Девојки колку пати се одеше на мерење на ендометриум месецот кога се прави трансфер, 2? Сум заборавила... и на кои денови одприлика?
Ајде малку да ме упати некој. Што треба да се испита пред трансфер со замрзнати - планирам да правам ПАП, микробиолошки, хормони. Што препорачувате во подготовка од витамини. Пред првото ивф пиев Фемибион, Betaimune, Omegazon, внимавав прилично на исхрана и бев физички активна. Што би ми препорачале да пијам чисто како подготовка на организмот. И уште ова - се мислам дали да поднесувам за ваучер или да терам приватно да не трошам. Иако имам 6 замрзнати никогаш не се знае. Палнирам да одам и на консултација кога ќе ги направам основните испитувања, ама секоја препорака ќе ми е добредојдена.
Ајде мами да се дружиме Јас пиев и обунорм, q10, гледам и Е даваат и обавезно провери вит Д да видиш да не треба да воведеш и тоа во терапијата.
Ако е се во ред планирам март, април да одам по замрзнатите Почнав поозбилно да се спремам. Ќе почнам со омега, фемибион, q10 за почеток. Во петок сум кај матичниот па ќе барам упат за хормони. А витамин д може исто он да ми даде да испитам или друга е процедурата?
@Ano Пред трансфер пиев пробиотик, метилирана фолна, метилиран Б12, Б6, Омега3, витамин Ц, селен, витамин Е, б-комплекс, магнезиум, Д3. Витамин Д можеш да испиташ на Клиничка биохемија заедно со хормоните, но не знам дали може матичен за Д да даде или мора специјалист. @Bubce38 знам дека испитуваше заедно со хормони и Д3, но мислам дека упат имаше од специјалист.
Немам поима дали може од матичен. Јас со упут од невролог испитувам све, па дури и оваријални резерви
Ете ќе вклучам и витамн е, а пијам и магнезиум со витамин б и с за да ме опушт малку. Се мислев дали место фемибион да земам метилирана фолна, ќе видам за ова и со матичниот. За витамин Д ќе видам ако може гинекологот да ми даде, ако не ќе испитам приватно ако прават некаде. лесно ти е тебе со доктор дома. И со лесно боцки
Претпостав6вам хаос дека е направено. Ама бар ми е упатен матичниот па ќе знае сигурно што може што не може. Од петок почнувам со испитување па се надевам со ќе биде во ред иако претходно пиев бромергон по шема зошто пролактинот ми беше на горна граница. Леле како сум тргнала цела аптека ќе треба да купам
Витамин Е од 400 земав од Натурал Велт. А ку10 одамна немам пиено, само за првото инвитро земав, не можам да се сетам кои беа.
Ad·www.iherb.com/ iHerb® - Official Site | Low Cost Int'l Shipping Разгледај овде. Све е квалитетно , а и на пола цена ти се. Све има. Ај годинава да се сретнеме во труднички. Јас, ти , @eli25 , @kukla21 веќе има фатено место. И @emkaemka нека не се прави на три ипол. Нека доаѓа и она. Баш интересно ќе ни биде
Со лесно и пуштам среќичка Да бидам искрена појма немам што се пиев, па не знам да споделам, +/- некои 7-8 апови беа .
се надевам дека ќе има дружба и јас Битно ја подбутнав работава, па ќе видиме како ќе оди. @emkaemka сигурно уште нешто ќе вклучи Трајковски, јас ова сама за подготовка. Ајде и ти приклучи се на дружината. Благодарам на сите
Дали некој користел спреј Лензето во припрема за трансфер со замрзнати ембриони покрај Естрофем? Какви се вашите искуства?