Братучедка ми правеше и фрли куп пари и после неколку месеци и се вратија сите влакна Не би препорачала.
Сега правам трајна епилација во Санте плус, до сега имам направено три епилации. После првата епилација не бев задоволна, многу малце од влакната отпаднаа, мислев дека за џабе сум ги дала парите - уплатив околу 17.000мкд имаа новогодишна промоција за 6 третмани на цело тело. Но веќе по втората епилација имаше одличен ефект, 80% од влакната беа паднати, а после третата епилација ми се речиси целосно мазни. На рацете и надусниците само се ослабнати влакната како мов, таму е најмала ефикасноста од епилацијата. Но најважно ми е да си го решам проблемот со влакната на нозете, пазувите. Не сум со многу светол тен, но имав ептен црни влакна и проблем со поткожни влакна. Сега сум задоволна, немав проблем со закажување, закажував на некои пет недели почнувајќи од јануари. Ќе видиме колку ќе биде долготрајна, сега за сега сум задоволна - а имам уште три третмани пред себе.
Влакната не исчезнуваат туку така магично. Ако се прави трајна депилација треба редовоно да се практикува. Нема со неколку третмани да исчезнат скороз. И не е баш "трајна". Влакната се ретчат, ама после година, две, можи и помалку зависи тие пак се појавуваат. Зависи дали има хормонски проблем тука, полицистични јаници и слично. Битно ако се почнува со трајна депилација, треба редновно, не само неколку третмани.
Правев ласерска епилација еден третман пред неколку месеци и имав многу лошо искуство.Кога ке се одлучите за ласерска епилација не одете во козметички салони па колку и да се добри,само кај дерматолози и тоа проверено место.
Здраво женски,сакам да Ве прашам какви искуства имате од ласерскиот отстранувач на влакна Philips Lumea? Ве молам одговорете
Здраво. Само што направив ласерска епилација на надусници е сега прашањето ми е пошто ми рекоја да се пазам од сонце дали ако малце ме фати сонце ќе има некој ефект или не треба воопшто да ме фати сонце исто така ми рекоја до нареден третман да ги поминувам само со брич никако со ленти или пинцета. Меѓутоа имам дилема од бричот да не станат по темни како точки ќе се познаваат наредниот третман ми го закажа за еден месец. Ве молам за одговор
Не треба да се изложуваш на сонце затоа што кожата ти е третирана со ласер, осетлива е и можни се иритации. Купи од ДМ ( може да ги има и во аптека на Титаниа) жилетчиња за лице. Јас со нив ги отстранувам надусниците веќе неколку години и немам проблем. Ставам пена за бричење и афтер шејв ( се со ред ). Заборавив да пишам- Бричи ги во насока надолу, од носот према устата
А дали морам цел овој месец до наредниот третман да ги бричам или само неколку дена пред третманот? Еве уште денес ми се подизлезени црни влакненца задебелени а вчера го правев третманот?
Кога ќе имаш потреба можеш да ги избричиш. А пред третманот обавезно. Пробај да издржиш ден- два ако можеш. Кожата ти е осетлива сега после ласерот. Верувам дека влакненцата ти се голем комплекс, ама набрзо ќе бидеш раат. Инаку, да. Како што ти кажале мораш исклучиво да ги бричиш наусниците, никако да не ги вадиш со пинцета, восок, депилатор...
Sante plus nudat 6 tretmani za laserska depilacija na celo telo i lice. Dali nekoj se ima laserski depilirano i dali ima efekt? Dali kje mi bidat dovolni 6 tretmani?
Некоја што има правено трајна епилација ако може да сподели како оди подготовката пред да се почне со првиот третман ? За интимна регија конкретно.
Те молам за одговор дали има ефект од третманот оти сакам да правам ласер на надусни и брада, и друг ако знае некој нека сподели