И јас имав одложен трансфер, па кога го правевме трансферот, тој си беше од ваучерот, не платив за тоа. Терапијата знаеш дека не влегува во ваучерот. Ме запрепасти @kukla21 со муабетов дека нема да и' важи
Би требало да важи трансферот зошто не ми е искористен, ама мила Оли, никогаш не се знае, па да не се шокирам тогаш, подобро да си знам со време
Што знам, сите пишуваат Таше лаком за пари, па ми има логика да не важи За другиве клиники знам како кај тебе прават.
Те сфаќам, прашај си за секој случај, поточно кажи си дека треба да го искористиш. И не е фер ако ти го наплати. Мене пункцијата ми беше во април, а трансферот го одложивме за септември, после четири и пол месеци од пункција и ми го зедоа предвид. А ваучер одобрен во февруари.
Кај Таше не важи сигурно. Моја братучетка поради х причини немаше трансфер и толку беше од ваучерот. Тој и беше втор ваучер, па чекаше 6 месеци за новиот.
Неможе да не ти важи бидејќи ти не го искористи трансферот. Значи трансферот ти следува и не би требало да плаќаш. Јас исто имав одложен трансфер и после 2 циклуси правев и не платив ништо ова ти кажувам за newborn. Така да распрашај се убаво ама сепак трансферот ти следува со ваучерот
Ајдеее, да ја живнам малку темата . Закажан криотрансфер за 29 ноември, односно следниот петок, после точно три години од моето последно неуспешно ин витро. Три години никако не можев да дојдам до трансфер. Прво лечев ендометритис, па хормонални дисбаланси, па два missed abortion, па бактерија стрептокока,па низок вит. д, па прогестеронот ми беше висок, и да не набројувам што уште не. Еве сега конечно коцките се наредија, па да видиме . Инаку, каков и да биде исходот од овој трансфер, си рековме со мажот ми дека оваа е нашето последно ин витро. Се бориме веке шест години, пет години активно, значи ептен активно нон стоп по болници, и мислиме дека веке е доста. Срека наша, па постојат и други начини за да си се оствариме како родители. Како одлучил дедо боже, така нека биде .
Дај боже мила . Ти благодарам многу Дај боже . Малку е рано, но сепак да и посакам на малата кукличка срекен роденден и во петок да си поминете лудо и незаборавно
@eta Конечно, многу се радувам! Ова ќе е вистинскиот момент, сега ќе е успешно! Како што се наредија коцките за друго, така и оваа коцкичка ќе се нареди
@eta со лесно Ти посакувам успех и да успеете, нема откажување, и одвај чекам да пишеш овде позитивни вести ќе ти се придружам и јас во декември
@0ли , ти благодарам, дај боже, да се состави мозаикот, да се нареди и оваа коцка која недостасува. Те @Alishan30 благодарам на посаканиот успех, ајде нека почне одбројувањето и кај тебе, па оваа нова година да си ја дочекаме со позитивна бета и 2020 рацете да ни се полни со бебчиња
Фала ти . Не се спремам нешто посебно, зошто веке со години внимавам на исхраната. Од витамини само б6, метелирана фолна и метелиран б12, вит д ми е добар, пиев ампули, и планирам од понеделник фемибион 1, да си земам, така ми има препорачано трансфузиологот. Ананас се уште си немам купено, може овој пат да поминам без него и без авокадото . Мене најголем проблем ми е стресот, него не можам да го контролирам .
Кај кој доктор си? Ти посакувам успех,овој пат да ти биде последен со бебче ,фемибион се добри но мислам многу порано требало да ги земеш ,а зошто ти ги препорача трансфузиолог ?
Благодарам на посаканиот успех Во Грција правам ин витро. Фемибион ми ги препорача трансфузиолог заедно со метилирана фолна, б12, б6, клексан и аспирин, заради мутациите што ги имам. Ми рече пред трансфер да почнам да ги пијам. Моите ембриони се веке готови, тие што остануваат природно бремени да не случајно порано почнуваат со витамини, ретки се тие што пијат дури и фолна пред забременување. Што ми рекоа во Грција, мутациите на ова поднебје ги има скоро секоја жена, за успешно ин витро се потребни чиста матка (без бактерии), добар ендометријум и здрави ембриони, а другото витамини и сл. работи се споредна работа. Клексани примам од 5 ден на циклус, кардиопирин исто ке треба ден, два пред трансфер. Сето ова по препорака од трансфузиолог.