Ако е на природен циклус зависи од тоа кога же имаш овулација. Обично на 10/11 ден се оди на ехо за да се види раст на фоликул/и и ендометриум и потоа по потреба. Кај мене чекавме на пример скроз природна овулација без Прегнил да настане па имав овулација на 17 ден. Од тој ден по 5 дена ми беше трансферот зашто ми вратија бластоцисти. Со среќа и со лесно.
Девојки и јас се приклучивам во оваа тема. Денеска ми е 2 ден од циклус ќе одиме со трансвер на замрзнати. Закажавме за на 25ти прв преглед на ехо, до сега бев мирна но евe како закажав почна да ме фаќа трема да не речам страв како ќе биде овој пат Инаку ова ми се ембриони од 3то ИФВ, од 6 успешно се развија 4 и тие ги замрзнавме. Со успех на сите што сме во постапка
Devojki saj kazete mi utre sam.na transfer so zamrznati a seuste mi se nemat javeno da mi potvrdat koga gi odmrznuvat embrionite toj den koga ti gi vrakat ili den pred transfer
Кај мене беше тој ден на трансферот. Воопшто не ми се јавија, пред сам трансфер ми кажаа состојба. Се ќе биде во ред, уживај
Кај мене на денот на трансферот ги одмрзнаа,некои два,два ипол саати пред трансфер, со тоа што јас имам замрзнати бластоцисти. И дента ми се јавија,да ми кажат дека се е во ред со нив. Поздрав и со лесно.
Во понеделникот бев на преглед, чекаме природна овулација. Во четврток сум пак, според докторот тогаш веќе ќе биде овулацијата и ќе темпираме враќање(ако се биде како што треба). Планот е замрзнатите три дневни јк да ги одмрзнеме и да ги чекаме дали ќе се развијат до 5ден, е тука ми е најголемиот страв Бога молам да успеат со развивање. Како е ситуацијата кај тебе?
Никако... На 8ми ден на ехо докторот ми најде полип, сега треба хистероскопија да правам па после трансфер. Ајде дај боже кај тебе да е успешно ти пуштам среќа
Туууу а баш ми требаше друштво, полесно е така . Како и да е подобро среди го полипот ако така ти кажале, за да одиш на сигурна опција и дај боже после тоа да е позитивна бременост ќе праќам абер до кај сум. Инаку денеска пак испитував хормони и чекам да видам каков ќе е ставот на докторот, дали одиме овој циклус или наредниот.
Девојки, бидна денеска трансферот на 1 бластоцист сега само со лесно и брзо да ми поминат овие најтешки две недели.Решив да одмарам само една недела и после да се вратам на работа. Дома ако останам ќе се спобудалам.