Здраво, дали сте имале проблем при пиење естрофем ? болка во желудник ? пијам 3*2 и зголемен вагинален исцедок, знам се ближи овулација но некако чудно ми дојде ? утре сум на контрола да видиме како ке биде иначе 9 ден од циклус ми е , обично на 18-19 се враќаат ? држете среќа убаво да се одмрзнат , тоа ми е најголемиот страв , за другото некако сум сигурна дека ке биде овој пат хахаха.
Зависи од ендометриумот кога ќе ги вратат. На ехо ќе види докторот и кога ќе е тамам, тогаш ќе биде трансферот. Мене ми вратија бластоциста на 15-ти ден. Не плаши се, ќе си се одмрзнат. На кој ден ти се замрзнати? Од Естрофем сум немала болки во желудникот, да не ти е од нешто друго можеби...
Утре ке каже докторот како е што е работата , иначе замрзнати ми се на 3 ден и не се бластоцити , затоа мн се плашам, мислам дека беа 4 клеточни и затоа мн се плашам што ке биде , но мораме да сме позитивни и мора да успееме , и јас досега немав мака од естрофемот ( на претходниве 2 ивф ) затоа сега се чудам , иначе прв пат ке ми биде со замрзнати , имам 6 на лагер хаххаха , фала на информација @Оли.
Ајде со убава мисла, се' ќе си е добро. Си имала доста, другите ќе останат за второ или за трето дете
Понеделник трансфер , држете среќа ескимите убаво да се одмрзнат , тоа највеќе ме плаши и ајде ве молам за мислење , ендометриумот ми беше 9.5 продолжувам со естрофем 3*2 да не е многу ?
Со лесно нека ти е, и да вроди со плод. Немој да мислиш како ќе се одмрзнат ескимите,ама ич да не му ја мислиш на тоа. Јас сум успешна приказна со замрзнати ембриони,и во ниеден момент не помислив на одмрзнувањето како ќе биде што ќе биде. Само со позитивна мисла,и се ќе биде во ред. А за ендометриумот ни еднаш не прашав ни колкав е ни што е, др. што ме следеше и правеше ИВФ, си го следеше и си проценуваше кога трансфер. Јас почнав со естрофрм 3×2, па ми зголеми на 3×3, и терав така скоро до 12 недела мислам. Само опуштено,со лесно и верувај му на докторот кој те води. Секое добро.
Ти благодарам од срце на убавите зброви , се надевам на успех овојпат , може премногу се замарам, затоа сега мозочето во лер, денес примам стоп инекција , ете и тоа не знаев , трета среќа . Имај си лесна бременост па се надевам ке ви се придружам
ме интересира ако ти ги чуваат ембрионите еден месец заради хиперстимулација дали и колку пари земаат н
Јас колку што знам во Ремедика нема опција чување на еден месец,јас имам замрзнати од ноември 2018 и платив еднократно околу 40.000 денари за чување од 5 години,поради тоа што имав едно многу,друго направив хиперстимулација. За во другите клиники не знам како е. Поздрав
700евра платив 2017 првиот трансфер е во цената секој нареден е 300евра. Мене од прва ми беше успешно така да со срека на сите.
Не се оптоварувај со тоа дали ке се одмрзнат јас не ни знаев за опцијата дека може да не се одмрзнат. Прв трансфер со замрзнати успешен две дечиња годунаипол. Со срека и убава мисла