Cestitki, odmaraj uste malku ne e na odmet, kazi mi pravese transfer so zamrznati na spontan ciklus ili se bockase so nesto i kade go pravese transferot?
Па да, на спонтан циклус. Примав 5 дена пред трансфер и после трансфер естрофем, утрогестан, аспирин и премама. Пред трансфер Пролутекс и после трансфер 1500 Прегнил. Правев кај Лазаревски, Систина. Незнам кога ми беше овулација, незнам ни за ендометриумот. Само знам дека испитував естрадиол и LH на последниот преглед, за да видиме дали ке има овулација. Фала на сите за честитките и советите. На сите до една да ви се враќа што поскоро. Денес бев во бунило, раце ми се тресеа, нозете не ги осеќав, тахикардии, ама сега се потсмирив. Сега со Господ напред.
Ќе правам скречинг пред трансфер, без анестезија, некое искуство да споделите, како е? Боли ли? И дали некоја имала трансфер, а да пие и кломифен како терапија?
Здраво форумки. Нова сум во форумот. Сакам да споделам искуство со вас. 3 години брак едно успешно ИВФ (Др. Трајковски Њуборн) кое во 13+ резултираше со мисед абортус Сега се спремам за наредно со замрзнати ембриони. Почнав овој месец со циклопрогинова за регулирање на циклусот и на 21 ден почнувам со супрефакт. Па од ден на циклус со естрофем и ехо на 9 ден. Ме интересира ако некоја членка има искуство со замрзнати ембриони кај Трајковски да ми објасни како понатаму оди постапката. искрено многу се збунив, не очекував да има инекции и овој пат.
и мене ме интересира ова не знам зошто ваква терапија, јас имамв 2 трансфери со замрзнати до сега, ама не сум примала супрефакт никогаш. Само естрофем. А за следниов мој трансфер треба да пијам кломифен и естрофем. ни ова не знам зошто е така
Се ближи денот за мојот скречинг без анестезија .... гррррр страв ме фаќа... совет - анти страв? @Capricorn Taurus ти правеше без анестезија? @kukla21 веќе ми пиша во пп, ама како доаѓа еднот.... уф.... грррррр
а гладна? жедна? или тоа нема врска? Знам дека ќе мине, ама тука е, на глава ми виси оној страв од непознатото...
Бидна мојот скречинг. да, боли, ама се издржува, и трае кратко. На забар повеќе боли јас болките секогаш со забар ги споредувам После тоа имав некој грчеви, слични на менструални, ама после некои 10 мин. и нив ги снема. Претходно се напив кетонал форте и кога дојдов дома се комирав, спиев до сега. Сега не ме боли ништо, ама сум ко дамлосана можеби од кетоналот, или од претходниот страв фала @kukla21 и @Tukituki за подршката што ми ја дадовте, и фала на Фемина што псотои за да се споделуваат искуства.
Ај на здравје. Не зезај дека боли скречингот . Да не правев- да не знам, па да ме плашиш. Ни Б нема од болка , во споредба со пункцијата на еден ф. А замисли секое пунктирање на нареден уште три пати повеќе боли. Ајде било поминало. Болката е за убаво Следно знаеш што чекаме. Меше и
за среќа болката е моментална и веќе ја заборавив. на моите 2 пункции (без анестезија) имав огромен емотивен момент дека се вадат мои јк и не мрдав воопшто да не ги оштетам а и бев врзана и сега не се ни сеќавам на таа болка ама и тогаш мислев дека на забар повеќе боли. Барем мене ... фала ти за подршката сега чекам да добијам па на преглед и ќе бидне трансферот
Јас на забар на столот не седнувам без анестезија. За забен камен примам две. За поправка 3 , а за вадење најмалку 4 инекции. Незнам колку боли на забар. Ама сепак тврдам дека таа болка / страв е најголема