Kako i da e, trajna depilacija barem kaj nas sega za sega ne postoi. Nesakanite vlaknenca ke isceznat za 2 do 3 meseci no postojano se pojavuvaat novi. Vo zavisnost od hormonite na covekot, kaj nekogo se obnovuvaat pobrzo kaj nekoi posporo isto taka i stresot vlijae. [mod-kirilica:2h36extj][/mod-kirilica:2h36extj]
Јас сакам да одам во Дермамедика со некој ласер ги отстрануваат трајно влакната. Има една понуда , отстранување на влакната на надусниците и пазувите за 3000 денари, ептен ми звучи примамливо. Бил некој, слушнал нешто...било што ?
кога би имала финансии би отишла на трајна депилација оти се исплати дефинитивно сум ЗА а јас бидејки имам бела кожа многу ми се познаваат влакненцата на надусниците ама за срека козметичарката ми е позади зграда па кога ми треба трк до кај неа
Трајната депилација не е штетна за организмот, но поефикасна е кај оние што имаат темен тен и потемни влакна, отколку кај оние што имаат светол тен и светли влакна затоа е индивидуално кај кого како испаѓа ефикасна. А тоа што некои напоменаа дека пред депилацијата требало да се бричат, можеби за да ви станат поцврсти потемни погусти влакната ви го препорачале тоа,бидејќи така ќе биде поефикасна депилацијата како што пишав.
девојки дали некоја знае како се прави восок? сакам да се издепилирам дома со топол восок бидејки страм ми е во салон да викам
Дефинитивно сум за па макар и после неколку години пак да се појават влакна. Бар ќе си бидам раат неколку години ич нема да се замарам со тоа. А знае ли некој дали таа депилација е штетна за интминиот дел?
Јас се распрашував за трајната епилација во Анчевски и докторката која е дерматовенеролог ми го објасни следново: ќе бидат потребни 6 третмани а можеби и повеќе, се зависи од влакното, пред да се дојде на третман ден унапред треба да се избричат влакната за да нема болка би горење на истите туку да се делува директно на фоликулот, и пред 3-4 недели перд третманот да не се депилираат туку само со бикче може да се кратат или со крема. Потоа вториот третман се прави за две недели или два месеца незнам точно. 80-90% од влакната се уништуваат, конкретно за нозете, иако има мал проблем со брадата и надусниците каде потешко одат третманите бидејќи тука и хормоните влијаат. И за повторно појавување ми рече дека 100% повеќе нема да се појават
И јас исто се распрашував и истражував на интренет и дојдов до заклучок дека ординација Д-р Анчевски располагаат со најсовремениот ласер за отстранување на влакна. Сакав да си закажам за консултации за овој викенд ама нема термин за сепак да видам која е цената оти е малку поскапичко и колку третмани ке требаат да видам отприлика. Ми кажаа само дека за нозе е околу 300 евра по третман и искрено би ги дала тие пари зашто тој со си немал проблем со влакна не знае како е секој 3 ден да си со депилатор во рака. Ако има некој со веке бил кај Д-р Анчевски го молам да ме информира со како, колку третмани требале и сл.
Во Анчевски еден третман за пола нозе чини 150 Евра, потребни ти се отприлика 5-6 третмани, но сепак тоа зависи од влакното. Како и да е битно е дека во Анчевски ти гарантираат 100% дека нема повторно да се појават влакната е сега за старост здравје или пак доколку недај боже дојде до хормонско пореметување. Во другите салони каде што прашував ми рекоа дека за 3-4 години повторно ќе се појават влакната, така да иако разликата е само 50 Евра според мене многу повеќе се исплати да ги дадеш и тие но да бидеш сигурен за трајноста )))
Трајната депилација чини 150 до 200 евра од еден третман, а се потребни отприлика некаде околу 5-6 третмани, зависи од пигментот и цврстината на влакното.. Но, после 6 години треба да се обнови таа "трајна" депилација.. затоа што површински влакното повторно ќе порасне во најнизок раст !
јас одам на ласер за препонот со задник и мнг сум задоволна 300 евра платив, немам влакненце мазна сум и кожата ми е мека и чиста ниту флека ништо, топ ми е не се замарам, ви препорачувам ако стварно имате проблем да направите и вие, секако од првиот, вториот пат ке забележите проретчување, но потоа ке ги снема
трајна депилација на нозе дали некој направил и дали е навистина трајна? знам само дека е многу скапа мислам дека 300 евра од третман а треба околу 7-8 третмани...што мислите дали вреди да се направи или... имам заштедено пари само не знам дали вреди да ја направам а многу сакам отсекогаш сум сакала да го решам овој проблем..совет?
трајна депилација на нозе Jas imam napraveno vo ordinacija Dr. Ancevski i sum premnogu zadovolna taka da ako si resena da ja pravis slobodno mozez tamu a za drugi mesta ne ti garantiram
Разликата е преголема.. со оглед на тоа што ИПЛ како апарат е измислен за отстранување на флеки од кожата, капилари било какви недостатоци и дамки, а подоцна е констатирано дека може да се употребува и за (трајно) отстранување на несакани влакна. Некои ИПЛ го нарекуваат и фото депилација, затоа што работи на принцип на брз сноп на светлина, која ги гори влакната од коренот. Потребно е да се направат најмалку 10 третмани, отприлика на месец дена се прават, и влакната мора за се бричат од третман до третман.. читав некои што правеле во некои салони дека им кажале дека не мора, ама ги излажале, дека е така може да побарата клипчиња на јутуб од било кои светски и европски дерматолози и ќе го видите самиот начин... Јас правев ИПЛ одамна, надвор од Македонија, имав фантастични резултати, поготово на кожата на лицето, ми беше како фотошопиран модел од насловна страна но по прекинување на третманите, после само неколку месеци влакната почнаа да си растат, од месец на месец се повеќе, и сега после една година си имам нормално влакна на лицето како и порано, само што се потемни и поретки, и тоа допринесува да се познаваат уште повеќе... Овие работи со диоден ласер не се случуваат, ако се појават повторно влакна тоа ќе се случи после 4 до 6 години.. се зависи од самиот ласер, затоа што постојат разни типови, во зависност за каква боја на кожа, и светлината на влакната.. Поентата ми беше да не се залажвате лесно, и да верувате кога некој ќе ви каже дека иако принципот на работа ИПЛ и ласер не е ист, резултатите се исти, и дека поубаво ви е да одберете ипл затоа што за истото ќе платите помалку.. ИПЛ од се срце го посакувам на оние кои имаат проблематична кожа, со дамки и црвенила, но за трајно отстранување на влакната исклучиво диоден ласер, и тоа не кај секого (затоа што има и други битни нешта за секој апарат, кои дерматолозите и козметичарите нема да ви ги откријат)
И јас многу сакам трајна депилација, да си уживам и да не се замарам, но страв ми да е да не дојде до некое хормонско пореметување како што имам слушано, па да почнат да раснат влакна повеке
Убава е трајната депилација,само јас ете малку сум уплашена што се однесува до делот кај препоните.Да не звучам како бабичка некоја ама да не ласерот сепак си има некое негативно влијание на внатрешните органи?! Во салонот сигурно ќе ми кажат дека не,нема никакво штетно влијание,ама сепак.....Ајде ако има некоја од вас -стручно лице нека објасни малку во врска со тоа!