Дали некој има искуство со ова студио да сподели мислење? Случајно ми излезе спонзорирана реклама на инстаграм.
Се исплати ли да земам Филипс Лумеа? Имала ли некоја? И дали можам препони со него? Тоа ми е најважно
Подобро инвестирај во Филипс Лумеа. Резултатите зависат од бојата на кожата и влакната. Најдобри резултати има на светла кожа со темни влакна. Разлистај ги темите за Лумеа. Има доста задоволни членки. Мене ми помогна да се ослободам од поткожни влакна. Може да се користи на препони со соодветен додаток. Нешто повеќе околу различните додатоци: Спојлер: Додатоци за Лумеа https://www.philips.co.uk/c-f/XC000...erences-between-the-philips-lumea-attachments
Имам направено трајна епилација на нозе кај др. Анчевски, бев скептик, искрено мислев дека е лага но задоволна сум не морам да се замарам со депилации и реално вреди за парите.
Dali posle laserska epilacija dokolku e nesupesna moze da se depiliras ili samo bric? Ne mi e samo da pocnam. Negativni poalesici imavte li? Se se nacitav na net
Пред епилацијата правиш некои анализи и испитувања и врз основа на тие анализи она прави предвидување за колкав период и дали воопшто ќе се појават. Инаку да напоменам дека не е баш пријатен третманот, а трае долго околу 2 h.
Здраво на сите Сакам да правам ласерска епилација и истражувам цени и искуства од различни места. Санте Плус имаат промоција која трае до 31.07 за 6 третмани за цело тело вкупно 280 евра што е дури сомнително евтино. Слушнав различни искуства од таму и сè повеќе сум за да не одам во Санте Плус. Исто, од Систина ми кажаа дека 6 третмани за пазуви чинат околу 55 евра, а 6 третмани за интима околу 150 евра. Мислам дека ова е сосема океј цена, тие за мене се најважни регии. Дали некоја има искуство од Систина да сподели? И последно, на Grouper моментално има купон за ласерска епилација во Рес Хумана каде 5 третмани на пазуви чинат 5000 денари, а 5 третмани интима 9900 денари. Ако може некоја девојка да сподели искуство доколку била таму бидејќи никаде не можам да најдам онлајн. Фала ви многу.
Dali imate koristeno IPL laser za vreme na doenje ? konkretno od abouther koj sto go ima kaj magnolia za domasna upotreba
Здрао , дали ке можеш да ми пишеш во пораки , затоа што ти е затворено , би сакала да те прашам во врска со епилацијата .
Да јас го купив , и има ефект почнаја влакната да ми се речат … е сега првите 6/7 третмани редовно ги правев после почнав да прескокнувам некоја недела дека сум со 5 месечно бебче и временски не се снајдов но во секој случај јас гледам ефект
Нее дека ми беше страв со брич да го поминам лицето … пред третманот мора со брич да се избричат влакната баш и со ласерот ми имаја пуштено и брич