1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансфер со замрзнати ембриони

Дискусија во 'Бременост' започната од kukla21, 1 април 2017.

  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Се приклучувам во групава и јас(fingers)
    Заради хипер одложен е трансферот, за 2 циклус одмор па на третиот трансфер. Тогаш ќе пишувам повеќе сега одмор и на телото и на душата:inlove:
    4 замрзнати, на 2 места по 2 бластоцисти, за 2 трансфера:inlove:
    Посебно ли се плаќа оти се на две места, од возбуда не ни прашав:D
     
    На eta, mace89, Broki5 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.498
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Не се плаќа посебно :D
     
    На dunika и Alishan30 им се допаѓа ова.
  3. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам близначиња во меше @Alishan30!
    Многу убаво, браво!
     
    На mal.ecka, Thallia, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.498
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Нека стои и моево искуство со замрзнати ембриони.

    Два месеци пред трансфер примив инекција Арвекап, па по 28 дена уште една. Да се смират јајниците, да се одмори ендометриумот. Имав нус-појави од инекциите. Имав вртоглавици, понекогаш заматен поглед, блага главоболка, понекогаш лошење, солзи без никаква причина, но само си велев нема да е ова за џабе.
    Отидов кај докторот 3-4 дена пред договореното, гледа на ехо, вика почнуваме, почнува да поминува дејството на инекцијата.
    Фраксипарин и Естрофем 2×1 пет дена, а по пет дена дошол ендометриумот со минимална доза Естрофем до кај 10-11 мм. Почнав истиот ден со Пролутекс, Утрогестан 3×1, Естрофем × 1, Аспирин, Вибрамицин три дена, Декортин, Фраксипарин, Бускопан два дена пред трансфер.
    На денот на трансфер ми рекоа да се напијам и Дијазепам, првпат се напив во животов и еден час пред трансфер примив венски Атосибан.
    Терапија по трансфер: Утрогестан 3×1, Аспирин, Естрофем × 1 само два дена и ги прекинав, Бускопан 2×1 2-3 дена, Декортин по едно пет дена, Пролутекс, Фраксипарин.
    Пиев сите дена по еден пробиотик навечер, 2×1 метилирана фолна, метилиран Б12, Б6, Омега3, витамин Ц, селен, витамин Е, б-комплекс, магнезиум.
    Првите два дена станував само за во вц, во табака мм ми носеше јадење. Си уживавме, гледавме серии, убаво беше. Третиот ден почнав да станувам да си земам сама за јадење и за во вц. Гледав серии, одмарав, така ми беше убаво. Третиот ден од трансфер почнав да осеќам болки долу во кичма и менструални болки. Си реков од прогестеронот е. Продолжија менструалните болки и другите денови, а ги имам и ден денес.

    Тоа е мојата успешна приказна со едно замрзнато ембрионче, трет трансфер по ред.
    На сите им посакувам успешна приказна :inlove:
     
    На brm_brm, eta, Broki5 и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Melek2018.

    Melek2018. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам нешто
    Јас имам замрзнати ембриони уште 6 или 7 мислам е сега планирам за 5/6месеца да почнам по природен пат да забременам ако не бидне ќе треба пак со ифв тоа се знае. Е Сега како да знам јас дали се добри ембрионите дали се живи или тоа не се знае се додека не ги извадат треба да платам сега месецов па кого да прашам за ова. И дали има врска првото бебе женско мие да не се сите оплодени или нема врска тоа?(facepalm)
     
