Исто сум, со хомозигот, за метилирана и б12 но прашај си го гинекологот за дозата бидејки и трансфузиолог и имунолог ми имаат кажано ако си хетеро 400 ако си хомозигот 800-1000 мг метилфолат (**може гинекологот има зошто ти зголемил но ме зачуди затоа те прашав, не ме сваќај погрешно)
Aj da ve prasam, kolku i kako miruvavte posle transfer. Jas na 6 den morav da se kacam na avion, nazad za Swiss. Nisto ne dignav, ni po skali se kacuvav, od kola na aerodrom i pravo doma. I sega sama doma, me fakja zelba da prosetam, vikam da ne preteram, da si sedam mirna do test Tuka vo Swiss maticniov mi vika setaj bre, samo na Balkanot imate 2 nedeli boleduvanje, kaj nas odat na rabota vika
4 дена одмарав, од кои 2 беа четврток и петок и 2 беа викенд кој не го работев и онака. До 14 дена бета, си одев секој ден по 8 часа на работа, лифт немам, до 4ти спрат горе долу пешки одев полека. Успешно излезе. Претходно кога лежев за кревет врзана, немаше успех, кај мене.
Да си шеташ, јас само првите денови посмирено, после што клечење, влечење ехеее и кога сака сака. Тоа си се фатило и после што и да правиш, не е страшно.. со среќа
Мене докторот ми рече терај си нормално ама без напор. Мене ми беше шубе, башка студови беа, кај ќе одиш. и претежно си одмарав, не работев по дома, серии изгледав се што имаше и така ручече што правев. Не пуштав перални, машини за садови, тоа се маж ми. ама некако така и се осеќав дека не ми се движи, не ми се работи. Одмарај си, мој совет. сега ти е шанса
Jas ke napravam transfer sega vo newborn pa od remedika za prefrlanje tamu so sve transfer odmrznuvanje cineshe 43000 denari
Девојки, искуства со трансфер на природен циклус, мојот бидна денес и од терапија ништо освен дабростон, аспирин и метилфолат пошо имам мутација на мтхфр ама овој пат без клексан...ме мачи што немам повеќе прогестеронска подршка
За мтхфр се пие метилирана фолна... така да ич не се секирај сигурно докторот знае што прави гали меше и да се израдуваш за 2недели
И ја се подготвувам за криотрансфер месецов. На втор ден од циклус бев на преглед, докторот ми кажа ОК е, нема цисти и да се јавам на 9ти ден повторно. Ќе чекаме да има водечки фоликул и соодветна дебелина на ендометриум. Не прашав кој ден од циклус би бил трансферот, ама претпоставувам неколку дена после овулација.
Баш затоа и прашав. Секогаш имам рани овулации,11 или 12 ден. Бев на 7 ден од циклус,сега треба да одам на 11ден. Прашав од прилика кој ден би бил трансфер ако е се во ред,одговорот беше 18 или 19 ден
Зависи, ако е на природен циклус ќе те пратат на ехо , водечки фоликул, дебелина на ендометриум , јас бев ме видоа на 10 ти ден од циклус , па на 13ти , се беше ок настанала овулација и на 15ти ден од циклус ми беше трансферот
Благодарам за споделеното искуство. Да трансферот ќе биде на природен циклус. Од 7 ден 2×2 лензето спреј
Здраво девојки.Имав прв обид за ИВФ,но поради висок прогестерон од 1,23 на денот на прием на стоп инекцијата ми дадоа препорака да се одложи трансфер со свежи емброни, а оплодените ембриони да се замрзнат. Колку време после пункција најбрзо може да се прави крио трансфер?Доколку некоја има слично искуство нека пише.Па сите да имаме најбрзо две цетки.
Najrano preku eden ciklus. Znaci ako mesecov ti bila stimulacija,odmaras nareden ciklus i od septemvri najrano mozes da planiras. Btw dobro e sto ti go otkazale, ne se razocaruvaj, pod 1 treba da bide. Srekjno
Здраво девојки. Може ли некоја од вас која примила декапептил депо 3.75 да сподели искуство. На кој ден од циклус сте ја примиле инекцијата,дали добивте нормален циклус на дата...