Женски дали sapphire_laserclinic во Скопје се добри? Видов имаат добар ласер во споредба со други, па ме интересира дали некој правел таму и искуства. Сепак кај и да сте правеле ако сте имале лошо/добро искуство сакам да споделите.
Женски дали sapphire_laserclinic во Скопје се добри? Видов имаат добар ласер во споредба со други, па ме интересира дали некој правел таму и искуства.
@sviti Колку што видов, користат Elysion Pro. Од тоа што има на Интернет, тоа е тип на диоден ласер кој одговара на сите типови на кожа и влакна, вклучително и исончана кожа. Најбрзо ќе видиш резултати, ако си со светол тен и темни влакна. Најдобро е да каде и да одиш, прво да отидеш на консултација или добро да провериш каков ласер користат
Дали некој има правено на интима? Сакам да пробам ама поделени се мислењата дека е штетно. Имам направено нозе а следно ќе правам пазуви, но се мислам за интима
Јас почнав пред еден месец, следна сесија ми е за 10 дена отприлика. Цело тело го правам и сега за сега сум задоволна и се приметува разлика
Јас додека ги правев третманите немав влакна, после ми се вратија исто како претходно.. на интима правев
Јас правев 12 третмани со 3 различни ласери и можам да ви кажам трајно не постои ништо. Раснат пак поретки и послаби и со одржувањето од 2 пати годишно мирни сте 2-3 месеци пак почнуваат да раснат. Ласерската е добра но не е ТРАЈНА како што пишува тоа треба да им е јасно на сите, олеснува да.
Една најголема антипрепорака за ласерска епилација во Скинфинити од мене. А и за се друго. Правев 6 третмани на интима ласерска епилација и стално чувстував дека задникот не ми го пукаат. И кажав неколку пати на личноста што ме пукаше, упорно инсистираше дека целата ме фаќа, а јас немав никаков резултат таму. На последниот третман повторно и потенцирав дека најмногу влакна имам таму останато и таа дури тогаш се присети да ми каже дека ми било платено само за внатрешниот дел, но не и за надворешниот. Имаа два пакети, едниот беше 15000 ден за 6 третмани на целосна интима и задник, а другиот беше 12000 ден за целосна интима и само внатрешен дел на задникот. Јас кога платив имаа дополнителен 20% попуст на таа цена, и го одбрав поскапиот од 15000 ден, па со попустот ми испадна 12000 ден. Меѓутоа поради нивната немарливост ги измешале пакетите и запишале дека сум платила 12000 ден (интима и пола задник) без попуст, и цело време ме пукале така. Дополнително на тоа не сум од Скопје, патував секој месец специјално само за 20те минути во Скинфинити (за на крајот да има 0 ефект), бидејќи во сабота нема шанси да работат и да ти излезат во пресрет, а јас работам само втора смена, па морав така. Ајде нема веза, сум се нафатила, али кога сфатив дека сум платила за целосен задник, а ми пукале внатрешен дел само беше врв на несериозност од нивна страна, ми понудија да дојдам уште 6 пати да ми го испукаат тој дел што не ми бил фатен и плус еден третман гратис епилација на интима од нив. Јас будала се нафатив да одам нови 6 пати, и згора на се платив и за пола нозе од колена нагоре. Ги завршив сите третмани на се пред 2 месеци и влакната ми се вратија како да не сум правела воопшто ласер. Џабе изгубено време и пари, а најскапи се во Скопје, демек најдобри, нема грешка. Ако веќе се одлучите за ласерска епилација, или земете си Лумеа, од неа сум 100 пати позадоволна, еднаш плаќаш и користиш кога сакаш, или направете некаде кај што е нормална цена, бидејќи на крајот на денот, ни од поскапото ни од поефтиното ќе имате ефект. Според мене ТРАЈНА ЕПИЛАЦИЈА не постои и е залудно потрошено време и пари
Ласерот на СКИН ИНФИНИТИ Е НАЈЛОШ убедливо прочитај ги рецензиите на GOOGLE за нивниот ласер.Најдобар ласер е Алма Сопрано Титаниум моменетално.
Јас чет џпт го послушав тој кажа дека ласерот е добар... а на Гугл има само едно ревју мислам за ласерот? и згора на се 60000 ден за цело тело наплаќаат. И за Алма е толку мислам, Бабор и Др Роберт го имаат. Можеби требаше да го одберам тој ласер, али сепак мислам дека не постои трајна депилација и тоа е најголемата лага на која бев жртва и јас
Трајна Депилација не постои. Од како ќе ги направиш сите третмани, ќе ти раснат мали потенки ама нема да ти бидат ко порано. Ќе мораш да одиш 2-3 пати годишно за одржување. Се на се дали вреди , ДА ако си машко и ако имаш премногу влакна па ти ги проретчува 90% за женско не вреди се враќаат со било кој ласер. A СКИНИНФИНИТИ убедливо е една од полошите клиники за било што, другарка правеше липолиза во СКИН доби толкави модрици што едвај и поминаа... потоа отиде во друга клиника бренд и немаше БУКВАЛНО ништо нуз појави затоа подалеку од СКИН!
Катастрофа се, од однос до се понатаму. Премногу ароганција, его, клиентот никако не е во право, непријателски настроени и се што имам правено или има 0 ефект или лош ефект. И познавам луѓе кои ставале ботокс, филери, секакви третмани за лице исто со лош резултат или без резултат
Здраво девојки. Ги читав коментарите нагоре дека ласерот не е трајно решение и се согласувам. Јас имам проблем со хормоните кој го држам под контрола, но влакна имам премногу на места кај што не треба да имам. Прв пат направив ласер во Силуете, само на лице. За болката или непријатноста нема да коментирам, повеќе ми беше маката што после ласерот треба да се пазиш, па да не се шминкаш некое време итн. Влакната ми се вратија за 3-4 месеци дупло повеќе. После неколку години направив ласер во друг салон на лице и цело тело. Од тогаш можам да кажам дека нозете ми се океј еве трета година, имам 10% влакна. Интимата катастофа, одма се вратија, исто и лицето. Лицето ми е најголем проблем бидејќи се многу јаки и црни и еден ден не можам да се оставам без чупање и корнење. Е сега како што кажав дека си имам проблем, јас иако знам дека не е трајно, морам да правам ласер бидејќи не се трпат влакната, подкожни исто - барем за тоа многу ми помогна ласерот да не ми се прават подкожни. Сега пак планирам да правам само лице и интима, другото мање битно. Имам многу влакна и на брадавиците, црни , јаки што нема шанси да "не ги чепкам". Моментално ги чупам и преку глава ми се бидејќи почна од едно дупче две да излагаат. Се распрашав и ми рекоа дека може и таму да се помине со ласер, но некако ми е шубе.. Дали некој има правено таму?