1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансфер со замрзнати ембриони

Дискусија во 'Бременост' започната од kukla21, 1 април 2017.

  1. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Девојки имам замрзнато ембриони во Систина и рокот на плаќање ми беше до 03.12.Прашањето ми е дали треба да им се јавам за доплата за наредната година,и колку е за доплата(ако знае некој), дали да им се јавам,ми е страв да не ми ги уништат без да ме прашаат или да платам казна за тоа дека каснам.Фала ви друшки:*
     
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.122
    Пол:
    Женски
    Ќе ти се јават они да те потсетат, не бери гајле.
    И нема да ги уништат во никој случај без да потпишеш.

    За цената Не знам, имале покачувања
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Melek2018.

    Melek2018. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    Платив плус 100€од редовната цена скоро сите цени ги покачиле пред месец дена платив. А за уништување ми рекоа дека ако не платам на време тие можеле сами без да ме прашаат да ги уништат :devil::@ како така..:x нека пробат па ќе видат (facepalm) не бев во мк затоа задоцнив со плаќање ама штом се вратив веднаш платив :x
     
    На Martka и eta им се допаѓа ова.
  4. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    5.362
    Пол:
    Женски
    Е како така, да се уништат без согласност и потпис на двата партнера?
    Ние во Грција имавме замрзнато од декември 2016.
    Само првата година плативме за замрзнувањето. За 2018 и 2019, не ни земаа ништо.
     
    На Melek2018. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Only1

    Only1 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Колку точо плати за чување.Ние лани замрзнавме,еве сега во февруари 1 година.Па сакам да знам колку ке треба да доплатам за чување.
     
    На Melek2018. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Melek2018.

    Melek2018. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    280€плативме а замисли кога направивме договор беше секоја година +180€..значи многу ги покачиле цените :worried:
     
    На Only1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Only1

    Only1 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Многуу, јас мислев дека е околу 150 евра.Ама сигурно ке ми се јават кога ке треба да уплатам
     
    На Melek2018. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Melek2018.

    Melek2018. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    Да тие ќе ти се јават сигурно.
     
    На Only1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.477
    Пол:
    Женски
    Друшки, дали некоја моментално се спрема за трансфер да споделуваме искуства?

    Јас вчера бев на 25ти ден од циклус кај докторот (тој така ми кажа кога замрзнувавме), и ме врати ми рече да дојдам после добивање на 12ти ден, без никаква терапија, ако му фатело окото тогаш ќе сме правеле трансфер на природен циклус, ако не од нареден после со терапија.

    Прашав за хормони, ми рече ништо да не испитувам.

    Моментално сум на редовна терапија со еутирокс, аспирин, метформин и достинекс.

    И така во мене се јави Миле-паника, темава три пати ја превртив и си поплакав кога видов дека има и со ваков протокол што успеале, само пак црвот во мене си гризе и се мислам дали нешто да испитувам..
     
    На Milobebence и Melek2018. им се допаѓа ова.
  10. Zineta

    Zineta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Devojki bidna mojot transver vraten mi e eden embrion blastocist sega dve nedeli da si galam mese
     
    На Macufceee11, Broki5, Milobebence и 9 други им се допаѓа ова.
  11. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    5.362
    Пол:
    Женски
    Ајде со срекја :l:
    Чекаме висока бета
     
  12. Zineta

    Zineta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Blagodaram mila se nadevam na pozitiven rezultat
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Melek2018.

    Melek2018. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    Здраво и на тебе..јас чекам ваучер до понеделник треба да ми стигне
    Иначе јас бев на обична контрола кај мојот доктор што планирам да правам трансфер..тој ми кажа дека првин ќе примам некаква терапија да се подготви телото па после трансфер иде..иначе јас подобро би ти рекла да идеш како и другите со терапија сепак ти знаеш подобро со среќа нека тие.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    91.515
    Пол:
    Женски
    Со среќа и успех
     
  15. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.477
    Пол:
    Женски
    Фала ти @Melek2018. за мислењето, сепак прашањето ми беше дали да правам испитувања на хормони а, не дали да земам терапија на своја рака.
    Тоа не одлучувам јас, верувам дека докторот знае што прави.
     
  16. Zineta

    Zineta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.485
    Допаѓања:
    35.206
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти речам не проверувај ништо, сепак мора сама да одлучиш дали ќе го послушаш или на свое ќе испиташ.

    Можам да ти кажам јас како постапив кога нешто слично ми се случи. Пред последниов трансфер додека се договаравме со докторов кога да почнеме, што ќе правиме, му велам дали да проверам сега пред трансфер брисеви, пап, хормони. Тој вика ништо. И јас изненадена му велев како вака ништо, а вратена од одмор, можеби сум закачила бактерија по мориња и езера, ова лето од вода не излегов. Му велам хормоните да видиме да не се пореметиле нешто. Вика ај олабави и ништо не проверувај, сè имаш претходно проверувано, башка никогаш бактерии си немала и хормоните ти биле во ред.
    И го послушав, не се замарав со испитувања, што за мене е чудно, секогаш мораше сè да ми е испитано пред што и да е. Решив да го послушам. Во мојот случај излезе ок што не проверив ништо, останав бремена и навистина немав никаква бактерија на брисевите во 12-та недела.
     
    На duffi, tina2018, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.477
    Пол:
    Женски
    Фала @0ли, премногу значи секое позитивно искуство.
    Дали земаше нешто терапија пред трансфер?

    Мене малку ме буни тоа што на последните резултати од трет ден на циклус Лх ми е 4 пати помало од Фсх, пролактин ми е 0,5 и завчера кога му ги покажав на Др ми рече батали тоа не ме интересира, не ти треба терапија.

    Пробувам барам по нет колку тоа сето има врска за трансфер, т.е. за подготовка на матката..
     
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.485
    Допаѓања:
    35.206
    Пол:
    Женски
    Имав припрема пред трансфер, но јас сум таков случај што кај мене не може трансфер на природен циклус. Два месеци пред трансферот ми ги ставија јајниците во мирување.
    Еве го моето мислење што го пишав за овој успешниов трансфер, целата терапија ја имам напишано.

    Нормално е да чувствуваш страв и да читаш и истражуваш, но верувај му на докторот, ти ја знае ситуацијата и мислам дека тој знае најдобро со каков протокол ќе одите и каква терапија ти е потребна.
     
    На Nithya и eta им се допаѓа ова.
  20. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.477
    Пол:
    Женски
    Фала @0ли ми текнува дека го прочитав мислењево твое, памтам пребарував што се бускопан и атостибан..
    Случајно од форумов открив дека треба да пијам еутирокс и дека д3 ми е ниско, затоа некако сум со сомнеж према докторите.
    Сепак фала ти за поддршката, ќе пробам помалку да читам и повеќе да се опуштам :hug: