Здраво! Треба да имам трансвер на замрзнати ембриони, денес ми е втор ден од циклус, а преглед ќе имам од понеделник. Дали тоа значи дека нема да примам никаква терапија? Некоја со слично искуство?
Jas bev na priroden cik Jas bev na priroden ciklus. Sledevme folikuli odnosno ovulacija. Taa kaj mene bese na 18 den. Nisto ne primiv osven dva dena pred et primiv ploturex i uste edna inekcija sto Sega ne mi teknuva kako se vikat. I po et doktorot ti dava terapija kako impryl, aspirin, ploturex....
г Фала за одговорот, бев загрижена дека не ми даде сега терапија, штом е така не мислам ништо повеќе, сепак докторите знаат што е најдобро
Ќе правите трансфер на природен циклус. На првото ехо треба да се види водечки фоликул, а потоа се следи неговото растење, додека не прсне. Овулација се чека да настане природно или ако одлучи докторот може и стоп инекција да воведе. Откако ќе настапи овулацијата се почнува со прогестеронска поддршка и се брои денот за трансфер зависно од тоа колку дневен е ембрионот. По трансфер продолжуваш со терапијата што ќе ти ја одреди докторот. Јас имав еден трансфер со замрзнати на контролиран циклус и два на природен.
Девојки се спремам за трансфер со замрзнати ембриони, др ми кажа дека ќе биде на природен циклус и да испитам хормони на 3 ден од циклус, а на 11ти ден да одам на прво ехо со резултатите. Резултатите по мене не се добри и еве си плачам со саати. ФСХ 6,24 / ЛХ 10,19 Прогестерон 2,82, Естрадиол 51. Останатите хормони се во ред, но овие што ги набројав мислам дека не се. Никогаш не сум имала проблеми со овие хормони. Ве молам ако знаете да ми одговорите, ептен сум емотивна станата не можам да престанам да плачам.
Прогестеронот ти е висок за 3 ден, и не е препорачливо да се прави трансфер затоа зашто шансите за неуспех се зголемуваат. Нема зашто да се плашиш, ако овој месец се откаже, ќе биде следен месец, не е крај на светот. Кај мене 3 месеци се одложуваше, прво ради вакцина, па докторот на одмор, па циста и знам колку е нервозно, ама најбитно кога се случи трансферот доведе до бременост и на крај тоа е најбитно. Ајде само трпение и верба и ќе биде набрзо
Фала ти многу. Кај тебе чекањето баш се исплатило и многу ми е мило. А што влијае на прогестеронот? Има ли начин како да го симнам?
Се мисли дека ако е повисок од 1 ендометриумот е ќе биде презреан и не толку рецептивен за да се случи имплантација. За намалување обично се оди со супресија на хормоните ама тоа ако се востанови дека е хронично зголемен. Можеби бил само овој циклус и веќе следен да биде ок. И мене ми бил повисок во неколку наврати. Месецот кога го правев трансферот беше супер, и тоа без некоја посебна терапија.
Пиев микрогинон пред лапароскопја која ми беше правена во декември и тогаш добив многу рано на 19ти ден. Следниот пат (овој сега) добив на 29ти ден и мислев се ќе биде во ред. Правев и скречинг па сега не знам дали нешто од тоа влијаеше на хормоните. Имам закажано ехо на 11 ден, ќе ги види др тогаш резултатите па како ќе каже така.
Dobar den devojcinja, se spremam za transfer (sledniot ciklus) posle missed na 12 nedela od prvoto invitro. Sakam da se pojacam so vitamini i isto taka ke pocnam i akupunktura ovoj mesec. Pokraj faktot deka imam premnogu strav ovoj pat so transferot, ve molam predlozete mi sto da pijam i sto da napravam za da gi pokacam sansite za uspesen transfer. Go procitav celosno ova tema, vidov deka ima mnogu zeni sto uspeale vo slednite transferi od missed, pa bi sakala da spodelete iskustvo za da mi dadete malku nadez. Vi blagodaram
Здраво на сите Сакам да прашам ако некоја се соочила со ваква ситуација Минатата година правев инвитро успешно до 9та недела се беше ок потоа се појави хематом и морав на киретажа. Имам замрзнат ембрион сеуште се плашам за трансфер. Дали нешто са се испита плус поради хематомот. Секој совет и искуство се добредојдени.
Sto napravi, sto ti kaza doktorot za progesteronot? Mene nikogas na treti den be mi gi ispituvale samo na denot na transfer.