Абе јас сум прашала многу луѓе сите рекле ќе се зезнеш затоа што после година и пол влаканата пак растеле и тоа уште поцрни и повеке се познавале.
Сакам да направам трајна депилација на цело лице и отидов кај Д-р Светлана Костиќ Петрушевска и ме врати. Рече дека сум требала да осветлам малце и да дојдам во ноември, дека сум исончана нели т.е мене ми држи бојата преку цела година ама не така интензивно. Имала попуст, сега незнам колкав. Знам дека надусници еден третман ( го дели на 3 зони, лева страна, Хитлер средина и десна страна ) го наплатува 30 евра. Ми кажа до ноември да не го чепкам лицето со восок и чупалица никако. Можело со ножички до корен Е сега, незнам која е тука логиката, демек ако ги отстранам со вокок или чупалица идам контра од нејзина метода. Ќе пишам во ноември подетални информации
Каква поконкретно депилација ќе правиш кај неа, ласерска или електролиза? Инаку, ко што имам читано, по форуми највише, кога се иде на трајно отстранување, тој период не треба да се вадат од корен влакната, значи може брич, или крема или еве ножици, само да не се извади од корен со депилирање или чупање.
Здраво.. Ке мозеш да ми кажеш кај кого бесе на ласер? сакам и ја да одам на ласер за надусни.. па ме интересира кај кого беше? мило к еми биде ако ми одговориш или прати ми порака фала однпапред позз
Дерма плус ординација Да ли некој бил во Дерма Плус Ординација, за трајно отстранување на влакна ??? Да се навистина добри како што некои кажуваат? Да не е уште една Фејк, ординација како на Др- Анчевски? Да ли сте задоволни од резулатот ??
Јас правам депилација на лице пред некој ден правев но после тоа многу ме болеше забот и сега сомнително ми е да не е од ласерот ама и пред два месеца правев па ништо не ми беше. Мислење?
Мене козметичарката ми кажа тие што имаат по црни влакна по ефикасна била депилацијата, или оние со бел тен а црни влакна како мене, ама па кај нас и најмногу се познаваат влакната иако и од првиот третман имав резултати.
Здраво, ја сум нова на форумов, сакам и јас да направам ласер на лице.. читам дека и ти правеше депилација на лице со ласер.. Да ли забележуваш дека се намалија влакната и дека навистина ласерот делува на влакните?? Ке можеш ли да ми кажеш во која ординација правиш третмани, и колку третмани се потребни? Би ми било мило доколку и другите кориснички ми препорачат некоја добра ординација за ласерско отрстранување.. Позз, до сите вас !
Менеми ги снема влакната, неко се многу тенки и ситни навистина делува. Јас правам ваков третман во Бел Епок. Ама слушнав дека после 4 или 6 години пак се појавуваат влакната и ја прашав козметичарката ми кажа демек не е точно. Па незам ќе видиме. А за колку третмани се тоа си зависи од влакната.
Девојки во врска со ласерсково отстранување има некоја што била кај Анчевски? Ме инетересира цената која е, и колку третмани се одприлика доволни? Мене пред месец два ми се појавија влакненца на брадата/ вилицата. Нема многу и не се нешто да речеш јаки и воочливи ама јас сепак си ги приметувам и ме нервираат. Ме интересира колкава би била цената на така мала површина, и колку третмани би биле доволни? Знам дека зависи и од тоа колку се јаки влакната ама еве од прилика?
Дали некој има искуство со трајна депилација во домашни услови? Се работи за комерцијален ласерски епилатор кој со светење ги отстранува влакната. Го има и во Македонија, цената е од 17000 ден па нагоре и не може да се користи на повеќе лица, затоа што батеријата има ограничен број полнења доволен за 1 човек. http://www.tehnomarket.com.mk/products/09124523/rowenta-ep-9840 http://www.youtube.com/watch?v=IXNB61Kw17c
Гледам се врти ова по фб. Star Silk Pro Спојлер http://odlicnoza.com/pieldseda/5214/?utm_source=FB&utm_medium=cpc&utm_content=000-P-023-911+Hair+Remover-414-2292-224-2547-female-20-25&utm_campaign=000-P-023-911+Hair+Remover-1404909175-MK Дали би можело да е навистина
Горе доле ја прочитав темава и гледам дека нема баш многу позитивни мислења за трајната депилација т.е. за епилација. Јас имам многу голем проблем со депилација на интимата, болкната ми е најмал проблем и веќе сум навикната на неа бидејки со години редовно се депилирам ама имам премногу поткожни влакна, дури поткожни влакна големи што загнојуваат и растат. Многу флеки и лузни ми се направија на кожата од нив и решив да одам на трајна депилација бидејки друго решение нема. Е кога ги видов цените малце ми се сврте во глава и после кратко размислување што како решив да си купам апарат за епилација во домашни услови. Го земав овој епилатор на филипс во нептун, беше 36000 денари. Има додаток за лице, за тело и за интима. Најисплатливо решение ми е ова, можам да си ја правам епилацијата колку често сакам т.е. се додека имам потреба и можам да си направам епилација на цело тело. Најефитна и најзгодна варијанта ми беше оваа. Имам светла кожа и црни влакна што е идеална комбинација за епилација. Епилација не може да се прави на поцрнета кожа така да чекам некаде декември за да почнам да го користам апаратчево. Премногу муј се радувам бидејки стварно голем проблем имам и не можам да одам веќе на дпилација од причина што сигурно ке си направам и поголем проблем. Во непту ептен го пофалија апаратчево (ако не се лажам ова е најнов и најдобар модел) и рекоа дека многу брзо ги продале сите апаратчиња што им стигнале. Ќе пишам повеќе во темава кога ќе почнам да го користам
И како си задоволна? Навистина има ефект? Би те замолила да ми одговориш Јас планирам да направам трајна депилација на интима и задник прво, па полека понатаму и на цело тело.
Некој да сподели искуство со апаратчево. Дали го има кај нас? Колку му е цената? Дали има ефект во отстранување на влакната и сл.? Philips Lumea Prestige