Здраво, девојки! Барав ваква тема, никаде не можев да најдам. Колку кај нас се применува трајната шминка? Дали некој имал искуство да сподели? Каде има и колку се движат цените? Знам дека се прави на очи, усни и веѓи и баш е убаво да знаеш дека имаш секогаш креон, и нема да ти се размачка Еве вака некако изгледа:
Мислам дека го има по некои козметички салони, ама не сум 100% сигурна. Имам пријателка од Јужно Африканска Република, си има направено и тоа зо 80 долари од прилика, на очите. Многу убаво изгледа, секогаш личи средена, без оглед дали е на плажа или станала од спиење. Преубаво!!! Еве повеќе информации: http://www.idividi.com.mk/stil/woman/719328/
Мене овој тренд воопшто не ми се допаѓа, безвезе е... Не сакам да бидам иста секогаш- и на плажа, и кога ќе станам од спиење (не би можела да се гледам во огледало секој ден со шминка, а покрај се иста). Прост пример- кога ќе излезам во тренерки и патики на кеј никако не би сакала да имам било каква шминка на мене, преку ден ставам само римел и сјај, за излегување туш, некогаш сенка... Трајната шминка е веројатно најнепрактичното нешто за кое досега сум прочитала Единствено средување на веѓите е одлично, секогаш ќе изгледаат природни и средени.
Интересно, ама сепак можеби и тоа штетии како што штети и природното ставање на шминка. Добрата работа на ова е што можеш да го ставиш да го носиш било каде, но лошата работа е што не можеш да го извадиш кога ќе ти здосади. Сепак не би се одлучила на ваков чекор, не ви треба шминка за да изгледате убаво нити пак некој да ве сака, вие и така сте природно прекрасни.
Единствено ова со веѓите би го направила. А за другото јас имам мерак сама да земам да експериментирам, сама да се шминкам.
Во принцип со трајна шминка на очите се прави линијата ја цртаме со туш или креон. Е сега, нели тоа лесно се прави и без трајна шминка, земаш креон и за една минута средено. Ама поентата е што линијата ќе си постои секогаш, без да се размачкува, и слично. И мене на почеток ми личеше безвеза тоа, ама кога видов како на мојата пријателка секогаш и личат убави очите, оцртани, без размачкување и слично, се заинтересирав. Исто и за устата. Може да се направи само линијата како со моливче, а може да се избои и цела уста. Јас би направила некоја бледо црвенкаста боја (само си правам филмови, којзнае дали ќе направам некогаш), за да ми личи устата убаво секогаш. Зошто јас имам бледа уста. И би си направила една тенка црна линија над окото, и малку под окото. Нежно за да може да личи убаво во секоја пригода. А сенки би си ставала сама
Порано моја другарка мислам дека во Силуете правеше . Ама ќе и ги земеа парите и наместо за цела уста, ќе и нацртаа само линија...многу беше лута.Јас не ја препорачувам трајната шминка
Не би го направила ова чудо, што ќе ми е трајна шминка, боже боже.... Па јас уживам во шминкањето, а не да сум постојано нашминкана и тоа со иста шминка, како барбика. Поголема глупост од ова, амин.
Ваквата шминка ми е тешка, ноторна глупост. Едно што ќе ми здосадат истите црти цело време, второ од стравот што досега 3-4 пати ме шминкале други и никогаш не ми погодиле ко што сум побарала т.е. сум била ко ракун околу очите + ко циганкана Савета со некои шкљ кармини, па со ова мислам ко drag queen ќе изгледам. Во теретана има една жена со трајна и смешно делува кога ќе се испоти, а шминкава не мрда, мада тука игра улога и фактот дека тоа е мнооогу лоша, нападна шминка т.е. црвеникави усни и уште поцрвеникави образи кога ќе се измори. И самата е свесна, ама ја платила околу сто евра, а ќе ѝ требаат уште толку, па и повеќе за да ја поправи штетата. Ноуп, ноуп...фала.
Не би направила вакво нешто. Не поради парите туку поради тоа што не сум некој обожавател на шминка башка глупо би ми било постојано лицето да ми биде исто нашминкано како да не сум го измила со денови и би ми здосадило за 2 дена тоа. Плус тоа одам на школо, ајде утре другден на работа ваму таму и постојано да сум со некој кармин кој се приметува од 10 метари или некоја нападна сенка, нема шанси.
Мене ми се свиѓа...да не се замарам. Јас и онака користам само црн креон за очите,и добро би ми дошло да направам на очите Која е цената, ако некој знае?
Јас би рекла не. И гратис да ми ја прават нема да прифатам, ма под ниеден услов. Сакам да си сум природна а нашминкана само кога треба и колку треба.
Прво, не би се одлучила за трајна шминка, од причина што не знам дали ќе ми ја погодат, второ, сигурно ќе ми здосади една иста шминка, зашто кога се шминкаме сами, сигурно дека секој ден не е до црта и детаљ иста шминката. Трето, и онака сум навикната да се шминкам сама и воопшто не ми е тешко.