Сигурно не лажам. Девојчето праша јас кажав како беше кај мене. Пример, јас не испитував прогестерон, па не реков дека прогестерон не се испитува. Секој доктор си има свој протокол, нели. Останува да веруваме во докторот и да вроди со плод.
Pri transfer so zamrznati embrioni se ceka ovulacija sledat j.kletka koga ke prsne pa se pravi ivf,,,stop inekcija se prima koga imas punkcija. Stop inekcija se stava za da ne prsne j.kletkata i da izvrsat punkcija, zasto e toa potrebno koga ti vnesuvaat zamrznat embrion? Progesteron nasekako davaat pri ivf, nekoj uspituva nekoj ne. Mozebi se imas zbuneto so punkcija i ivf, a clenkata prasuva za ivf so zamrznati....
Девојче не сакам да се докажувам, кажав еднаш и пак ќе повторам: јас пред fet примив стоп инекција! Знам за што се прима стоп инекција, не сакаш да знаеш колку пати сум ја примила. Знам дека прашањето е за транфер на замрзнати ембриони.
Forumot ne e za dokazuvane, tuku za vzaemno pomagane, nema potreba za dokazuvanje,kako i ti i jas kazav i objasnav. Sigurno ti imaat objasnato zosti ti stavat stop inekcija,mozebi endometriumot be bil dovolno sozrean ili dr pricini....spodeli zosto ti ja stavat stop inekcijata pa i nie sto imame et transfer da predlozime na dokt da promenat nesto
@simplegirll постојано мене ми реплицираш, во насока дека сум грешка. Јас споделив мое искуство, исто како и ти. Па не реков дека не си во право. Ти го сподели твоето. А девојчето @MAJA BITOLA си праша и си доби повеќе одговори како различни искуства. А можеби ќе добие и трето искуство. Ако смета модераторот дека оваа дискусија не е на место, молам да ја избришат.
I mene ne mi e jasno bidejki pri transfer so zamrznati se ceka ovulacija prskanje na j.kletka pa stavane na 3 ili 5 dnevni embrioni...toa doaga kako pri prirodno zacnuvane. No me interesira zasto davat stop inekcija so toa se odlozva transferot vsusnost...mozebi ke dade objasnuvane nekoja clenka
Jas se izvinuvam ako na nekoj nacin te navrediv.Ti repliciram bidejki mi treba podetalno objasnuvane zasto pri et ti stavile stop inekcija, dali so toa ima sansi za pogolem uspeh, budejki i jas sum pred et.Spodeluvanjata na iskustva pomagat.
Не ме навреди воопшто, но ова е форум и затоа споделуваме искуства и не во ред на некој да се каже дека не е така, а споделуваме искуства. Еве пример јас никогаш немам испитано прогестерон, а сум имала и класично ивф, ивф на природен циклус и fet. А ти и повеќе испитуваат. Сепак е тоа проценка на докторот. А стоп инекцијата при fet докторот ми ја даде за подобра контрола и точно темпирање на овулација, паралелно со следење на Е2 и Лх, без разлика што нема пункција. Така процени дека е подобро во мојот случај.
Eve i jas kako @brm_brm pred transfer so zamrznati primav stop inekcija. Merevme i E2 i LH paralelno sledevme folikuli. Na moeto prasanje zosto da ja primam doktorot mi odgovori deka spored goleminata na folikulite ne e siguren koga ke bide ovulacijata i zatoa ja davaat za da tempiraat ovulacija da bide siguren koga ke se sluci za da moze da vrati embrioni @simplegirll a deka stop inekcija vlijae nekako na uspehot ne bi rekla barem spored mene ne. Ovoj pat so se ispitano genski mutacii, vit d, kariotip, histeroskopija i skrecing, progesteron den pred transfer ispitan i odlicen, endometrium odlicen vrateni dve i neuspesno voopsto nemase bremenost. Prviot pat vrska nemav od nisto sto treba, recisi nisto ispitano, bez kleksani bidejki ne znaev deka imam mutacija imav biohemiska vaka ili taka imalo imlantacija a ovoj pat nisto.
@simplegirll a deka stop inekcija vlijae nekako na uspehot ne bi rekla barem spored mene ne. Ovoj pat so se ispitano genski mutacii, vit d, kariotip, histeroskopija i skrecing, progesteron den pred transfer ispitan i odlicen, endometrium odlicen vrateni dve i neuspesno voopsto nemase bremenost. Prviot pat vrska nemav od nisto sto treba, recisi nisto ispitano, bez kleksani bidejki ne znaev deka imam mutacija imav biohemiska vaka ili taka imalo imlantacija a ovoj pat nisto.[/QUOTE] Isto i jas pred 2 god prvo ivf uspesno imam devojcence bez mnogu ispituvana, edinstveno zemav mnogu suplementi,,sega ivf so zamrznati blastociti, endometrium super ne doaga do bremenost, pa i zatoa gledam da predlozam da se promeni nesti za sleden pat
@simplegirll супер е се вака што се информираме, но си правиме притисок сами на себе, пример а зошто мене не ми направи скречинг, не ми даде атосибан...а на други дал. Од причина што пример мојот доктор како си зацртал така си оди по протокол, според моменталниот циклус. И јас му реков последниот пат а зашто сега стоп инекција, ќе дојдам на ехо и ќе следиме дали прснал фоликулот. Но не, тој си сакаше контрола на овулацијата, а согласно тоа и точно се темпира денот на трансфер, т.е. зависно од тоа колку развиен ембрион се враќа. Па можам да кажам дека кога имав fet повеќе пати одев на ехо, отколку кога сум имала пункција на природен циклус.
