Јас имав крио-трансфер во Плодност... 2 ден од циклусот се прави ехо и се започнува со Cyclo-Proginova. Шема со Cyclo-Proginova ми беше: • 5 дена – 1 таблета дневно • 3 дена – 2 таблети дневно • 3 дена – 3 таблети дневно 12 ден од циклусот – се проверува дебелината на ендометриумот и прогестеронот, кој треба да биде низок/да не е покачен. 5 дена пред трансферот (за бластоциста) започнав со: • Prolutex • Cyclogest вагинални • Aspirin • Витамини – Impryl, магнезиум и пробиотик (мислам дека дел од нив ги земав и претходно). Ден на ембрио-трансфер (ET) • Се дава инекција Atosiban за смирување на матката. • Повторно се проверува прогестеронот и, доколку има потреба, се зголемува прогестеронската поддршка. • Clexane • Ovitrelle (hCG инекција) – половина од дозата на денот на трансферот и другата половина на 3-тиот ден по трансферот. По трансферот • Одмор околу 2 часа. • Се продолжува со истата терапија до тестирање.(12 дена по трансферот - вклучувајќи го и денот на трансферот)