На кој ден правевте скречинг? Негде прочитав на 21ви ден. Некој ако пие Цикло да ми каже, најрано најкасно? Фала женски, убава вечер
Јас на 21 ден од циклус правев скречинг и дијагностичка хистероскопија, но не пиев ништо тој циклус. Откако добив почнав со естрофем и тој циклус беше трансферот.
Јас на 10ти ден од циклус правев хистероскопија (метропластика) и скречинг заедно. Не пиев ништо ни пред ни потоа. И секако да си се пожалам пошто сум малер др ми е позитивен не можам да правам трансфер месецов а и јас по се изгледа го закачив ковидот или грипот така да изгледа скречингот ќе ми пропадне Никако да ми тргне, Јас сум малер невиден
Мислам дека не пропаѓа, оздрави па ќе биде трансферот следниот месец. Јас сега бев за Пролактинот да ми ги препишат бомбоните, па ќе го фатам може мај за трансфер.
Не се секирај и јас после скречингот имав циклус,и после тој циклус направивме трансфер фала Богу успешен .И кога нешто ете се одложува верувај дека со причина е така,мене трансфер ми одложија поради полип само до пункција стигнав ама не се разочарав па ете за убаво било .
Со бромергон ќе спушташ или достинекс?Јас и со бромергон го ставив во нормала(не ми беше многу над граница претходно) и по позитивен тест продужив до 12.13 недела.Со успех да ти е овој пат
Офф не знам веќе... Кај мене еве добив значи еден циклус ми помина така иако мислам дека и следниот ќе биде така пропуштен бидејќи Ивановски е хоспитализиран поради ковид дај боже да биде се во ред со него ама и ќе му треба време да се опорави, не верувам дека за брзо би се вратил на работа ама и не мора само да е жив и здрав. Си се секирам и за докторот да биде ок, се секирам за мене што ми пропаѓа скречингот во вода си, се секирам што секогаш се ми се одолговлекува ама тоа е што е сигурно има причина за се.
Па мене ми се свиѓаше Достинекс, го спушти за 1 месец пролактинот, ќе земам цело кутивче од 8, па после ќе сменам.
Ивановски е млад и ќе биде добро. Се надевам дека ќе биде на работа за да направите трансфер, но доколку не биде можеш да размислиш да ти направи трансфер некој од другите доктори? Само не се нервирај, сите ние сме соочени со милион падови и препреки ама ќе си ја постигнеме целта. Месец порано или покасно нема да ни смени многу
Јас правев скречинг лани крај на јануари.Во февруари ми беше пункцијата,извадивме 16јк.поради хипер.одмарав 1циклус,значи март го скокам..требаше ЕТ во април,ама поради ова срање короништето ми се премести за во мај.Кога го прашав докторот,дали скречингот уште има дејство,ми рече дааа,секако.овој пат ќе успееме.На 15мај беше трансферот,успешен беше ,еве го буцето си нана Така да,мисли позитивно,што треба ќе се случи.Ти посакувам успех
Јас ќе правам лапаро-хистероскопија со скречинг два и пол месеци пред трансфер (значи ќе поминат два циклуса, па дури на третиот ќе правам трансфер). Студии покажуваат дека и на втор и трет циклус ефектот на скречингот останува ист, како кога е трансферот правен одма на следниот циклус. Инаку интервенцијата ќе ми биде на 17 ден од циклус.
Dali od Sistina ke mi se javat da me prasat dali ke prodolzam so zamrznuvanje ili jas treba da im se javim.....
Sto znam gi nema 31 mi bese transferot a go citav dogovorot pisuva nie da se javime a vo rok od 3 meseci od istekot na rokot ako ne se javime ke gi unistat....aj ke vidime deneska...