секој совет е добредојден - и за витамини и за анти паника и покрај тоа што не ми е прв крио трансфер... сепак неизвесноста, стравот од неуспех се тука ... ме пратат... И друго, докторот мис помна за некоја инекција за во матката, ако има потреба дека ќе ми ја даде...ама не ми кажа што конкретно е тоа... па не можам ни да сурфам по интернетов, бидејќи не знам што е ...дали има некој со вакво искуство или слично?
@alisijad како се викаше инекцијата што се ставаше во матка за подобар ендометриум? И мене ми беше спомената, ама не ја примив бидејќи добар беше ендометриумот.
Една членка баш ми ја спомна инекцијава, Декапептил е, ама некој поинаков и со поинаква количина/состав од оној кој го даваат во процес. Каде ќе правиш крио трансфер, Борн?
@kukla21 дејчево мисли за ,,мојата,, Декапептил (така нели ми се викаше?!) Се да прочачкам пишам и прашам и се заборавам да споделам, жив изгубен случај сум утре можеби.. @anetass тоа моето е за подобра имплантација, кажав се става во меше по ет. Ова е друго што и спомнал докторот, пишала и членката подолу за што е/за подобар ендометриум односно се дава на оние со слаб ендометриум и се става директно во матка пред ет
Аха... дека рече само и спомнал за некоја инекција во матката, рече не знае детали.. после излезе муабетот за подобар ендометриум. Си помислив да не тоа, па истрчав да и се најдам
Митко ја дава оваа на @alisijad. Мислам кај него беше. Мене во шемата ми ја имаше пишано, ама после кажа нема потреба. Со лесно А ти имаш јуначиња и во Систина и Њу Борн? Знам последно беше во Њу борн.
Да, имам и на двете места. Да последно бев во New born. како памтиш за сите нас браво. Сега пак во систина таму - ваму Инаку ова ќе ми биде 4 ти трансфер. И ај сеа све од поново. Сеа малку ми е сменета терапијата пред трансфер. Дали проверувавте вит Д пред трансфер. Мене последно некаде во март ми било 40. Се мислам уште една проверка да си направам а и крвна слика да си направам не е лошо. Дали проверувавте холестерол итн пред трансфер? хормони ова она.... мене ништо не ми рече да проверувам... па можда и нема потреба да не се замарам толку а?
Викаат во бременост мозокот чавки ти го пијат добро се држам со меморијава Јас не проверував хормони или к.слика. Трансфер имав средина на март, а хормони имав проверено последно некаде кон октомври. Вит Д и тоа тој период некаде. И мене ми одеше кон 40ка, ама митко рече да продолжам да пијам. Освен ехо друго ништо немав проверки
Бидејќи во Битола не испитуваат вит Д во серум, јас немав направено иако Митко ми даде да направам. Кога бевме на консултација кажа дека нема проблем, ми даде да пијам витамин д меѓу другото и рече дека нема опасност ако дојде до поголем внес.
a дали е можно да е премногу естроген? и што во тој случај? онака прашувам - да знам се надевам дека тоа нема да се случи... но сепак
Естрофемот е за ендометриумот. Се сеќавам дека кога ми ја пишуваше терапијата Петановски искоментира дека 2 х2 естрофем се доволни бидејќи сум имала 32 години. Што повозрасни поголема доза. Ама не е само тоа причина за поголема доза, и ако имаш историја со тенок ендометриум даваат поголема доза. Јас немав таков проблем. Не верувам дека ќе те предозираат си знаат тие, биди спокојна.