Како сме? Има ли октомвриски пингвинчиња? @Anetaoh и @stevemila мислам пишувавте дека ќе почнувате во октомври. Се спремате? @bella.gk до каде е работава? Јас полека се спремам, се надевам се' ќе е океј и дека ќе си ги земам мразовците месецов. Брисеви чисти, пап уреден, хормони супер. Имав пролактин малку над граница - 36, а ТСХ 3.5, но по две недели ги повторив и среќа било моментално и излезе едниот е 7.3 а другиот 1.6
Јас да се пријавам за после нова година, ме нападна херпес зостер и ке мора да чекам, мн бев тажна но ке помине времето , ке си ги земам пингвинчињата на зима
Аааааааа....Девојки 12 ти ден од трансфер,еве го резултатот од 5ч сабајле Неможам да верувам!!!!! Идеален период за уживање дома!Среќно мила!
Па така беееееееее!!! Бравос! Честитки и верувај, успеавте Влечи ме за нос Прекрасна вест, знаев дека ќе биде! Не сакав да те чепкам, а те мислев Баш ми е мило, уживај сега. Со лесно
Фала мила,на сите ве влечам за нос да си дочекате што побрзо.Само трпение се ќе биде,како господ што е никој не е. Што побрзо мила да си дочекаш и да не се сеќираш се ќе биде.Само позитивно ФАла мила Фала од срце
Брзо ќе помине времето, важно е да го решиш херпесот. Таман периодов ќе си работиш на имунитетот, некоја активност и ќе летне есента. Сакам да прашам тие што примале Супрефакт, до кога се боцка? Дали е додека добиеш или до трансфер како и при класично инвитро?
Мила јас првиот пат кога правев инвитро ама класично само тогаш се боцкав со суперфакт и ако не се лажам се продолжува да се боцкаш и кога ќе добиеш само се намалува дозата 0,5 првично ми беше,па после 0,3 дали до 3 ден или 5 не ми текнува.
Да, да така е, се боцка Супрефакт додека траат и стимулациите до Прегнилот, бев и јас со таков протокол за класичното, но ме интересираше дали и кога е само трансфер дали се боцка до крај.
Сега ја читав одново темава, со надеж дека некој има пишувано за Супрефакт пред трансфер и налетав на твои мислења кога си се спремала, па ми паднаа во очи дека си ги нарекуваш ескимчиња Ескимчиња, пингвинчиња, не е битно, важно да гушкаме