Zdravo devojki i jas ke napraem transfer so zamrznati embrioni no samo impryl pijam nisto drugi i folikulite mi se mnogu mali ima 3nedeli sto izlegov od periodot nemam ovulacija ima li nekoja vakva situacija?
Девојки многу качени цените во Систина.Денес ми се јавија за чување на ембрионо за една година 286 евра а претходно мислам дека околу 180 евра беше.
Ако не сум во грешка ние во февруари плативме 17.000денари за чување до наредната 2021 година и многу е,ама тоа е.
Pozz do site.sakam da prasam koja terapija ja primivte pred transfer so zamrznati embrioni.fala mnogu
ме интересира дали некој примал триптофем пред трансфер со замрзнати? Јас имам два неуспешни трансфера со замрзнати ембриони на спонтан циклус, а сега примав прво микрогинон, ги прекинав и циклусов ептен краток, денес трт ден, а скоро и да немам. А од денес треба пола триптофем да се боцкам. Се извинувам за долгиов пост
Нормално е кога примаш контрацептиви да немаш нормален циклус. Повеќе е како некоја црна крв, ептен, ептен оскудно. Без грижи.
Девојки, тие што имале или имаат трансфер со замрзнати со терапија, исто се примаат и фостимони? Примам триптофем, тие се нели за смирување на јајниците, па незнам како оди постапката после?
Јас имав една инекција арвекап од 2,75 . Во состав е триптофем, само во поголема концентрација и затоа се става само една. Фостимони не би требало да ти дадат, зошто тоа е веке стимулација, а зошто да ти ги стимулират јајниците, кога ти веке си имаш готови ембриони.
Јас веќе 6 примив, а од трет ден ми намалија по пола Триптофем, и мислам 8ми или 9ти ден ќе треба да одам на преглед, а естрофем 3 пати по две. Не сум имала до сега трансфер со замрзнати со терапија и затоа не ми е јасно како оди постапката. Фала на одговорот
Исто и јас пиев циклопрогинова (само белите) три пати на ден. Сега на 9 ден ке ти мерат ендометриум, и имаш уште едно ехо на 13/14 ден, кога ке ти го закажат денот за трансфер, и ке почнеш со прогестеронска терапија. Постапката со замрзнати ембриони е многу поедноставна отколку класично ин витро. Многу срекја душо
Можеби е офф топик, ама не најдов друга тема (ако има префрлете ме таму) Дали мора да бидат ембриони или може да се замрзнат само јајце клетки и сперма, одвоено? Во случај на болест на еден од партнерите да може да се искористат. Ви благодарам
Можеш да замрзнеш, се што сакаш. Може и само јајце клетки, и само сперма, и ембриони Велат дека ембрионите издржуваат повеке, за разлика од јајце клетките. Цената на замрзнување е највисока на јајце клетките, баш за тоа што се понежни и бараат посебни услови.
Здраво девојки. Во Понеделникот правев трансфер на замрзнати ембриони и денес ми е втор ден. Од терапија имам 2x1 дабростон, 1 аспирин, 1 клексан и метилфолат. Од вчера имам бел исцедок на бришење но и во мокрачата како бели ситни парченца. Исто имам и денес и плус малце кафен исцедок. Многу сум загрижена. Му ѕвонев на докторот но неможев да го добијам. Се слушнав со сестрата ми вика од дабростонот е. Ве молам ако имала некоја ваква ситуација нека ми пише. Имам и гасови и температура некаде 37.2.