Зависи каква ви е работата,ако ви е цел ден на нозе барајте повеќе денови боледување,а ако ви е со седење можете на работа од 4 тиот ден најбитно е да не кревате тешко и да не се качувате по скали. Среќно
Мојата е со седење работа повеќе, но стресна. Бар дома нема да мислам на деновите до тест, брзо ќе ми минуваат, само бедоксинче да си пијам за да не ме изнервираат
Да се сместам и јас во групава Од 17 јк извадени 15 оплодени, на трет ден останале 11, а денес замрзнавме само 4 бластоцисти. Колку се толку се само да се здрави и живи Трансфер најверојатно во февруари, така кажа докторот денес.
Да ја живнам малку темава рано на сабајле Домашен тест на 11 ден после трансфер . За еден сат одам да вадам крв за бета . Чуства: многу возбудена, но во исто време и исплашена некако .
Ти благодарам многу мила Дај боже овој пат да биде се во ред . Господ на сите нека дава ваква возбуда . Те чекам и тебе наскоро со ваква објава
Честитки, ај за убаво! Многу ме израдува!!! Со лесно да оди и за 9 месеци да се гушкате! Нормално дека ќе си и возбудена и исплашена, но ќе биде сè добро Да се множат успешни трансфери, темава само со убави вести да се полни!
Многу ти благодарам @0ли Реков, дека нема да читам за симптоми после ембриотрансфер, но, да бидам искрена, сношти не можев да издржам, откога осетив менструални болки, па зирнав во твоите постови . Дај боже да се множат позитивни тестови
Честитки мила, со лесно нека ти е Не сум дел од темава, ама некои членки, меѓу кои и ти, ве знам и ве следам до кај сте Искрено се израдував, браво Те чекаме во труднички, доаѓај, има место
@eta бравоооо Честиткиии, многу се израдував Прекрасен тест за 11ти ден, прекрасни вести. Уживај во бременоста
Ти благодарам мила Само што се сетив дека заборавив да те спомнам во членките, кои што ми беа најголема подршка, и можеби нема да ти се верува, но, отворив за да редактирам, и да те тагирам..... кога гледам си ми пишала . Ти благодарам на честитките, и ти посакувам што поскоро да ја почуствуваш истата срекја и возбуда Те гушкам
Ти благодарам многу Овој пат се надевам дека ке биде се во ред, и дека ке ве дружам во труднички и јас, и сите оние кои што ја водаат оваа борба Искрено, едвај чекам
Вредноста на мојата бета хцг денес е 474, 46 Многу сум срекна Моите две неуспешни бремености, ги оставам зад себе, овојпат решив да уживам во сегашниот момент и да мислам само позитивно @princess5 , @lia22 ви благодарам на честитките, господ само со убавини да ве дарува Ве