Девојки едно прашање. Ембрионот е замрзнат на 3 ден, кога ќе бифе трансферот дали е подобро веднаш да го вратат или да го одмрзнат и да почекаме дали ќе стигне до бластоциста. Ве молам за мислења. Благодарам
Девојки сакам да ве прашам дали правевте испитувања пред трансфер со замрзнати ембриони и ако да кои испитувања сте ги правеле? Благодарам
Девојки чекам втор циклус после пункција за да правиме трансвер но никако да дојде. Денес ми е 39 ден. Некоја со исто искуство? Што правевте , чекавте или Др ви даде некоја терапија?
Mene mi doagase ko sto treba, ne znam bas sto bi ti dal sega osven da pocekas. Posle valjda ke ti dadat estrofem
Прошлиот месец бев на преглед и ендометриум беше 6 па ми дадоа да пијам естрофем 3x2 од прв ден. Ама неможам да дочекам да почне циклусов
Поздрав Inamy И јас сум ја имала истата дилема и ги пробав двете опции. Генерално, нема правила која стратегија ќе успее. Има случаи на 3-дневни ембриончиња префрлени на 3ти ден што си продолжуваат супер, и 5-дневни бластоцисти со супер квалитет што не успеваат. И обратно. Кај нас во МК е дополнителен рулет бидејќи нема генетски тестирања на ембриони пред трансфер. Во странство најголем процент од трансферите сепак ги прават со бластоцисти (5-ти ден), кога веќе има 70-100 клетки. Статистички, само една третина од ембрионите ќе стигнат до фаза на бластоциста. Јас лично сум имала 2 крио трансфери на 3-дневни ембриони на 3ти ден (значи одмрзнуваат и веднаш враќаат). Тоа беше препораката на докторот и ембриологот. Двата неуспешни. За третиот крио трансфер, разговарав со ембриологот и побарав да ги остават двете ембриончиња да стигнат до 5ти ден бластоциста пред трансфер. Доколку не успеат, барем ќе знам дека проблемот бил таму и нема да имам трансфер. Успеаа и двете да се изборат до 5ти ден, но трансферот сепак заврши неуспешно. За 3-дневните што веднаш ги враќаат, интересен момент е што ембрионче во порана фаза продолжува да се развива до балстоциста во природна околина кај мајката, во услови што не можат стопроцентно во лаб да ги копираат во секој поглед и се' уште има многу непознати. Истото тоа ембрионче може да не успее до бластоциста во лабораториски услови. Од друга страна, 3-дневните се сепак во порана фаза од развој и клеточна делба, и со поголем ризик да не успеат да се имплантираат и развиваат понатаму. Во споредба со 5-дневна поразвиена и релативно посилна бластоциста. Би ти препорачала да си разговараш отворено со ембриологот. Прашај ги се' што те интересира, и побарај препорака и објаснување зошто ја препорачуваат таа опција. Има влијание и дали ти е прв трансфер, дали си имала претходни обиди на 3-ти ден, колку ембриончиња ќе се враќаат, со каков квалитет/фрагментација се 3-дневните и слично.. И самите ембриолози напоменуваат дека гаранции нема и дека сведочеле успешни приказни и со 2-дневни и 3-дневни ембриончиња. Ти посакувам многу среќа!
Ти благодарам мила на деталниот одговор. По неуспешното ивф на две 3дневни ембриончиња, др на консултација спомна да пробаме на следен трансфер да го одмрзнеме и чекаме до бластоциста секако ако успее да стигне. Со ембриологот не сум разговарала но секако тоа ќе го направам на следното одење. Голема е дилемата, а и никој во ниеден случај ништо неможе да ти гарантира.... Како и да е си ја знаат они работатаа и Господ како што е никој не е. Ако треба да биде ќе биде...
Девојки малку помош,золва ми има замрзнато ембрионче во Систина пред 4 год .има девојче од првиот ет,сега дали може преку фонд да се направи трансверот или приватно и дали некоја знае цена?
За преку фонд треба да поднесе документи за ваучер... а приватно би си платила само крио трансферот...и терапија за по трансфер што секако се купува
Ај пак сега помош?Прашала во систина може со ваучер за второ дете да го искористи само за трансфер.Освен пап тест,микробиолошки ,извод од првото дете,барање од матичната и друго што и треба за преку фонд?
Pa zavisi od dijagnozata hormoni na 3den, spermogram,hsg i sl cuda moze da i baraat. Neka si vidi na sajtot na fzom ima detalno pisano
Devojki da prasam i ovde mozebi nekoj ima iskustvo. Imam zamrznato blastocisti po 2 na slamka, ako gi odmrznat i stavat 1 drugoto treba da go prezamrznat.Dali nekoj ima prezamrznuvano embrion I bil ok?