Помина трансферот...две одмрзнати...едното се развило до бластоцит...другото воопшто не се делело. Ама сепак двете вратени. Терапија само Аспирин и утрогестан. Малку чудно пошо за хиперстимулацијата имав еден куп терапија а сега ништо. Ама не ни препрашавув...како ми рекоа така. Дали со извештајот матичната дава без проблем боледување? Или треба да се моли и тинтри?
не, втора ми е. Првата заврши со missed ad мислам во 8-9 та недела, заради трисомија на 22 хромозом на плодот. Затоа сега сум малку исплашена и во грч.... дали ќе ја истерам до крај и ќе си родам здраво право бебенце ајде со лесно да ти поминат овие 2 недели, и да се фалиш со висока бета. За боелдување не би требало да ти прават никаков проблем, во извештајот од трансфер дали ти пишува дека треба одмор? Обично 2 недели даваат без проблем, за понатаму зависи.
Фала ти многу... Не ми пишува одмор...само контрола по 14 дена. Ајде ќе видам понеделник што ќе каже матичната. А зарем за после со позитивна бета прават проблем?
Ако можеш јави се уште денес кај матичната, бидејќи мислам дека го отвараат боледувањето од денот на трансфер. Барем мене така ми го отвараше матичниот. А после +бета... зависи од матичниот. За терапијата не се секирај, мене не ми била иста после моите трансфери, зависи од ситуацијата, др. поценува и дава тоа што треба. Така што само опуштено А кај кој доктор правеше трансфер?
Ќе се јавам понеделник па ќе видам. Кај Гружарова го правев во Њу борн. Едно прашање...како ги ставате овие утрогестан? Јас првата што ја ставив за два саати мислам цела истечеo
Месецов ќе се одмара . Така кажа бате Митко . Следен - пункција ,конечно кај него . Страв ме да помислам да ги чепнам замрзнатите. Нека спијат тие летово
@Ѕвездички ,@Nina 2014 Честитки девојки,ме израдувавте ,од срце ви посакувам лесна и школска бременост. Како манијак ја зиркам деновиве темава ,знаев дека ќе има убави вести... A зa @Bubce38 кога ќе бидне частам кафана
Абе ти многу си сомнителна . Почнала да ја зирка темава . Да не се избацеш со некој тест ти женска ?!