Јас, искрено за тие пари очекував поголем резултат, викаат дека нема негативни ефекти. На некои делови каде што беа посветли влакната немаше ефект а од бричење уште и се згуснаа..
Јас ги чекав некаде 2.5 месеци за убаво да ми подраснат и потоа се бричев. Мене ме болеше поготово кога на секој нареден третман се зголемуваше времетраењето и фрекфенцијата. Најмногу ме болеше препонот и пазувите. Нозете и рацете во почетокот ме пецкаа после и кај нив се зголемуваше преосетливоста. Тоа беше моето искуство.
Vo babor li pravese? Mene me interesira za nozete kako pomina dali tamu imas podobri rezultati. I kolku tretmani pravese?
Месец ипол, тоа беше моето искуство кај сите е индивидуално. Они и самите ми рекоа за поголем ефект треба да направам уште една серија ама не сакав. Ке пробам со лумеа па ке видам
Koja e cenata vo babor? Za noze samo prasuvam. Jas maka macam. So luzni, crveni tocki, fleki, I sega me razocara. So lumeata nejkam sama na takva iritirana koza. Imas temni ili svetli vlakna? Sega gi depiliras , I imas isto podkozni ili nemas tak I problemi
Јас го кажам моето искуство, побарајте мислење од некој исто што има правено таму. Може кај вас ке има поголем ефект кај секој е индивидуално. Сигурно има некој кој е повеќе задоволен, сепак е секој организам различен, не го кажав моето мислење за да предомислам некого. Сепак пробај тоа е моето мислење
Здраво, ако може да споделите искуство со трајна депилација на лице од каде што имате резултати. Проверени хормони ок се, меѓутоа и после 10 третмана влакната се појавуваат после 3 4 дена појаки.
Zdravo! Imam nekolku prasanja okolu tvoeto iskustvo so epilacijata kaj Dr. Ancevski, ako si vo moznost isprati mi DM. Fala odnapred!
Моментално сум најблиску од било кога со одлуката да почнам со трајна епилација. Но, како и за се и за ова наоѓам многу малку информации кај нас. (Освен Марис што имаше пред некое време многу убаво детално објаснувано) Ако има некој било какво искуство многу ќе ми значи да сподели, може и во лп. Едно 10тина имиња на салони и ординации најдов во темава и на интернет. За пола од нив има информации кои ласери ги користат, другата половина ставаат само „акциски понуди“ за трајна епилација, како да рекламираат мастики за џвакање, тие одма ги елиминирав. По некакво мало истражување дојдов до заклучок дека за мене можеби најиделни би биле: Др Анчевски, каде го користат Soprano Ice Platinum или Барбор (а мислам и Роберт) каде го користат Alma Soprano Titanium. Конкретно ме интересира колку се обучени и дали се доктори оние кои работат со ласерот, на крајот можеби и тоа би ми било поважно отколку да барам добар апарат и цена.
Дали некоја има искуство со правење ласерска епилација во Афродита С? Имаат голем попуст од 30%, што доста се исплати па ме интересира.