И јас мислев дека мижеби е касно но не беше така си има докторот параметри и знаат што прават... @Оли ти благодарам мила...
Мене докторов ми рече ајде на 17 ден, и јас му викам да не е рано...одејќи од тоа ако е овулација на 14 ден...да се оплодиле тогаш...значи трансфер треба 19-20 ден. И на крај ајде вика на 20 ден. На 10 ден ендометриумот ми е 8.2... па сега се мислам да не пресозрее до 20 ден...
Не се секирај. Јас имав трансфер на замрзнати ембриончиња на 18 ден од циклус. Пред трансфер три дена претходно почнав со пролутекс и кринон бидејќи ми беа замрзнати на трет ден. Клексан ми даде од ден на трансфер. И еве ги двете растат во меше. А и јас се оптеретував дека доцна ми е трансферот. Верувај само, знае докторот. И немој да се "пазариш" со докторот. Тој мере и знае. Се најдобро
Јас имав трансфер на 20 ти ден,но за жал неуспешно...мое мислење за мене овој трансфер беше касно дека добивам на 23-24-25 дена.Ако циклусот ти трае 28 дена тогаш не е касно трансферот да е на 20 ти ден дека доволно е 1 недела да е пред да добиеш и зависи на кој ден се замрзнати. Кај кој доктор правиш? Со среќа
Фала ти многу се надевам и кај мене ќе е така не знам шо ме натера паметна да му се праам на докторов....сега ќе си ја тупам глава
Пуштам најголема среќа! Чекаме висока бета @охриѓанка не си оптеретувај мозок. Докторот сигурно порано ќе го направи ако е за порано. Штом е десетти ден, ќе следи ситуација и ќе каже кога ќе биде. Ќе биде спремен ендометриумот, опушти се
Со замрзнати обично подоцна е трансферот. Од 17 до 21 ден, по циклус, како ќе оцени докторот. Многу ретко порано да закаже. Се е индивидуално, до пациентот и ембрионот.
Зависи и со каков протокол ќе се оди. Ако е со долг, тогаш нема овулација и докторот со терапија го темпира трансферот. Во тој случај не е важно какви ни се циклусите. Ако трансферот е на природен циклус, тогаш се чека овулација.
Жени херои јас сум бремена сеуште неможам да си дојдам на себе не ми се верува после 7 години борба конечно висока бета го добив мојот најголем роденденски подарок. Ви посакувам на сите да си го дочекате овој ден. Стискам палци за сите вас
Девојки, Трајковски ми предложи пред трансфер со замрзнати наместо да боцкам супрефакт, еднаш да се боцнам со некоја инекција Трипторелин. Во Грција била поевтина. Дали има некој искуство и од каде ја набавивте?