Јас напоредно инф правев со свеж материјал, инф на приватно и куп други испитувања, услуги користев таму, а долгот си стоеше, ниту ми спомнале при друго плаќање, никој не ми се имаше јавено со години. Но јас си знаев за долгот, ни имаа кажано во една прилика, во моментот кога префрлавме помиривме долгот и си ја зедовме.. Чисто прашај си за сигурно да не ве мавне дамла, сепак таа цена би била доста повисока од мојава
Во Ремедика замрзнувањето на ембриони е 34000 за 5 години и не се доплаќа ништо плус. Јас платив само за трансферот. Здравје планирам наскоро пак да правам трансфер со замрзнати ембриони, па ќе ве информирам дали има некоја измена
Фала Melek36. Дилемата решена. Инаку мене кога отидов за ИВФ прво нешто што ми спомнаа на пултот е стар долг за брис од пред 5 години. Така што сегашната политика им е прво да ти кажат да си подмириш долг па се останато.
А број од Митко имаш? Секогаш се јавува, враќа на пораки и вибер. Ако ти каже ќе ти се јави сестрата батали, никогаш нема да се јави. За закажување закажи си на фиксниот на Систина а за понатаму ќе имаш супер комуникација лично со Митко ќе видиш.
Немам негов број...бидејки прв пат одам ...а бидејки сме со тежок машки фактор јас веке собрав документација па после тој ке каже што понатаму..во краен случај во Скопје треба да одам четврток па белки ке закажам
Доколку се остане трудна со замрнати ембриони даваат да земес паталошко боледување како при обично ивф?
Да. Бременост си е бременост. Доколку е ризична ситуацијата ќе ти дадат паталошко. ^^ Ова е мое мислење.
Колку што се сеќавам за ивф на сите им даваат паталошка без разлика ризична или не, затоа мислев дека и со замрзнати даваат на сите
Не е баш така. Самото ивф не е индикација за боледување. Мора да има медицински индикации за да се седи дома.
Чим е дојдено до ИВФ самото по себе е ризично, како што е ризично и во првоте 4 гестациски недели свашта може да се случи
Е што е ризично?! Ај без паники. Сите доктори велат дека бременоста кај секоја жена, ивф или не, е иста. Ивф како постапка не е индикација за проблеми.
Абе како можете на толку достапни информации да кажете дека ЧИМ е дојдено до ивф самата бременост е ризична. Може да ми кажеш зошто е ризична?! Оти на некој не им е "дојдено " до ивф,туку едноставно така сакаат да станат мајки,еве без партнер,со донор.... Или само да се каже нешто
Абе ако ми даде доктор боледување ич не се секирам мене за едно повраќање ми даде три месеца што убаво ми беше дома
Ние не зборуваме за повраќање, туку за изнесен факт дека ивф е ризик. За 3 месеци боледување треба дијагноза и конзилијарно мислење. Не може еден доктор да реши. И те молам да не ја полниме темата со офф топици.
Не да се каже нешто и не зборам за донор зборам за пар што сака да се оствари како родители и докторот ќе одлучи како треба еве моја братучетка правеше ивф со замрзнати и бидејќи одвај се фатија и беше страв од предходни спонтани си ги одлежи дома 3 месеци и сигурно докторот нема мене или тебе да не праша како треба.Многу дрско од твоја страна ниту те нападнав ниту ти реков лошо си кажав свое мислење.
Уште сега ќе те цитирам зборевме за паталошко боледување што и како се дава дали со конзилијарно или не докторот ќе одлучи.