Девојки денес ми е 9 ден од трансфер, некако чуствувам главоболка незнам дали може да земам аналгин, некој ако има некое слично искуство
Аналгин не се пие во бременост затоа по трансфер не смее. Смееш само парацетамол. Најдобро е природно. Пробај со кисела вода, лимон, кока кола. Најдобро отспи малку и види дали ќе ти помине.
не аналгин, пробај чај, аспирин од 100... и вода повеќе а трансферот со колку дневни ембриони ти беше? и сепак е рано... за два дена пак тет - бета
МОже да е прерано за обичен домашен тест особено со тридневни ембриони. Издржи уште малку па само тест преку крв прави.
@bella.gk И јас на 10ти ден имав негативен тест, а на 12ти видов 2 цртки. Еве го синчето направи 2 месеци.
Благодарам на подршката @JoyJoy обичен од 50 денари Благодарам @Annah87 дај боже да е грешка тестот, во понеделник ќе проверам преку крв
Фала мила што ме мислиш. Бев вчера на контрола,ама бидејки имам долги циклуси (33-35 дена)уште беше рано (13ти ден ми беше) мал беше фоликулот и тенок ендометриум понеделник сум пак,па ќе видиме како ќе биде.Ако не биде ништо нареден месец ќе тераме со естрофем,сега сум на природен. Ти што направи,праша кога може пак да правиш?
Па сакам сите да успееме, како да не мислам... Јас за 2 месеци можам пак. Не знам се уште што ќе правам... веројатно ќе испутувам нешто... се мислам зошто не ми испитале прогестерон? И сакам една контола на ендокринолог да направам... ќе видам... Со среќа во пон