Воопшто не паничи нормално е од даброатонот да ти се појават од бели до темни точки ...покриена си со терапија уживај и гали меше...
Дали некоја замрзнувала само еден ембрион? И ме интересира дали ако еден циклус смрзнам еден ембрион, ....после некој циклус ако добијам уште еден, дали пак плаќам за смрзнување како и првиот пат. И цена за трансфер со смрнат ембрион? Пишав и во другата група, па и тука, како специјална за fet, Не сум замрзнувала досега ембриони, ама бидејќи годините летаат, а постојано имам транафери а резхлтат нула, размислувам да замрзнувам ембриони, ќе одам на природен циклус, знам дека не е баш финансиаки исплатливо, ама и на терапија бап не реагирам од доаегашно искуство. Се распрашував нели пред некој ден, за цени и постапка за замрзнување ембриони. Е сега вака логички размислувајќи, да ме потврдите дали е така,...при постапка со замрзнати ембриони, фоликулот пука, природно или со стоп инекција нели, и автоматски се ослободува жолто тело кое лачи прогестерон.....а при пункција се вади фоликулот и нема жолто тело за да лачи,... На ова се должи поголемата успешност со замрзнати или не?! Додуше и организмот е поодморен притрансфер,?! А и секако и прогестеронска подршка се дава и во двата случаи. Во принцип на кој ден ги замрзнуваат,...ја читам групата и има различни искуства
Една членка пиша дека во Ремедика сега замрзнување на еден ембрион е 9000. Оди распрашај се а за успешноста незнам, јас имам природна бременост па после година дена трансфер со замрзнат и неуспешен и сега трансфер со две замрзнати заврши со биохемиска. И двата беа во природен циклус така да сега доколку правам ќе биде со естрофемска терапија
1/3 од мојот план се оствари . Извадивме 1 јк на природен циклус вчера. Денес имам едно ембрионче. Утре очекувам да ми кажат дека продолжува да се развива и кога ќе го замрзнат. Вашите искуства какви се, на кој ден ги замрзнуваат, има правила? И после за трансфер, читав кај некои истиот ден ги враќаат кога ги одмрзнуваат (претпоставувам дека се бластоцисти), а тие што ги чекаат плус некој ден по одмрзнување, најверојатно се чека да го стигнат тој стадиум на бластоциста?!
Честитки за ембриончето, да буде јунак Моите ги замрзнаа на втори ден. И после истиот ден кога е одмрзнувањето ми ги вратија. Јас за жал имам неуспешно искуство, но има доста девојки кај кои е позитивно. Не се оптеретувај со тоа, ти мисли само позитивно, нема правило за успешноста дали е втори, трети или петти ден..Ти посакувам успех
Јас имам замрзнати на 5ти ден бластоциста и трансферот е ист ден кога се одмрзнуваат... Јуначето твое зависи докторот и ембриологот како ќе речат може и тродневно да е... стискам палции наскоро кај мама во меше да си се развива
Кај мене замрзнат беше на 5 ти ден...а го одмрзнаа на денот на трансфер и беше успешно.Ајде о кај тебе ке се избори јунакот и ќе се развива во меше кај мама која ќе го гали.Само храбро и со среќа
Кај мене замрзнувањето беше на трет ден. На последното ин витро ги одмрзнаа еден ден порано и ги чекаа да дојдат до стадиум морула. За едниот ембрион рекоа дека било дојдено до фаза на почеток на бластоциста. Можеби е баш тоа јуначето кое расте во меше Трансферот ми беше на четврти ден.
Моето ембрионче рекоа ќе го замрзнат на трети ден. А ќе го одмрзнат на денот на трансфер, така ембриологот ми кажа. А шо е разлика, на ден на трансфер да го одмрзнат и вратат или пак да го одмрзнат и почекаат некој ден, незнам. Ова за прва пат го правам
Здраво драги мои малку сум во двоумење па сакам нешто да ве прашам. Значи на 18 овој месец имав трансфер на 2 замрзнати бластоцити инаку денес ми се паѓаат 9 дена од трансфер. Последниот циклус ми беше на 27 мај е сега по правило јас требаше да добијам циклус на 24 јуни по шо баш ми е точен ми доаѓа на 29 дена. Е сега прашањето ми е дали е можно да се десило да биде се ок и да сум бремена.
Мораш тест да направиш. Примаш прогестееонска поддршка најверојатно и од тоа голема е веројатноста да не добиеш.
Покриена си со терапија нема да добиеш... а за некој ден направи тест и ќе знаеш дали си бремена...стискаме палци за 2цртки
Дај боже Од терапија примам насабајле аспирин, попладне тифол се боцкам со пролутех и навечер ставам кринон дај боже да не добијам во секој случај фала ви
Другарки,може да ми кажете тие што сте правеле трансфер на природен циклус на кој ден ви беше трансферот?