  6. *Ribolovka*

    *Ribolovka* Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :l:
    Гледам многу успешни приказни овде и многу ми е мило :inlove:
    Јас да се пожалам дека имам замрзнати ембриони уште од ноември 2016 и еве веке три години никако да дојдам до трансфер, постојано излегува некој проблем.
    Пробав и овој месец и изгледа пак нема да се дојде до трансфер :(.
    Се одеше добро, пред циклус бев на ехо ми рекоа добро е, нема цисти, полипи во матката сл.проблеми, откако ке добиеш втор ден да се провери Е2, ЛХ и прогестерон, доколку се во ред почнуваме. Хормоните беа во ред, ехо повторно ми правеа во ред и почнавме. Од терапија циклопрогинова белите по една наутро и навечер, клексан од трет ден на циклус заради мутациите, метилирана фолна, метилиран б12, и б6.
    И повторно вадење хормони на 9 ден и ехо преглед.
    Хормоните во ред, ендометријумот 6,7 мм, не знам дали е добро за 9 ден од циклус, но и фоликул од 17 мм, кој ако прснал, ке направил овулација, ке се повишел прогестеронот, а тоа не било убаво, така ми рекоа .
    Ако дошло до овулација, цела постапка се прекинува и се чека нов идеален циклус.
    Сега цела сум во прашалници ???
    Како на вас ви ја запират овулацијата? Каков е тој идеален циклус без овулација ?
    Засега продолжуваме со истата терапија и со циклопрогинова (бели) три пати на ден, па во вторник повторно на ехо.
    Ако фоликулот прснал ке се прекине цела постапка.
    Имал ли некој сличен случај?
    Рековме дека ова ни е последно ин витро и никако да дојдеме до него ;(
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.024
    Допаѓања:
    4.096
    Пол:
    Женски
    Кај кој доктор се водиш? Не ми е јасно како може да не може да ти ја одреди овулацијата? Па ќе одиш секој ден ако треба на преглед и ќе знае или па со инекции ќе се темпира овулацијата
     
    На MMA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    А нели треба да има овулација, колку јас што се разбирам нели се дава стоп инекција, пука фоликулот, и на 5 ти ден ги враќаат одмрзнатите ембриони? Не ми е јасно ова:|
     
  9. maaitka

    maaitka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Имате ли замрзнато ембриони? Ако имате колку што знам треба да има овулација па да има трансфер. Првото инвитро со замрзнати чекавме да има овулација па потоа правевме трансфер затоа не ми е јасно што сака докторот
    Или читам викате циклус без овулација значи 2то инвитро кога го правев не чекавме т.е не гледавме дали има овулација само чекавме ендометриумот да ја достигне дебелината не ми текнува колкава и чим ја достигна на 15 ден од циклус направивме трансфер но јас пиев естрофем за ендометриумот.
     
    Последна измена: 25 октомври 2019
  10. *Ribolovka*

    *Ribolovka* Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    @maaitka , @Alishan30 , @mace89
    Во Грција правам ин витро.
    И мене не ми е јасно ова со овулацијата па затоа прашувам.
    Ми рече дека ако прсне фоликулот се крева прогестеронот, па не е добро.
    И јас целата сум во прашалници, три години се маткам веке се нешто излегува.
    Не ми јасно каков идеален циклус без овулација треба да се чека, и како ке се дочека тоа?
    Вас ви правеле трансфер и покрај тоа што доагја до овулација ?
    А ендометријумот добар ли е ?
    6,7 мм на 9 ден од циклус?
     
    Последна измена: 25 октомври 2019
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anetaoh

    Anetaoh Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.701
    Се чека да прсне фоликулот ако правиш трансфер на природен циклус ,ако си со терапија не. Еве јас првиот пат бев на природен циклус се гледа трансферот да биде после овулација,а вториот пат бев со терапија и пак имав фоликул ,тогаш ми ставија стоп инекција да прсне фоликулот па да бидне трансферот. Затоа обично трансфер на замрзнати ембриони е околу 18 ти ден од циклус,а ендометриумот за 9 ти ден е тенок требало да ти појача естрофем
     
  12. *Ribolovka*

    *Ribolovka* Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    6,7 mm, дебелина на ендометријум на 9 ден од циклус е тенок???
    Само што читав на интернет дека за 10 ден идеално е да е 6 mm.
    Значи залудно сум се израдувала ;(
     
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.498
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Ако сака да немаш овулација, треба да ти даде нешто Супрефакт, па ќе има целосна контрола врз процесот. Инаку, обично ако се оди на пророден циклус, тогаш се чека фоликулот да прсне за да се направи трансфер.
    Не ми е јасно со кој начин оди докторот.
     
