Благодарам на информациите и посаканиот успех , дај боже да се случи чудо и кај мене. Некако ми е чудно, немаш менструација, како и кога проверуваат хормони, за да се почне? Тебе ти проверуваа хормони?
Не ми проверуваа ништо, според ендометриумот на ехо докторот прави проценка. Мене природно ми се задебелува ендометриумот и немаше потреба од Естрофем долго време да пијам и со најминимална доза се задебели, но ако некоја има проблем со тенок ендометриум, ќе треба Естрофем да пие повеќе и кога ќе дојде до соодветна дебелина, ќе почне со прогестерон. Кога беше спремен ендометриумот, ми кажа да почнам со Пролутекс и со Утрогестан и по пет дена имав трансфер со бластоциста. Додека си под дејство на инекцијата, тој ќе одреди кога да ти даде естроген за да се задебелува ендометриумот.
Здраво девојки јас почнав полека да се спремам за трансфер со замрзнати ембриони.чекам да добијам менструација па да направам брисеви,хормони и една крвна слика.ќе треба ваучер да чекам докторот и мојата матична не сакаат да плаќам приватно па зошто да не го искористам ваучерот имам замрзнати за уште 3 трансфера за 2 недели имам закажано во систина за контрола и да видиме како ќе почнеме до тогаш ќе треба да добијам менструација.секој совет би бил добродојден.
Не Незнам дали може. Но јас ќе одам како и секогаш сите потребни документи ќе ги предадам потоа на крај само трансфер ќе искористам со тоа следи и сите контроли и др.што треба.
Мене последниов месец ми е така, незнам од каде. А убедена бев дека не сакам второ дете Да се чудиш. Мислам дека ако не се решам во блиска иднина, нема никогаш да се решам
Јас да ве прашам. Имав втор ваучер и до пункција стигнавме, замрзнавме ембриони. Ме интересира што се треба да платам јас за трансфер? Трансферот ми важи ли како неискористен или не? Треба 24000 да платиме за замрзнувањето, ми кажаа тогаш ќе платиме на трансфер. Друго нешто треба ли да плаќаме? Да знам да си се подготвам, уште овој циклус да добијам и следниот би требало да е трансферот.
Зависи од докторот, а ти кај Таше, гарант нема да ти го важи ваучерот за трансфер Се плаќа трансфер плус терапијата.