Јас прво да средам со хистеро и лапаро, бев вчера кај Зоран Илиевски ми ги гледаше снимките од HSG (на извештајот ми пишува билатерален хидросалпинх ) и ми кажа дека не гледа на снимките нешто вакво и ми кажа дека најверојатно ќе одиме со дијагностичка хистероскопија или лапараскопија ако разбрав добро, бев и кај елена петковиќ за генски мутации, па да средиме со оваа и се надевам дека околу нова година ќе биде.
Девојки мојата бета е 676,7.Ви посакувам на сите успешна приказна,да бидете позитивни и сигурни дека секоја од вас ја чека среќен крај.Ви благодарам за секој совет,за сета подршка од која црпев најмногу сила.Мислам дека секогаш ќе ја надгледувам темава и ќе ве бодрам!Ве гушкам сите
Не се однесуваше на мене прашањето ама ќе одговорам зашто имам двегодишно дете од трансфер на природен циклус. Јас пред овулација не примав ништо, после овулација (природна без прегнил) примав дабростон, а по трансфер дабростон и утрогестан. Редовната терапија од аспирин и фолна ја примав подолго време. Со среќа.
Испитуваше хормони пред трансфер? Кај тебе на кој ден го правевте и ендометриумот колку ти беше?? Извини за прашањава
И јас не примав ништо пред трансфер,само три пати бев на фоликометрија,после овулација,после пет дена од неа правевме трансфер.Ендометриумот сега незнам колку точно ми беше,али докторот рече одлично.После трансфер утрогестан два пати на ден,аспирин и на 4ри дена инекциа прогестерон депо.Секако фолна си пиев цело време А за хормониве не ми испитуваа мене пред трансфер
Хормони не испитував пред трансфер. Имав само фоликулометрии неколку за да темпираме овулација. За еднометриум нит ми кажаа нити прашав. ИВФ правев во Ремедика кај Димитров. Со среќа.
Чекам да добијам и да закажам ехо, прескокнав два циклуси ме фати вирус па настинка... Сега сум ок па Господ да ни е напомош на сите
Еве сум... Добив вчера, сега ехо на 8 ми ден па ќе видиме што понатаму, ќе одиме на природен циклус. Ме интересира одприлика на кој ден му доаѓа трансферот? Исто е како класичното инвитро
Како што ти кажал д-р така прави. Мене ми велеа на 10, 11 ден од циклус да се појди за да се види дебелина на ендометриум, а трансферот е од 19 до 21 ден по циклус.