Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансфер со замрзнати ембриони

Дискусија во 'Бременост' започната од kukla21, 1 април 2017.

  1. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Немам правено досега трансфер, крај на март имав пункција и замрзнав ембриони ради хипер. А во меѓувреме средувам и инсулинемија, покачен шеќер, пијам Имприл и други витамини да го подготвам организмот...Ќе одам октомври на преглед, па тогаш ќе видиме што ќе ми каже и како ќе го закажеме. Кај Димитров сум.
     
    На KonstantinaM, LunaGrey и marijamarkoska им се допаѓа ова.
  2. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Епа со лесно подготовки (fingers) јас пред тебе ќе кршам мраз :lol:
     
    На LunaGrey, princess5, DTN и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DTN

    DTN Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Еј здраво :) Сега дури ве читам.
    @ladystardust ти одговори подобро од мене. Мене искрено секогаш ме бунат овие називи природен циклус, скроз природен, природен-модифициран, стимулиран, итн. Јас досега сите 3 крио трансфери бев со стимулиран циклус (во главно Choriomon, естрогенска и прогестеронска поддршка). Плус, јас имам мн нередовни циклуси, па за 2 трансфери со Дабростон ми иницирале циклус. Само за еден трансфер решив да сменам и почекам мој циклус, па да темпираме припрема за трансфер на мој циклус, неинициран со Дабростон. Како решаваат дали природен или стимулиран циклус? - по моја логика мислам дека најмногу зависи дали состојбата дозволува (редовен циклус/овулација, хормони без значителни отстапувања.. ) па нема потреба од многу стимулации. Можда грешам, во мојот случај не ми ја понудиле варијантата природен циклус, бар досега. Ви држам среќа на двете (fingers)(fingers)


     
    На LunaGrey, ladystardust и KonstantinaM им се допаѓа ова.
  4. Kris80

    Kris80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    85.352
    Пол:
    Женски
    Во право си
    Јас одев така, јас немам никаков проблем сем намалените резерви и годините.Добивам на 26 дена без исклучок од кога паметам за себе. Јас бев стимулирана со мн мали дози само бемфола и цетротиде, незнам кој назив е, ама др ми рече “ ќе одиме на пр циклус”
    Како и да е нареден петок имам трансфер на едно и единствено ембрионче :inlove:
     
    На snegulka7, LunaGrey, ladystardust и 5 други им се допаѓа ова.
  5. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот и јас така сфатив дека доколку има природно ок услови за трансфер и не мора веднаш терапии,со тоа што веднаш почнувам со проверка на даден хормон,па ехо па други хормони за да видиме дали ќе оди по план,ако нешто тргне наопаку најверојатно ќе се одложи за следен циклус :?: барем така сфатив...како и да е за убаво да е кај сите :inlove::hug:(fingers)
     
    На DTN, Kris80, marijamarkoska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Леле ајдее со лесно (fingers):inlove::hug: ќе биде успешно ќе видиш :angel:кажи како ќе поминеш.
     
    На snegulka7, princess5, Kris80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Баш така е. За природен циклус потребно е да бидат исполнети следните услови: редовни овулации (и менструации), задоволително ниво на прогестерон, оптимална рецептивност на ендометриумот и синхронизираност помеѓу развојот на ембрионот и созревањето на ендометриумот. Мојот доктор знаеше дека имам редовни менструации на 27-28 дена (и овулации на 13-14 ден) и рече така ќе пробаме. У меѓувреме после пункција малку ми се поремети циклусот и сега добивам на 26-32 дена, па ќе видиме сега кога ќе идам на преглед што ќе каже и дали ќе тера со првичната замисла.

    FET на природен циклус има повеќе предности бидејќи нема потреба од додатни хормони, нема нус појави, и се разбира со тоа се и трошоците редуцирани. Во однос на процентот на успех, сум читала и нема разлика меѓу природен и стимулиран FET.
     
