Да се пријавам во темава. Вчера имав ет. Се одмрзнаа 2 последни ембриони, еден преживеа до петти ден. Да видиме далу ќе успее овај пат. Терапија никаква, ни пред, ни по трансфер. Само 1х1 аспирин. Чудно. Дали има некој од форумов без терапија?
Јас немав никаква терапија пред ет,а после тоа пиев аспирин,утрогестан и прогестерон депо на 4 дена.Уживај мила сега штом така одлучил докторот не се сеќирај твое е да мислиш позитивно.Среќно
Да си олеснам на душичкава, овде да си кажам. Направив тест на 4 ден по ет. Секако негативен. Не ме карајте веднаш дека рано направив. Минатиот пат на 5 ден имав јааако црвена втора линија. Сега полето бело, бело, цут. Онака го направив, а сигурна сум дека ништо од овај ет бидејќи не ми дадоа апсолутно никаква поддршка со лекови. Образложение, нема потреба се е ок. Не верувам дека без тоа се успева.....Ете веќе ми е полесно што споделив со Вас.
Не си ја мачи душичката, рано е. Зошто да не веруваш дека може да успее без терапија? Па природно кога остануваат бремени, не примаат никаква терапија додека трае оплодувањето, патувањето на оплодената јајце клетка и додека се имплантира ембриончето. Дури отпосле кога ќе дознаат дека се бремени, тогаш им даваат прогестерон. На природен циклус си имаш природен прогестерон по овулацијата. Ајде храбро, ќе си биде успешно, нема зошто да не биде
Биохемиска бременост бхцг 32, денес опадна вредноста. Немам повеќе замрзнати. Ќе треба стимулациу, незнам дали ќе можам да продолжам, годините се многу...
Ponovi ja betahcg za dva dena da vides dali raste I dali se duplira pravilno ima uspesni bremenosti I so niski beti
Ај да му се сневиди Баш ми е жал! Ајде одмори малку и размисли, собери сили и продолжи ако одлучиш така. Иако се години, не значи дека нема да се успее
Душичка додека се има мензис све е можно.Нагоре главата избери си доктор и нема предавање одиме до крај.Ти посакувам успех❤❤❤
Здраво! Ме интересира ,тие што правеле трансфер на замрзнати а имаат пократки месечни циклуси околу 23-24 дена на кој ден би бил трансферот одприлика?
Прашање за оние што имаат искуство со трансфер со замрзнати ембриони. На кој ден се почнува со естрофем и која друга пропратна терапија е до трансфер? Мене денес ми е 20 ден од циклус, Петановски ми рече околу 20 ден да одам на контрола за да видиме како-што ќе правиме. Јас до пред некој ден имав секрет како во овулација, плус и таква тапа болка вообичаена за во плодни денови. Од вчера пак, како во Пмс да сум, предменструални грчеви ме фаќаат. Така ми е секогаш недела дена пред добивање. По ова, претпоставувам на контролата во вторник ќе ми рече да ме остави за нареден месец. Мене ми е прашањето, колку време трае припремата за трансфер со замрзнати ембриони и дали има зачестени контроли за следење на ендометриум?
@bela.m зависи со каков протокол ќе одите. Јас бев до долг протокол. Од 20-21 ден боцкав Супрефакт 0.3 и почнав Естрофем. Откако добив мислам Супрефакт ми намалија на 0,2. До трансфер нема многу прегледи, мислам дека двапати бев за да се следи ендометриумот и дали да се зголеми дозата на Естрофем. Потоа ми кажаа кога да почнам со Пролутекс и кога ќе е трансферот.
A јас си направив филм во глава дека неколку дена на естрофем и оп трансфер. Значи сепак се чека уште едно добивање како што те сфатив. И си на терапија и додека си со циклус... Хммм, ми се разјасни малку. Значи не е баш малку време стимулирањето на ендометриумот. Фала на одговорот драга, секогаш имаш време да ме удостоиш со одговор. Несебично споделуваш се со секого
Мора да си помагаме, да се информираме меѓусебно, да се поддржуваме Сепак зависи со кој протокол ќе одите и сепак и индивидуален е пристапот. На пример ако е трансфер на природен циклус, сосема е поинаку. Ајде без гајле, докторот ќе процени што треба, опушти се и следи насоки. Се ближи убавиот момент