВАНОВСКИ НАЈДОБРИОТ ДОКТОРОТ ЗА МЕНЕ терапија еден куп секоја му чест на докторот те држи цврсто со терапија нема веќе кај да иде после оваа терапија секогаш исто иде на силно Епа вака ќе примам декоротин 7дена 2×1; премама 1×1: овунорм 2×2; пролутекс 2×1 кардиопирин1×1; клексани 1×1; вит Д 2×1; естрофем 3×2; Лензето спреј 12h×2; глукофлаж 1×1;кринон гел 1×1; и Биофеминн 1×1 тоа е тоа сега си одмарам си уживам и ќе почекаме во наредните денови да видиме што ќе се случи Иначе и инекција атосибан примав 30мин пред трансфер и дијазепам
Женички да ве замолам некоја што правела периодов трансвер со замрзнат ембрион во Систина да ми пише која е цената
Здраво, Ќе правиме ембриотрансфер на замрзнат ембрион во new born ,кај д-р.Трајковски,па би сакала да сподели некој искуство од кај докторот Фала .
Женички ај да ве замолам која правела трансфер на природен циклус да ми пише како оди постапката и што примала.
Јас имам со замрзнат 5 дневен ембрион. Кога ќе добиеш циклус ќе де јавиш во клиниката ќе те водат они, кај мене беа 3 ехо прегледи ( следат фоликули) на 3,4 дена и 3 пати ме боцкаа за проверка на хормоните. Се чека да настане природна овулација и според хормоните кога е настаната бројат плус 3 или 5 дена во зависност од колку е стар ембрионот. Јас на пример имав овулација на точно 14от ден од циклус, трансферот беше на 19от ден. Терапија освен фолна киселина и витамин Д не примав ништо друго
молам искуство дали да ризикувам, два бластоцида кои се мали и не се за биопсија и за замрзнување, препорака да се вратат како свеж трансфер а беше планирано да се замрзнуваат испитуваат па вратат но бидејќи не се оплодуваат ј к и не ја постигаат потребната големина предлог ба докторот е свеж па што биде. Дали да ризикувам по кој знае кој пат од можни компликации или да се заштитам. Препораки ваше некој што го прошол истиот пат. ИВФ ВО СОЛУН
Какви можни компликации, не те разбирам? Да ги оштетите со биопсијата ли? Дали се работи за early blastocysts?
Мали се за биопсија, само ќе ги замрзнат. Компликации мислев на ран абортус на генетски аноналии бидејќи нема да се испитат. Не сум се сретнала со вакво нешто до сега. Вие какво искуство имате?
Не сум сретнала опис како мали големи, знам дека се бодуваат т.е оценуваат по критериуми и мислев се работи за рани бластоцити. Најверојатно и за такви се работи. Имам искуство каде што исто беа две рани бластоцити кои не беа доволно добри за замрзнување, не стануваше збор за земање биопсија туку дали да се прави трансфер или не, одлучив да им дадам шанса во матка но исходот беше негативен. Јас да сум на твое место секако би им дала шанса, има податоци за успешна бременост и ембриони со најниска оцена
Тоа никој не може да гарантира.Јас во мај имав биохемиска со бластоциста АА отценета.Сепак се гледа само надворешноста,генетски ете не била правилна иако беше со највисока отценка.Јас би ги вратила,би му дала шанса.Сепак е твој избор и како си психички спремна.Со среќа
Здраво феминки дали некоја од вас знае колку е сега трансфер со замрзнати ембриони во систина ? Имам 15 мeсечна керкичка и се мислиме за второ. Па сакав чисто да видам колку е цената? Исто дали некоја може да ми ја објасни целата постапка како оди ? дали се примааат исто инекции 2 недели пред трансфер секој ден и што се испитувања се прават. фала ви