На моите две мразулчиња вчера им слушнавме срциња. 6+4 и 6+1 сме. На сите, на сите им посакувам успешна приказна
Девојки ве молам да ми кажете после колку циклуси можеш пак да правиш трансфер со замрзнати ? Дали испитувавте хормони ?
Па мослаж после циклус два можеш во договпр со докторот инаку хормони се испитуваат јас дополнително и мутации испитав во меѓувреме
Мутации имам испитано , не знам што би испитала друго , трето ивф , еден спонтан зад мене и нејке , со ограничен материјал сме и мн се плашам !
Znam duso mene za prvoto mi uspea od 4 pat i togas prv pat napraviv skreching samo smiri se neka pomine leto ako sakas da pocekas posle so ladna glava bez brzanje
Незнам кариотип имате направено ? Мислам подобро да почекаш 2 3 циклуса да се смири организмот и ко што вели а&з да направиш скечинг и со докторот да видиш што би те аоветувал што уште да доиспиташ ако треба и со господ напред ќе се склопат коцките па и 2 да фатат одеднаш за претходно... само никако не се разочарувај мора да биде...
Помина мојот трансфер, ги вративме сите 3 ембриони, па сега со Господ напред Направи си обавезно генетски и имунолошки испитувања и кариотип.
Среќноо милаа од срце ти посакувам овој пат да се пофалеш со висока бета и за 9 месеци да си држеш две ,три бебчиња во рацете
@Milicka* јас на природен циклус сум одела месец за месец и не е проблем. А исто така и со замрзнати не би требало да е проблем, затоа што се припрема само матката, не се чека јк, фоликулометрии... од хормони да, но не сите, обично, ЛХ, Е2. ова за на природен, за да се следи фоликул за пункција. со лесно што и да решиш. сум одела циклус по циклус, така да гууд лак. нели требаше да правиш бета?
Направив бета и домашен тест резултат ист , кариотип имам направено , исто и на трансфузиологија испадна дека сум хетерозигот и примам метилирана фолна и клексани , фала мн на поддршката сега ми треба уште да си изберам доктор со смирена глава.
Девојки ај ве молам ако може да ми споделите цена за трансфер со замрзнати во Систина и Плодност ? Ако има некоја што скоро правела , само разгледувам , ке одмарам малце сега но сакам да се припремам полека , би направила и скречинг па ако имате свежо инфо ? Со лесно трансферот и за две недели да ја освежиш темава со висока бета
Благодарам мила. Инаку во Ремедика кај Димитров правев трансфер Благодарам мила, се надевам овој пат ќе успееме
Мора да успеете , лесна му е раката на Димитров сега хаха знам две членки што правеа кај него и веке се труднички држиме среќааа