Честитки!!!! Со лесно и само убавини до крај . Каде правеше? На природен циклус? Колку дневно беше ембриончето? На кој ден од циклус? Извини за прашањата. Дај Боже за сите што поскоро
Od 3 den posle transver kako zestina cuvstvuvav kaj matkata, 6 den odbivnost kon kafe nautro i zgolemen apetit. Vo belgija od 2 den od ciklus pocnav so progynova, 5 dena pred transver 2 pati na den po 2 utrogestan vraten 5 dneven embrion 22 den od ciklus posle transver prodolziv so istata terapija i plus 2 den od transver inprosub inekcii.
Навистина не знаев дека бетата може да биде супер, а пак да се случи биохемиска. Мислев ако само е многу ниска. Значи цело време да сме под стрес.Како и да е, немој да мислиш на лоши работи, овој пат ќе ти биде успешно.Верувај и радувај се.
Девојки, Д-р ми кажа 6 недели пред трансфрер да примам Декапептил Депо инекција од 3,75, но таква не можам никаде да најдам ниту во Берна во Чаир, ниту во Марија Фарм ниту во Систина во аптеката. Дали некоја земала и би знаела каде можам да најдам?
Ми кажа каде да барам ама ја нема таму, се јавив во сите. Може ќе одложам овој циклус ќе видам што ќе направам.
Мила...побарај сара фарм аптека (на бети) прашај дали можат да ти ја донесат ако ја нема моментално.... обично вршат таква работа за бекој лек што го нема тие знаат кој што им доставува
Можеш да провериш во аптека Опиум во Лисиче. Кога сум барала некои лекови а ги немало ми ги нарачувале и за ден два сум можела да ги подигнам.
Има и во КВода и во Драчево... види јави се на некоја од тие две... јас ако го најдам бројот ќе ти пратам во порака број
Јас примав за вториот трансфер Lenzetto. Иста доза примав како Естрофем, 3 х прскања на ден. Lenzetto се смета за полесна варијанта за желудникот. Така и ми објасна др, дека се трудат да го одморат желудникот од премногу лекарства а намената и ефикасноста е иста. Но за третиот трансфер пак ме вратија на Естрофем. Внимавај само добро да прснеш и да го оставиш добро да се упие, не ставај облека некое време откако ќе прснеш. Јас малку бев скептик дали добро ја прскам дозата. Гледај добро да го притиснеш на кожата пред да прснеш (внатрешна страна од лактот најдобро), за убав круг да се направи и да видиш/осетиш доволна аплицирана количина. За ефикасност не знам што да советувам, сепак како посигурни ми се Естрофемот поради начинот на апликација.
@DTN Мене ми препиша два пати по две прскања во делот кај што земаме крв од вена,поубаво да појаснам. Со желудникот сум слаба можеби и затоа на ова одлучи др. И уште кажи ми во кој период од денот прскаше,има врска?? Др беше во гужва па нешто не успеав да ја потпрашам детално
Сега си го проверив екселот кај шо водам евиденција за терапија. Дозата ми беше 3 х 2 прскања. И мене не ми прецизираа точно време се сеќавам. Јас ги темпирав сабајле, ручек, навечер. Отприлика гледав на 6-8 сати растојание да биде.