    На *Ribolovka* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. *Ribolovka*

    *Ribolovka* Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Искрено и мене не ми ништо јасно.
    Отиде и овој циклус бадијала, ниту ендометријумот е добар, ниту ништо.
    Повторно по стоти пат си се тешиме со мажот ми "ние да сме живи и здрави".
    Тоа е, што да се прави, од оваа кожа во друга не се влегува :(.
     
    На Bilka5T му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.498
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Па има време да се зголеми ендометриумот, ќе прсне фоликулот и после некој ден трансфер.
    Освен ако не е ендометриумот добар на ехо, мислам дека докторот ми има спомнувано слоеви на ендометриумот, па можеби тоа не е како што треба за да има трансфер.
    Ама сепак докторот знае најдобро дали е моментот за трансфер.
    Ајде не се секирај, ќе дојде вистинскиот ден :hug:
     
    На Alishan30 и *Ribolovka* им се допаѓа ова.
  16. *Ribolovka*

    *Ribolovka* Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    И ја те :hug: тебе, ти благодарам многу на подршката.
    Што е судено, тоа ке биде, изгледа многу големи очекувања имав овој пат, па и затоа толку многу психички паднав :|.
     
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.498
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Држи се! Ќе помине и ова... :(
     
    На Alishan30 и *Ribolovka* им се допаѓа ова.
  18. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.024
    Допаѓања:
    4.096
    Пол:
    Женски
    Мене докторот Димитров ми кажа да одам на преглед на 11 ден а некаде на 14 ми е овулција што значи дека три дена после овулција ми би направил трансфер, пошто ембрионите ми се на трети ден замрзнати. Он чека прво овулацијта да помине па да ми направи трансфер. Види ако те матка докторот смени го , според мене неможе така има начини и методи тоа да се реши :*
     
    На *Ribolovka* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    5.362
    Пол:
    Женски
    0ли, најпрво честитки за бременоста, ти посакувам да имаш школска бременост и со лесно до крај :*.
    Гледам си примала Арвекап. Може да ми кажеш искуства со таа инекција? Од колку мл. прими?
    Јас месецов пробав криотрансфер но ми ја одложија постапката заради висок прогестерон. Сега ми предлагат деновиве да примам една инекција Арвекап од 3.75мл. за да би се избегнала овулацијата.
    Во недоумица сум |(.
    На кој ден од циклусот ти ја ставија тебе инекцијата, имаше ли нус појави? Доби ли нормална менструација после инекцијата?
    Поздрав душо и гали меше :*
     
    Последна измена: 31 октомври 2019
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.498
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Мислам дека истата доза ја примав како што ти рекле и тебе, од Солун ги набавив.
    Арвекапот има дејство како Супрефакт, само е попрактична бидејќи нема боцкање секој ден.
    Првата инекција на втор ден од циклус ја примив, па по 28 дена ја примив и втората. За нус-појавите напишав во претходниот пост, особено изразени ми беа по втората инекција, со првата лесно поминав. Но секој организам е различен и не мора да значи дека и тебе ќе ти е така.
    Двата месеци немав менструација. По поминувањето на дејството на Арвекап, се продолжува со трансфер, не ни треба да добиеш.
    Во јули имав последен циклус, во август не добив и во септември не добив, па следуваше трансфер и не добив, останав бремена :)
    Ти посакувам успех со Арвекап каков што имав и јас (fingers) Само храбро и сè поминува, сè се издржува, слушај го докторот. И знам како ми беше два месеци со инекциите, и пак би ги примила со надеж за успех :nod:
     
    Последна измена: 31 октомври 2019
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.