Zelezoto se vrzuva so b12 i vit C i folna. Toa ti e najdobra kombinacija. Najdobro e b12 i folnata da bidat vo methyl forma.
Nikogas ne se znae, bliska moja pocna so 41 na 11 den i posle si rastese i eve sega si ima beba Ke si proveris pak po dva dena, terapija ke si prodolzis
Јас сум денес втор ден ос трансфер на 5 ти ден ставен, одличен ембрион. Само вчера лежев, денес си седам и функционирам нормално. Посакајте ми среќа после две исеминации и едно инвитро. Ова ми е второ. Чекам позитивни коментари
Здраво женски. Ме интересира како сте се подготвувале при процесот за трансфер на замрзнати ембриони. Мојата приказна е следнава. Во февруари имав пункција, замрзнавме бластоцисти заради ризикот од хипер. Машки фактор, кај мене се'ОК. Препорака од ИВФ докторот беше да поминат 2 мензиси и да се јавам за подготовка. На втор ден од циклус ме прегледа и по шема ми даде циклопрогинова првите 5 дена 1х1, па следните 3 дена 2х1, па 3х1 и да се јавам на преглед на 12ти ден од циклус. Е, јас на 8ми ден од прогиновата почнувам да крварам оскудно, но присутно е. По консултација со докторот ми појача терапија 3х2. Според мене непоттебно. Дали на некоја од вас ви се сличило вакво крварење од прогинова или естрофем? И што сте правеле понатака? Се нервирам ептен, зашто си сакав на природен спонтан циклус и мислам дека крварењето од таблетките ми е.
Здраво Имам прашање Се спремам за трансфер со замрзнати ембриони, денес на 2 ден од циклус бев на преглед за да почнам со терапија докторот ми кажа дека ендометриумот бил здебелен 8мм и да одам на 7ми ден да одложиме за нареден циклус Која дебелина треба да биде ни терапија ми даде ништо Дали треба да паничам?
Деновиве и јас минував низ истото, па ептен ми е свеж муабетов. Втпр ден се рачуна од како ден претходно убаво си крварела, си наполнила влошка/и. Не се брои ако е спотинг или оскудно крварење. Јас така се излетав на втор ден, ендометриум 8мм и докторот ме врати. По 2 дена појдов пак пд како веќе убаво крварев и све си беше ОК, па почнав со цикло прогинова. Кај кој доктор си? На некои жени им се потребни и 3-4дена дур да пробие мензисот, на некои како од пушка од прв ден.
Дали испитувавте хормони на почеток на циклус (2 или 3 ден ) за замрзнат трансфер со долг протокол( не природен циклус) ? Што ако е естрадиолот висок пр.300 или ако има циста?
Мене не ми испитуваа. Ме видоа на ехо пред да почнам со триптофен. Си имав шема со терапија. Прво ехо мислам на 10ти ден по циклус ми беше и тогаш ми мереа естрадиол за да ја регулираат терапијата. После тоа уште 2 пати мислам до трансфер ми мереа.
Кога почна со триптофем? Околу 20 ден од претходен циклус? Колку ти беше најмногу естрадиолот на крај ако се сеќаваш?
Да на 21 ден почнав со по 1/2 триптофен. Од 1 или втор ден ми вклучија и естрофем (2×2- 3 дена, 2×3- 3 дена, 2×4- 3 дена). Естрадиолот искрено појма немам како ми беше. Верував на докторот и не прашував. Мислам на првото мерење ми беше околу 170 и тогаш ми појачаа естрофем 2×5, а за другите две мерења незнам колку беше.
Ќе се самоцитирам и ќе надополнам чисто да стои како искусво и ова моево. Во јануари правев трансфер со замрзнати ембриони, со летрасан 5 дена и трансфер со замрзнати, пуштен до 5 ти ден ембрион без естрофем, само со прогестеронска поддршка. За жал неуспешен. Бета <0. Сега во Мај правев втор трансфер на замрзнат овој пат тродневен ембрион (така беа замрзнати) со терапијата која веќе ја постирав + пролутекс, утрогестан, аспирин, клексан. Неколку дена пред трансфер и по трансфер плус декортин, бускопан, диазепам. После трансфер естрофем, утрогестан, аспирин преку еден ден, клексан, пролутекс на 4 дена, прогестерон депо на 4 дена. Овој пат докторот сакаше да проба со тридневен бидејќи првата бременост ми беше исто со тродневен ембрион од истото ивф. Бета на 13 ден 429. Денеска конечно слушнавме и срценце и сега може малку да здивнам и да се опуштам.
@Ano Cestitam i najubava bremenost da si imas Jas na 10ti den na estrofem (posle dekapeptil), estrogen 450, endometroum 9 mm. Dali se ok ovie vrednosti? Inaku samo Estrofem pijam, utre sum na eho pak pa rece ke vklucime i progesteron. Plus clexane i aspirin, folna.