Za pritisokot taka e si go pravime.Mislenjeto na doktorot e na prvo mesto, no ete mora i sami da se informirame,ima mn slucaevi so spontani poveke pa gi pratile za ispituvane mutaci pokasno, site privatni nemaat ispituvane na era test,pgd itn,za razlika od evropskite kade se ispituva i ne se trosat embrioni i vreme i nervi zaludno.
Прашања што ме мачат во врска со трансфер на смрзнат ембрион. На кратко мојата историја: прво ivf - пункција правев во август завршив со хеморагичен шок и тешка хиперстимулација, замрзнат 1 петдневен ембрион. Организмот пополека ми се рестартира, се чуствувам добро и размислувам за трансфер. Бев на разговор со докторот да прашам за постапката, од врата без преглед ми ја одреди терапијата: да почнам со естрофем од прв ден на циклус и на 9-10 ден од терапијата да му се јавам за да ме види на ехо. Прашањето ми е дали сите вие за трансфер на смрзнат примате естрогенска терапија и покрај тоа што имате редовни овулаторни циллуси, нормални хормонски параметри, задоволителна дебелина на ендометриум, никакви метаболни нарушувања...? Дали успешен трансфер се прави и без додатно примање на хормонска терапија? Кои се индикациите за примање на естрофем? Извинете за долгиот пост. Малку сум во шок дека хормонска терапија се препишува во ходник без преглед. По тоа заклучувам дека сите ја примаат .
Pa valjda toj sto ti pravel punkcija ti go dal estrofemot. Ako e istiot lekar ne e deka ne te znae i od rukav istresol. Jas imav 5 transferi, 4 bez estrofem bez hormoni neuspesni, pettiot so estrofem i ostanati cuda uspesen. Sekoj e razlicen ama kontrolirano mislam deka e podobro
Немаш штета од естрофем. Обично се дава за ендометриумот, колку е подебел толку подобро. Пример јас почнав со естрофем некаде од 8ми ден и тоа 4х2. Но кај мене имаше повеќе неуспешни трансфери и ендометриумот секогаш беше на граница. А кај некои воопшто не го даваат. Сепак е проценка на докторот. Останува да веруваш на докторот.
Искуството овде зборува дека 80% ако не и повеќе од трансферите со замрзнати ембриони докторите ги прават на контролиран или HRT циклус. Така целосната контрола околу трансферот и терапијата е во рацете на докторот и се исклучува секаква можност од предвремна или изостаната овулација или непостигнување на оптимална дебелина на ендометриумот потребна за имплантација, и конечно се избегнува и ризикот од целосно откажување на циклусот. Естрофем 3х2 од прв или втор ден на циклус е стандардна терапија, некои примаат и 4х3. 5 дена пред трансферот бидејќи си со бластоциста ќе почнеш со прогестеронска поддршка (најчесто пролутекс, депо, кринон или утрогестан) и после трансфер тераш се до тест со истата терапија. Со воведување на прогестеронот неколку дена после терапија со естрофем се неутрализираат на некој начин несаканите ефекти на естрогенот, кои и така нема ризик да бидат големи и опасни во иднина бидејќи е терапија што не се прима долго време во континуитет. И по позитивен тест се продолжува и се прекинува после неколку недели. Процентот на успешност е ист и на природен циклус и на ХРТ циклус, ама мислам дека ХРТ има повеќе предности од причина што полесно се постигнуваат оптималните услови за трансфер.
Kaj sekoj e individualno,zavisi od doktorit i od pacientot.No sepak mislam deka trebalo da ima pregled ipak pred da prepisi estrogen,mozebi ima dovolna debelina endometriumot pa nema potreba da se prima ili pak po procenka ke se pocne da se prima, barem ova e moe mislenje.
Естроген е дел од протокол за трансфер со замрзнати ембриони. Јас се спремам за крио трансфер за второ дете и таа терапија ми ја даде преку телефон не ни во ходнинк (живеам во странство). За првиот трансфер со замрзнати ми даде 4 мг естрофем од прв ден циклус, имав 33 години. Сега за овој пат ми рече 6 мг бидејќи имам 37 години. Во суштина естрогенот не може да го загрози процесот, за докторот е подобро пошто може целосно да го контролира. Нема простор за грижа. Макар и да е добар ендометриумот, подобро е да се биде сигурен со терапија. Ако ме прашаш мене, и за 1% да ги зголемува шансите за успех јас би ја одбрала да ја зимам терапијата. Немаме 100 обиди па да си испробуваме.