    Последна измена: 12 септември 2020
    На _Vera_, princess5, DTN и 2 други им се допаѓа ова.
  8. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Се нервирам од секој ќе слушнеш различно мислење и ти се мешаат мислите...пример некои трансфер без поддршка го сметаат за пропаднат трансфер :worried: доктори се верувам знаат што прават...баш ми е безвезе ;( глупо е јас да барам терапија ако тој смета дека не треба...
     
    На snegulka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    34.531
    Пол:
    Женски
    Нека не ти се мешаат... и кај мене докторот прво предложи за следен трансфер да е на природен циклус а по резултати од хормони и ехо сепак реши да идеме со триптофем... но сеуште не сум почнала (затоа остај на докторот тој најдобро би знаел и одлучил што и како треба)
     
    На KonstantinaM, DTN и snegulka7 им се допаѓа ова.
  10. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Фала ти...свесна сум дека докторот си го знае редот,ама кога секој од страна ќе си даде право за мислење и после ме фаќа паника,останува да му верувам на докторот и да пратиме ситуација :angel:(fingers)
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    А кога ќе почнеш?
     
  12. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    34.531
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме наредна недела ќе одам на консултации па што ќе каже...
     
    На KonstantinaM му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Ајде па кажи (fingers) да си бидеме поддршка ;(:hug:
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bebee1

    Bebee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2020
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам дали знаете колку пари е замрзнување ембриони во систина за една година
     
  15. Kris80

    Kris80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    85.352
    Пол:
    Женски
    За Систина незнам ама ако ти одговара во Ремедика е на ембрион 9000 ден. Два 18000 итн.....Порано беше 44000 на пет години без разлика колку имаш. Некаде од април месец имаат сменето во цените. Ова ти е сигурно, јас толку платив.
     
  16. Bebee1

    Bebee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2020
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да правам во систина ин витро прво ама многу е скапо за замрзнување 49 000 за една година. Незнам дали може на едно место да правиш а на друго да ги замрзнеш
     
    На Shkolka@ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kris80

    Kris80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    85.352
    Пол:
    Женски
    Уф,тоа не би знаела да ти кажам. Нека каже некоја друга. Веројатно и тоа може ама да не се плаќа и тоа па да ти испадне.......малтене исто
     
  18. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    Во принцип исто ти е,само во Борн е поефтино замрзнувањето ама па трансферот е поскап од другиве.
     
    На princess5 и Kris80 им се допаѓа ова.
  19. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Како мислиш во една клиника да правиш ин витро (пункција), а во друга да замрзнеш ембриони? Нема никаква логика. Па и за да ги транспортираат ембрионите од една во друга клиника треба после оплодување да ги замрзнат. Ако финансиите се голем проблем, тогаш не замрзнувајте воопшто, правете свеж трансфер со најдобрите ембриони.
     
  20. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Zdravo borci, prvoto dete 4g mi e so IUI 6ta inseminacia, za vtoro 3 napraveni neuspesni, sakam na posigurna varijanta da odam, koi clenki ke sakaat da mi odgovorat nekolku prasanja:1. Samo pravite punkcija vo ciklus pa odmarate ili transfer plus zamrznuvanje? 2. Kako se podnesuva hormonalnata terapija do punkcija i do transfer(znam deka e individualno ama sepak ke mi znacat mislenja) 3. Dali nekoja pravi ivf i pokraj anksioznost i panicni napadi, kontrolirani so lekastrva? 4. Dali e opasna hiperstimulacijata? Borbata za prvo dete si go zede danokot, na psiha, sobiram sili za vtoro bi mi znacela poddrska. Mojata ja imate, se e polesno ne se zaborava toa ama blednee sekako, so dete zivotot ima druga dimenzija. Sekoja maka se isplati ❤️ Na site vi prakam baby dust, za dve linii. ❤️
     
    На ZvezdicaLea, Meckicja, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.